Ерик Џекмејн (19) од Индијана, САД, на едноставен начин створи зрак кој топи и челик. Ерик, залепил 5.800 мали огледалва на чинија од сателитска антена, кои рефлексијата на светлината ја концентрираат во точка од еден сантиметар.
Топлината толку многу се зголемува, што тој зрак поминува низ речиси секоја материја која не е добар проводник на топлина.
Топлината која ја развива апаратот наречен „Р5.800 соларен смртоносен зрак“ е 5.000 пати поголема од сончевата која стигнува на Земјата.
Своето видео го постави на „Youtube“ со што предизвика големо внимание.
„Дупнав мала дупка на чинијата и залебив дел од пластична цевка на задниот дел. Светлината поминува низ дупката и паѓа на провидната пластика на крајот на цевката. Се што требаше да направам беше да ја свртам чинијата и да означам точка. Се додека метата не спроведува топлина премногу прзо, зракот ќе ја стопи секоја материја и ќе помине низ речиси секој материјал“, напишал Ерик на „Youtube“.
Само мал дел од сончевата енергија која стигнува на Земјата е доволен да ги задоволи нашите потреби од енергија, а секоја минута стигнува доволно енергија која може да ги задоволи потребите за цела година.
Сепак, за жал, изумот на Џекмејн е потполно уништен во пожар кој избил во оставата.
„Да речеме, апаратот изврши самоубиство. Носачот потполно се стопи додека стоеше во оставата“, вели Ерик.
Сепак, тој не застанува тука. Нова цел му е сличан апарат, на кој планира да нареди дури 32.000 огледалца.