Ај сеа да ти објаснам можеби ќе ме разбереш.
Анаболите го имитираат тестостеронот (тоа е машки полов хормон кој прави мажите да се тоа што се)
Тестостеронот го има во организмот во определени граници за кои се смета дека се нормални и тој варира во текот на денот во рамките на тие граници.
Човечкиот организам има систем кој го регулира тестостеронот да не се симнува или покачува надвор од нормалните граници.
Кога тестостеронот е вештачки покачен во организмот (во случајов со стероиди) организмот како контра мерка почнува да не произведува тестостерон, Кога тој системот за производство на тестостерон не работи подолго време, тој почнува да ја губи својата функција и на крај да доведе до невозможност да произведува тестоостерон за потребите на организмот што доведува до состојба наречена хипогонадизам и дури тогаш веќе злоупотребата на стероиди преминува во употреба пошто организмот од здрав веќе преминал во состојба на болест.
Кога тестостеронот ќе го изгуби системот за регулација, доаѓа до неконтролирано варирање на неговите граници што се изразува во депресија кога е на ниско ниво, слабост, апатија, мисли за самоубиство, импотенција.
До манија и еуфоричност кога е на високо ниво, невозможност да се согледа реално ситуацијата, илузии.
Си видел некои од овие спортисти (со исклучок на тие што "се повредени" и ги нема подолг период во спортот) да има огромни мускули?
Доколку не се земаат за еден месец, на допинг тестот нема да се детектираат стероиди.
Да почнеме со ред.
Фала за информацијата, сподели за другите што не толку се разбираат да дознаат нешто повеќе за стероидите, од медицински аспект.
По користење на циклус (жаргонски кажано, "шема"), се користи таканаречен PCT (post cycle therapy), со цел да се врати произведувањето на природното ниво на тестостерон во нормала, т.е во првичната состојба. Една од средствата кои се користат за враќањето на природното лачење на тестостеронот, е HCG. Веројатно си слушнал што е ова, ова не е стероид, туку природен пептиден хормон кој се развива преку плацентата на бремена жена, за да се контролираат хормоните на жената за време на бременоста. Истиот може да се најде во мокрачата на бремената особа. Целта на овој хормон е исто така, да ги врати во нормала, смалените тестиси, кои се смалиле за време на циклусот, во нормала, затоа што тие доколку би останале во таа состојба, може да атрофираат, и да личноста да остане стерилна.
Друг препарат(суплемент) кој се користи за оваа намена, се вика Tribulus terestris, кој со векови се користи во народната медицина како диуретик, антисептик за регулација за работа на црниот дроб, бубрезите, и кардио васкуларниот систем. Докажано е дека Трибулусот драстично го зголемува нивото на хормонот LH. Кога се зголемува нивото на LH настанува биохемиски сигнал до тестисите и ги тера на зголемена продукција на тестостерон.
Губењето на системот за регулација на тестостеронот, може да им се случи само на оние кои не се доволно упатени во овие работи. Често до овие опасни хормони стигаат рацете на неинформирани луѓе, малолетници - на кои воопшто не им е потребен, затоа што во тие години, 17-18-19-20, нивото на природен тестостерон е до плафон, т.е достигнува максимално ниво, во животниот век на еден маж.
Инаку, не е единствената цел на стероидите за "пумпање мускули", људски кажано. Тие помагаат за подобрување на перформансите на спортистите, т.е зголемена издржливост, зголемена снага, во моменти кога човечкото дело се носи до граници на речиси невозможно. Незнам некогаш дали си се занимавал со спорт, јас се занимавам од 6 години, со многу спортови, за на крај да завршам со бодибилдинг, 3 години веќе. Има тренинзи, поготово кондициони, каде што едноставно телото не ти дава повеќе да го форсираш, како нозете да ти се пресекуваат, и нејќат повеќе да трчаат...јас имам повраќано на тренинзи од напор. А јас, ќе речам тоа биле тешки тренинзи, аматерски. А какви се оние на професионалните атлетичари, боксери, бодибилдери, фудбалери ? Со користењето на AAS, телото се носи на една скала погоре од својот максимум.
Инаку, многу ми е смешно кога луѓето толку многу фрлаат вина на стероидите, како да се толку луѓе во светот загрозени, и умираат секој ден. Сите што користат AAS, имаат некоја цел. На повеќето им е од чисто "козметички" причини, да изгледаат поубаво, на некои за да ги подобрат своите перформанси во спортот на кој се имаат посветено. Јас немам слушнато, за некој човек, да користи стероиди, и да лежи дома и ништо да не прави. Типична ситуација : Дечко, "набилдан", изгледа фит, невообичаено, се шета со девојката по улица, и луѓето, случајните минувачи, најчесто мажите, ќе го погледнат, и во себе, ако на никој друг, ќе си речат: " Види го овој, којзнае што зима, се боцка гарант, и ја да зимав све тоа што зима он, ќе бев таков...". Иако во длабоко во себе, пати да изгледа така, од колку да има стомак до колена, и да лежи секоја вечер до 4 саат сабајле пред телевизор, грицкајќи кикирики, и пиејќи пиво.
Луѓето ги занемаруваат алкохолот, дрогата, цигарите, знаејќи дека тие се поштетни. Јас ја обожавам статистиката како наука, со неколку бројќи, се решаваат многу дилеми

. Да си поиграме малце малце со бројчиња. Ќе ја земам Америка, како една од најголемите држави во светот, со највеќе жители. Според CDC ( Center for Disease Control ), во Америка, годишно од цигари умираат 435.000 луѓе. Од алкохол, годишно умираат околу 75.000 луѓе. А од
ЗЛОупотреба на стероиди ? Ај погоди

. Дури 3.
Стероидите се појавуваат и во една друга статистика; Emergency room visits ( Итна служба, итни случаеви). Оваа статистичко истражување е спроведено истотака во Америка. На пиедесталот, или на 1вото место, на итни случаеви, се наоѓа алкохолот. На 2рото место се наоѓа кокаинот. На 3тото место се наоѓа марихуаната. Мора да се наоѓаат во топ 10 нели ? Не баш...топ 25 ? Ноуп. топ 100 ? Се наоѓаат на далечното 142ро место...неколку места ПОСЛЕ мултивитамините (т.е итни случаеви од предозирање со витамини).
Докторе, како што можеш да видиш , стероидите и не се баш толку како што ги замислува(те)ме, нели...

. Кај нас е проблемот менталитетот, стравот од непознатото, и затоа се фрлаат етикети врз луѓето што сакаат нешто невообичаено да пробаат...За крај само. Јас не одреков дека стероидите немаат сериозни закани по здравјето, како што е зголемен холестерол, акни, намалување на тестисите, кои може да доведе до стерилност, опаѓање на косата, трајно оштетување на црниот дроб( од оралните стероиди) итн итн. Но сите овие се реверзабилни по престанување на употреба на AAS(стероидите).