Магнетна бура на земјата

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Магнетна бура провоцирана од исфрлањето плазма од Сонцето пред три дена, почна на Земјата, покажуваат податоците објавени на интернет страницата на Центарот за космички временски прилики на американската метеоролошка служба NOAA.

Во моментов индексот „Кp“ кој ја карактеризира геомагнетната активност веќе ја достигна вредноста 6. На оваа скала, постојат 10 нивоа, означените со вредноста од 0 до 3 одговараат на ткн. тивка магнетосфера, вредноста 4 е „возбудена“ и со вредностите (нивоата) од 5 до 9 се означуваат магнетни бури од петта класа.

„На Сонцето пред околу три дена имаше две мали коронални дупки - области со зголемена брзина на соларниот ветар и отворено магнетно поле. Покрај тоа, имаше и емисија на сончева плазма. Токму таа “долета“ сега до магнетосферата на Земјата“, изјави за РИА Новости, шефот на рускиот Центар за космичка временска прогноза при Институтот за терестријален магнетизам, јоносфера и ширење на радиобрановите (ИЗМИРАН), Сергеј Гајдаш.

Според него, магнетна бура со индекс Кp = 6 може да се опише како бура со умерена сила. Позначајни пречки во магнетосферата во блиска иднина не се очекуваат, но на 3-ти март може да произлезе и посилна бура.

Од 2000 г., на Земјата се регистрирани 12 магнетни бури на повисоко петто ниво, коишто доведоа до пречки во енергостистемите, исклучувања на радио-врските и појава на поларната светлина – Аврора, забележани до Екваторот. Последната бура од петто ниво се случи на 11-ти септември 2005 г. Во последниве години, Сонцето беше во фаза на рекордно долго време на минимум активност и сончевата активност сега полека расте.

Извор точка + повеќе сајтови
 
Што поточно означува ова "пречки во енергостистемите"?
 
Влијанието на големите геомагнетна бура се проценува дека биде 2 илјади милијарди долари. Соларната бура може да доведе до нарушување на нашата технологија и комуникациска мрежа. Имаше некои извештаи дека бранот на електрично наелектризирани гас кои патуваат со брзина од пет милиони милји (8 милиони километри) на час се причина за ситни прекини на комуникацијата. http://www.smartplanet.com/technolo...impact-to-katrina-could-cost-2-trillion/6899/

Ваквите соларни бури се случуваат на околу 11 години колку што трае Соларниот циклус. Една ваква бура во 1989, предизвикала колапс на енергетскиот систем на Квебек.

--- надополнето ---

Што поточно означува ова "пречки во енергостистемите"?

Самата соларна бура е електромагнетна, што значи дека се исфрлаат електрични честички и плазма, пропратено со силна флуктуација на магнетното поле на Сонцето. Ова дејствува на магнетното поле на Земјата кое е почнува да флуктуира. Во секој проводник кој се наоѓа во променливо магнетно поле се индуцира струја, на тој начин се произведува струја во електраните. Кога во високонапонските далекуводи ќе се индуцира оваа дополнителна струја, тоа може да доведе до преоптоварување на системот.
 
Делува тоа на некој начин штетно на човековиот организам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom