„Нахил Инвест“ измами огромна бројка на македонски граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Знам дека има тема за Нахил и за работата во Дубаи, но мислам дека ова заслужува да се издвои за во посебна тема, како важна вест.
Ако модераторите помислат дека треба да биде споена со претходната, еве го линкот од другата тема:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?52029



Значи, веста е оваа:

Тројца македонски граѓани во Дубаи се и без храна и без пари, но не успеваат ниту да си ги земат пасошите за да се вратат во земјава.

Тројцата се последните од групата која босанецот Денис Чоковиќ преку неговата „Нахил инвест“ ги однесе во емиратите откако му платија по 400 евра.

Чоковиќ последен пат го виделе кон средината на декември тврдат дека избегал за Сингапур не им исплатил ниту цент за двомесечната работа на една зграда, а кога му побарале пари им се заканил дека ќе ги убие.

„Не ни ги дава пасошите, не ни дава карти, секој ден викаат утре, утре. Веќе толку време ништо не работиме и тоа време што го работевме, овие два месеци не сме платени ништо“, вели Панче Доганџиски.

Покрај тројцата Македонци со нив се уште двајца Босанци и еден Русин. Најпрвин од агенцијата „Фама“ од емиратите им рекле дека пасошите ќе им ги дадат со карта до Истанбул, но од тоа нема ништо.

Амбасадата во Катар недостапна за Македонците. Пред неколку дена нашите стапиле во контакт со заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров.

„Вика нека ви пратат пари од дома, да си дојдете. Викаат дека можат само околу пасошите да ни средат, документи за да можеме да излеземе од државата“, додава Доганџиски.

Во МНР кратки и за А1 Телевизија потврдуваат дека можат за пасошите да излезат во пресрет но, не и за плаќање на патот на тројцата Македонци од Дубаи до Скопје.

Особено не можат да реагираат за тоа што работниците не земале пари за сработеното.

„Нахил Инвест“ измами огромна бројка на македонски граѓани.

Им наплати по 400 евра за виза. Од нив мал дел, оние што многу му веруваа на газда Чоковиќ заминаа на работа но, по еден месец разочарани и без пари се вратија во земјава.

По измамникот Денис Чоковиќ распишана е меѓународна потерница.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132926
 
Се надевам дека работниците ќе се вратат дома безбедно,а за Денис само ќорка по кратка постапка.
 
Кај шо е сир0машна државата криминалот цвета.
Како не се отвори една државна агенција па после да се средува за работа, пу да ти се мочам во државата глупа шо живејме.
 
Чекај..отидоа ли некои во Дубаи.. со кој памет човече..што да кажам незнам, крива е државата ...најмогу она..жал ми е за луѓето
 
Чекајте луѓе нашата власт се увежбува на нашите македонски стопански криминалци .
Кога ќе се навежба и кога ќе го потфати Денис ќе видите вие тогаш спектакуларно апсење .
 
Чекај..отидоа ли некои во Дубаи.. со кој памет човече..што да кажам незнам, крива е државата ...најмогу она..жал ми е за луѓето

Епа тоа е тоа:toe:Потрага по работа и подобар живот за семејството наишле на трнлив пат,тугината пуста да остане.
 
Имам запек, крива е државата.

Неки правеа инспекција, влезе колку што паметам финансова инспакција...и ништо сомнително не пронајдоа,ДЕМЕК! А после месец и пол збришаа од канцеларијата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom