Тинејџер створи смртоносен зрак

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ерик Џекмејн (19) од Индијана, САД, на едноставен начин створи зрак кој топи и челик. Ерик, залепил 5.800 мали огледалва на чинија од сателитска антена, кои рефлексијата на светлината ја концентрираат во точка од еден сантиметар.
Топлината толку многу се зголемува, што тој зрак поминува низ речиси секоја материја која не е добар проводник на топлина.

Топлината која ја развива апаратот наречен „Р5.800 соларен смртоносен зрак“ е 5.000 пати поголема од сончевата која стигнува на Земјата.

Своето видео го постави на „Youtube“ со што предизвика големо внимание.

„Дупнав мала дупка на чинијата и залебив дел од пластична цевка на задниот дел. Светлината поминува низ дупката и паѓа на провидната пластика на крајот на цевката. Се што требаше да направам беше да ја свртам чинијата и да означам точка. Се додека метата не спроведува топлина премногу прзо, зракот ќе ја стопи секоја материја и ќе помине низ речиси секој материјал“, напишал Ерик на „Youtube“.

Само мал дел од сончевата енергија која стигнува на Земјата е доволен да ги задоволи нашите потреби од енергија, а секоја минута стигнува доволно енергија која може да ги задоволи потребите за цела година.

Сепак, за жал, изумот на Џекмејн е потполно уништен во пожар кој избил во оставата.

„Да речеме, апаратот изврши самоубиство. Носачот потполно се стопи додека стоеше во оставата“, вели Ерик.

Сепак, тој не застанува тука. Нова цел му е сличан апарат, на кој планира да нареди дури 32.000 огледалца.
 
Ова не беше идеја на тој чуден старец Архимед? Мислам дека негова идеја беше :)
 
Ова не беше идеја на тој чуден старец Архимед? Мислам дека негова идеја беше :)

За да се спасат пристаништата од непријателските бродови.
Чива идеја незнам беше тоа.

Оваа појава е ништо ново, МитБастерс го направија ова од пред 2-3 години во нивната емисија.
Многу посмртоносни зраци има од ова.
 
Да, никој не веруваше дека Архимед успеал во тоа, и тие педерчината мит бастерс кажаа дека е невозможно демек - мит бастед(колку што се сеќавам). Иако стара идеја алал да му е на малиот за трудот и упорноста, секоја чест.
 
Аееееј, ама смртоносен... :pos2: Нашите новинарчиња...
Во Африка вакви сферни огледала користат за готвење веќе со децении...

Теоретски, доволно големо сферно огледало може да се користи и во војна за разорување на непријателот....
 
и одма Американциве ќе создадат тенкови наречени Призми (инспирирани од Ред Алерт ) :pos2:
 
images

vajra-2006-1.JPG

IMG_0557%20copy.JPG

--- надополнето ---

и одма Американциве ќе создадат тенкови наречени Призми (инспирирани од Ред Алерт ) :pos2:

А бе теоретски то е можно. Само на крајот, зракот треба правилно да се насочи...
Инаку теоретски и тесла тенковите се можни. :)
 
А бе теоретски то е можно. Само на крајот, зракот треба правилно да се насочи...
Инаку теоретски и тесла тенковите се можни. :)
Теоретски е можно. Оптиката е наука која ги изучува сверните огледала, нема ништо чудно тука.
Нејсе, ефектот се постигнува и со едно огледало, ако го насочиш правилно.

Теоретски, и магнетен топ беше само мит....
 
Точно, но кај ова со сферните огледала има еден проблем. Фокусот. Местото каде што се собира сета енергија (сите зраци).
Фокусот секогаш се наоѓа на точно определено растојание од огледалото, така да не може да гаѓаш цели на различна далечина. Впрочем не можеш да погодеш ништо... Евентуално треба да чекаш непријателот да се приближи од одредена точка (фокусот) и тогаш да биде уништен...

Тоа лесно би било решливо со флексибилно огледало кое го менува обликот...
Потоа, може да се направи со леќи зраците кои паѓаат во фокусот да патуваат во еден зрак...

Но за да го пробие противничкиот тенк, ќе биде потребна голема енергија, т.е. огледало со поголема површина, што пак може да биде лесна мета за непријателот... Плус секогаш треба да биде сончево...
 
Ова не беше идеја на тој чуден старец Архимед? Мислам дека негова идеја беше :)
Да, а пробаа да го остварат тоа од митбастерс ама без успех, каде потфрлија тие а каде успеал овој незнам ;D
 
Да, никој не веруваше дека Архимед успеал во тоа, и тие педерчината мит бастерс кажаа дека е невозможно демек - мит бастед(колку што се сеќавам). Иако стара идеја алал да му е на малиот за трудот и упорноста, секоја чест.

Педерчињата докажаа е невозможно да се запали цела флота на бродови со "смртносниот зрак" затоа што тој има само една единствена точка во која може да го впери зракот и да предизвика оган. Додека пак тоа е невозможно да се изведе и да се запалат бродови кои се движат низ вода, сигурно бродовите нема да стојат мирно во морето и да чекаат да бидат запалени. Плус, докажаа дека во тоа време, кога живеел Архимед немало вакви огледала какви што ние денес користиме. Крај на приказната!
 
Точно, но кај ова со сферните огледала има еден проблем. Фокусот. Местото каде што се собира сета енергија (сите зраци).
Фокусот секогаш се наоѓа на точно определено растојание од огледалото, така да не може да гаѓаш цели на различна далечина. Впрочем не можеш да погодеш ништо... Евентуално треба да чекаш непријателот да се приближи од одредена точка (фокусот) и тогаш да биде уништен...

Тоа лесно би било решливо со флексибилно огледало кое го менува обликот...
Потоа, може да се направи со леќи зраците кои паѓаат во фокусот да патуваат во еден зрак...

Но за да го пробие противничкиот тенк, ќе биде потребна голема енергија, т.е. огледало со поголема површина, што пак може да биде лесна мета за непријателот... Плус секогаш треба да биде сончево...
Полека ќе идеме и до иднината во воената технологија, ама ако, некогаш е потребно да се шири знаењето.
Прв болд: Флексибилно огледало, точно. А може и со сет од повеќе огледала, поврзани едно со друго со механизам за движење, кинематски систем,...
Втор болд: Голема енергија во денешно време и не е нешто што тешко се добива, иако секој ден слушаме дека се помалку и помалку има. :) Ќе ти текне за ова, да не шпекулираме предвреме.
Трет болд: Сончево... Соларна енергија, ама светлина де, во иднина за воена технологија нема да биде потребен надворешен извор на енергија (иако е неопходна за живот), ами ќе се користат и вештачки извори... Аиии, абе термална може да се користи и со трансформација во механичка и после да се прави светлосна. Се помали и помали стануваат "машинките" за трансформација.

Зошто постов ми е за воена технологија? Немој да помисли некој дека ќе се дозволи употребата на вака солидни системи за домашна употреба? Можеме само да сонуваме дека сами ќе си произведуваме енергија, додека државните органи наметнуваат манипулација со моментално интегрираните системи.
 
Fuck burning ants, with this shit u can burn deers. :tv:
 
Педерчињата докажаа е невозможно да се запали цела флота на бродови со "смртносниот зрак" затоа што тој има само една единствена точка во која може да го впери зракот и да предизвика оган. Додека пак тоа е невозможно да се изведе и да се запалат бродови кои се движат низ вода, сигурно бродовите нема да стојат мирно во морето и да чекаат да бидат запалени. Плус, докажаа дека во тоа време, кога живеел Архимед немало вакви огледала какви што ние денес користиме. Крај на приказната!

Ајде сега конспириси теори:) А што ако веќе тие биле насочени кон бродовите само чекале момент да се доближат до критичната точка...сигурно не биле брзи како денеска и сигурно не претпоставувале дека некој луд старец ќе добие уште полуда идеа :) - ете конспириси :) . А кој докажал тоа за огледалата?

П.С. како и да е, за тоа време имал човекот одлична идеа, т.е. му работел бојлеро...
 
Ретардирано американче..... не му текнало да си купи едно сферно огледало, тој кутриот се мачел да лепи 5000 и кусур огледалца......абе како само не го мрзеше да ги сече па лепи парчињата.....

... овој изгледа дома многу им досаѓал па неговите за да го мавнат од себе му дале занимација да си лепи стакленца....

а овие нашиве новинари кој од кој понеписмен кога се во прашање работи кои не ја тангираат политиката....:pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom