We Have Snow - Попова Шапка (за љубителите на снежните спортови)

  • Креатор на темата Креатор на темата WeHaveSnow
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 декември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Почитувани членови, би сакал да ви ја претставам страната на Планинарскиот Дом Конак - Попова Шапка. На страната може да се информирате за моменталните временски услови на Попова Шапка, информации за скијачкиот центар, а наскоро (од 01.01.2011) и live camera од Попова Шапка.

www.saraski.com.mk

Facebook Fan Page

Сите критики и сугестии што би сакале да видите на страната се добредојдени.
 
- Едно возење: 200 денари
- Полудневен: 600 денари
- Дневен: 800 денари
- Седмодневен: 4.800 денари
- Сезонски: 12.000 денари

We Have Snow! Do You Have Money?

Сериозно бе, што е ова, Аспен? Ѕирнете цени во Банско Бугарија. Освен ски-карта, за овие пари ќе добиете и сместување, џакузи...
 
Колку само претерано скапи се цените... исто и Шапка и Маврово.. замишљаваат ко Вал ДИзер да се ..:kesa:
 
We Have Snow! Do You Have Money?

Сериозно бе, што е ова, Аспен? Ѕирнете цени во Банско Бугарија. Освен ски-карта, за овие пари ќе добиете и сместување, џакузи...
Па и во Банско не е нешто евтино... 25 евра дневна карта за студенти. Ама па има понуда тие што се сместени во хотел Кемпински (кој btw е со 5 ѕвезди) добиваат бесплатни карти.
 
Па и во Банско не е нешто евтино... 25 евра дневна карта за студенти. Ама па има понуда тие што се сместени во хотел Кемпински (кој btw е со 5 ѕвезди) добиваат бесплатни карти.

Направи споредба што добиваш таму за 25 евра, а што тука за 15. Од сите терени на Шапка САМО Церепашина вреди и тоа АКО ја погодиш да работи. Последниот пат кога бев се јавивме да прашаме дали ќе работи пред да тргнеме за да не ни биде џабе патот и ни кажаа дека ќе работи. Купивме дневни карти што се 800 денари, првите саат ипол работеа само 3 ски лифтови, не работеше ни жичарата зошто немало доволно гости (а ние што плативме дневна ски карта за се кој не ебе), а на почетокот на првиот ски лифт имаше огромна дупка што не беше идеално баш за сноу борд. После 2 саати отидовме да прашаме кога ќе ја пуштат Церепашина и ни дечките што работеа таму ни дадоа многу добар одговор: „Нема да ја пуштаме Церепашина, човекот што работи на неа има слава и нема да дојде на работа“, а 2 саати пред тоа ни кажаа дека ќе ја пуштат... Ај и тоа ок ама после 3 саати скијање стазите што работеа беа мизерија зошто снегот не беше убаво натапкан пред да ги пуштат... На крај испадна да одиме во Тетово и да јадеме скара после тие 3 саати и фрлени 1200 денари на ништо. Е сега вреди ли јас дадам 15 евра + патни трошоци за да одам да скијам на терени што МОЖЕБИ ќе работат и на стази што МОЖЕБИ им текнало убаво да ги натапкаат... И да не ја заборавам гужвата што е преку викенди, работат 2-3 стази (најчесто Аеродром и Гето) Аеродром се пуша за минута-две + Гето за уште толку, се симнуваш доле на жичара и чекаш по 30-45 минути ред на жичара и уште 10 минути на ски лифт, згора на тоа како чекаш и се ладиш гледаш пред тебе како влегуваат дечишта преку ред... Искрено подобро на Маврово ќе дадам 1100 денари бар ќе се изнаскијам за тие пари колку толку него да ги дадам на Шапка или уште подобро на Кожуф, ако не ви е мака да возите до Кожуф за одприлика 20 евра (скир карта, пат и храна - од Скопје) по човек ако сте 4-5 души во кола ќе се утепате од скијање на убав снег, убави стази и брзи жичари/ски лифтови. Моментално Кожуф е далеку пред другите ски центри во Македонија, а Шапка е според мене најлошиот од трите(штета зошто има огромен потенцијал да биде еден од најдобрите ски центри на балканов). Реална вредност на кратите за Шапка се 400-500 денари дневна и 300 денари полудневна според тоа што го нудат.
 
^ Ова збориш за годинава ?
 
Реална вредност на кратите за Шапка се 400-500 денари дневна и 300 денари полудневна според тоа што го нудат.
Ееее златни времиња порано кога беа 300 денари дневни карти...
 
Ланската сезона те. 2010 јануари месец беше ова мислам.

Затоа ми падна чудно, мислам дека сознава далеку поподготвени се отколку претходно. Сите ски лифтови работат и стазите редовно се одржуваат, уште да беше у функција жичарата Тетово-П. Шапка ќе беше одлично.
 
Доста одамна... Пред времето на конфликтот.

Не сум скијал тогаш :(

Затоа ми падна чудно, мислам дека сознава далеку поподготвени се отколку претходно. Сите ски лифтови работат и стазите редовно се одржуваат, уште да беше у функција жичарата Тетово-П. Шапка ќе беше одлично.

Што знам секоја година викаат дека се подобри али секоја година наоѓаат начин како да те разочараат. Шапка ми е крајно не сериозен ски центар така да ќе треба доста да ме убедат да одам таму на скијање.
 
We Have Snow! Do You Have Money?

Сериозно бе, што е ова, Аспен? Ѕирнете цени во Банско Бугарија. Освен ски-карта, за овие пари ќе добиете и сместување, џакузи...

Koлку само си во право. Иста песна со летната сезона.Ама ај тоа друга тема.
Едноставно кај нас луѓето се алчни сакаат да заработат преку ноќ, прост пример еднаш Здравко Чолич коа дојде на плоштад трафиките Кока Кола 0,5 продаваа 90 денари. Една сендвичара да почнат да имаат работа по две недели цените дупло ќе ги напраи И ЌЕ ПРОПАДНЕ.

не се праи така ни туризам ни бизнис бе луѓе.
Во Банско има хотели со доручек и вечера шведски стол да се убиеш од јадење со триста луксузи да не спомнувам сеа, ќе ти дојде цената горе долу исто колку во нашите мизерни услови.
 
Имаше понуда за пат, смештај и ски карта за во Франција во не ми текнува кој ски центар се на се некои 270 евра за 7 дена, така да ако направиш пресметка тоа се некои 17 000 денари и не зборувам за трето класни хотели или ски центри туку убав хотел и ски центар 10 пати подобар од сите наши споени заедно, со профи сноу парк со се. Е сега ти ако отидеш на Маврово или шапка каде смештај по човек е одприлика 2000 денари по ден (7 дена по 2000 денари ти се 16 000), + 7 дневен ски билет на Шапка е 4800 (на Маврово е повеќе, околу 6000) тоа ти се 20 800 денари на Шапка (или 22 000 денари на Маврово) ИЛИ ~17 000 денари во Франција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom