- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Македонија и Турција потпишаа договор за воено-финансиска соработка
петок, 24 декември 2010, 12:31
Македонија и Турција денеска потпишаа Договор за воено-финансиска соработка. Со договорот се превидува Турција во наредната година да и донира на Македонија воена помош по избор на земјава во износ од околу милион американски долари.
Покрај тоа, турскиот минисетр за одбрана Веџди Ѓонул, кој заедно со делегација на Министерството за национална одбрана престојува во дводневна официјална посета на Македонија, денеска во Техничкиот ремнотен центар ќе предаде и донација за потребите на АРМ во вредност од околу 253.000 долари.
Ѓонул по потпишувањето на договорот истакна дека и покрај тоа што Македонија и Турција немаат заедничка граница, турскиот народ ја чувствува Македонија како најдобар сосед.
Тој посочи дека од неговата прва посета на земјава во 2004 година Македонија напреднала многу на полето на одбраната и на демократијата.
- Денешново потпишување на договорот е чекор напред за воспоставување соработка на повисоко ниво на веќе постојната извонредна соработка меѓу двете земји. Било да се работи за воената обука или за соработка на полето на одбраната, соработката ќе продолжи и ќе се зголеми особено на полето на одбранбената индустрија, рече Ѓонул.
Турскиот министер за одбрана истакна дека неговата земја е подготвена да ги сподели своите искуства со Македонија на полето на одбраната, било да се работи на полето на воените стандарди или, пак, за воената индустрија. Тој додаде дека македонските војници и старешини покажуваат одлични перформанси во рамки на заедничките мисии. Ѓонул го покани македонскиот министер за одбрана наскоро да дојде во Труцрија во возвратна посета.
Македонскиот министер з аодбрана Зоран Коњановски, рече дека воената соработка со Турција почнала од 1993 година, а се интензивирала од 1994 година.
- Годината во која како Министерство за одбрана имавме исклучително важни меѓународни контакти не можевме да ја затвориме меѓународната соработка со подобра средба отколку со нашиот докажан пријател, министерот Ѓонул. Тој не пропушта на ниту една средба на министрите на одбрана на која учествуваме да не побара збор и да не ја поддржи Република Македонија, изјави Коњановски.
http://www.time.mk/read/f97e555a15/4f6c22de5b/index.html