Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Ајдееее почнаа бундесот да го ставаат и пред Премиер :nesvest:
На завршницата од светското од кои лиги на светското имаше највеќе играчи ?
Хинт Премиер не е.

Секоја лига си има свои подеми и падови . Англиската сега има пад. Бундес најголем пробив и во моментот е поинтересна од Премиер.
Знам дека вие навивачите на Манчестер сметате дека сте најдобри во цел свет и дека играте во најтешката лига така да џабе колку и да се пишува.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Не мора ако не мрзиш нас навивачите на Манчестер да пишуваш вакви глупи споредби.

Ти зборуваш за играчи во репрезентации во кои имало или па јачината на клубовите што ја создаваат лигата? Кажи ми кога последен пат се случило сите германски екипи ја да поминат фазата по групи од ЛШ? Освен Баерн Минхен јас не гледам таму институција од клуб. Дури и дискутабилно е да се ставате над Серие А а не па пред Премиер.
 
1. За тебе 4 екипи прават цела лига. Се гледаат сите екипи во лигата .
2. Дали гледаш бундес или ова си го прочитала на гоал.цом?
 
Член од
5 октомври 2010
Мислења
976
Поени од реакции
308
Нормално Премиер и Бундес лигата се најинтересни и никогаш не се знае кој со кого, како ќе одигра, додека во Шпанија Реал и Барса спроведуваат диктатура и никој ништо не им може, што е навистина досадно.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
1. За тебе 4 екипи прават цела лига. Се гледаат сите екипи во лигата .
2. Дали гледаш бундес или ова си го прочитала на гоал.цом?
Па сите екипи во лигата де. Фулам лани стигна до финале на ЛЕ. Овие 4 познативе ја поминаа фазата по групи. Во Германија освен Баерн што направија другите? Портсмут лани веќе испаднат се бореше и одземаше бодови на други екипи.

Не го прочитав на гоал.цом, не се секирај, се гледа секоја сезона до каде стигаат англиските а до каде германските. Манчестер лани играше со шампионот ваш со дваести тим и тоа на нив им требаа бодови па изгубија 3-1. Што друго, какви други клубови од Германија ми спомнуваш освен Баерн? За во Германија може си се компетитивни, за надвор не се.

Еве ти и коефициенти на лигата:

England 81.070
Spain 76.329
Germany 66.936

Во што сакаш да кажеш дека е подобро бундес од премиер? Во најинтересните натпревари со многу голови. Е во тоа може е подобра де, не негирам.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
1. За тебе 4 екипи прават цела лига. Се гледаат сите екипи во лигата .
2. Дали гледаш бундес или ова си го прочитала на гоал.цом?

Значи ако испаѓа според квалитет Бундес екипите да се најизрамнети (ама не израмнети поради големиот квалитет на екипите, туку баш поради тоа што екипите и немаат некој квалитет) и затоа да се рачуна за најдобро првенство, тогаш мислам дека е време да го вклучиме и Македонско првенство. Нормално дека треба некоја израмнетост, али не на ниско ниво.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Премиер лигата, па примера, па бундес. Германската и шпанската се 9 поени разлика, кога ќе отпадне 2005/06 од табелата(годината во која шпанската лига има 10 поени појќе од бундес), бундеслигата ќе дојде на второ место. Англиската е недопирлива. Но, за 3-4 години не се знајт нишо. Со новово правило за финансиски фер-плеј, сите екипи што имаат за сопственик, шеици, нафтени тајкуни и американски корпорации ќе пропаднат.
 
F

fantomX

Гостин
Нема да бидам EPL bandwagoner и ќе речам дека според мене таа е трета лига. Зошто? Еве зошто:

1. Она што сите EPL fanboys ќе го речат за останатите лиги е дека нема конкуренција, демек Примера била 2 клуба, Бундеслига била само Баерн...а што зборуваат фактите? Од оформувањето на EPL, баш таа лига има најмалку различни прваци, помалку и од Бундеслига и од Примера споредено во истиот тој период. Секоја година е или Јунајтед или Челзи, порано се вмешуваше и Арсенал.

2. Бундеслигата има талент. Примера ги има најдобрите фудбалери на светот. Што има ЕPL? Најголема делузија на светот е онаа на англичаните дека нивните фудбалери се всушност добри. ЛОЛ. Пола од првиот состав на Јунајтед не би биле трети резерви во Барса или Реал, а освојуваат кажи-речи секоја година.

3. Конкурентноста на помалите тимови во EPL e поголема. Не, само Барса и Реал се премногу јаки. Погледнете им ги составите, мислите дека еден Блекбурн или Стоук би изиграле подобро од 11-пласираната Севиља која го има првиот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите африкански фудбалери во својот напад? Па и Херкулес ги победи Барса на гостински терен, и Леванте играше нерешено со Реал.

4. Стилот на игра во EPL е подобар. Ова е веќе прашање на вкус. Мене ми изгледаат како коњи без техника. Преферирам техника и добро изградени акции во однос на коњски трки. Доколку веќе не ве бендисува Примера, Бундеслигата според мене има најдобра игра. Редовно си паѓаат голови, не се знае кој е прв кој е последен, огромни таленти што се покажа на СП итн итн.

5. Англиските тимови се најконкурентни во Европа. Затоа што минале групна фаза? ЛОЛ. Се согласувам дека англиските екипи имаат значителен прогрес во Европа, но на крај се гледа само победникот. Интер - Барса - Манчестер. Не гледам доминација. Лани во полуфинале на ЛШ - Барса, Интер, Баерн, Лион. Каде е англиската екипа? Најголем прогрес во Европа има Бундеслигата, а тоа се гледа и по поените кои ги добива.

Има уште милион причини зошто EPL не е ниту прва, а според мене ниту втора лига. Она што се случува е само bandwagon ефект.
Ах, за Сериа А. Тоа е веќе бавна смрт. Ако сакаш да ти изумрат мозочните клетки, седни гледај Сериа А. Единствено што се гледа и слуша е туп-туп-туп кога удараат топка, поради тоа што има едно 5-6000 во публика. Убедливо најслаба лига од 4-те водечки.
Завршно рангирање:

1. Primera
2. Bundesliga
3. EPL
4. Serie A
Одлични поенти, само мислам дека е рано Бундес да оди пред Премиер.

Го знаеш она „има се,може се“?:)
И немој бе Барселона трошела секое лето 100 милиони.Маскерано е привремена резерва.Уште колку време ќе биде резерва,зависи од него највеќе и секако Бускетс.

Како и да вртиш,Барса пак секогаш вади највеќе играчи од младинскиот состав во прв тим.Само оваа сезона Тиаго и Фонтас,догодина можеби Муниеса,Дос Сантос,Бабунски:icon_lol:
Бравос за клуб кој можи да плати преку 20 милиони евра за „привремена резерва“. Ама се е во то првото, „има се, може се“. :toe:

1.Види ја табелата и тоа од 1 до 4 место види колку е бодовната разлика :)
2.У лига на шампиони прехлани имаше у полуфинале 3 од можни 4 екипи од Англија.
3.Се игра најбрзиот , најборбениот,најинтересниот фудбал.
4.У финале од 2005 до 2009 у финале ЛШ имало барем една Англиска екипа,а у 2008 две.Ако не знаеш или не се сеќаваш ќе те потсетам:
2005:Ливерпул-Милан
2006:Арсенал-Барса
2007:Ливерпул-Милан
2008:Челзи-Манчестер
2009:Манчестер-Барса
Плус еден аргумент ти дадов :pos2:
1. Со оглед на одложената победа на Манчестер Јунајтед кај Блекпул, за мене доволно е да видам разлика меѓу првиот и вториот за да ми биди јасно колку само ова НЕ Е „најнеизвесна сезона во историјата!:vozbud:“ на Премиер Лигата.
3. Најбрз да, најборбен дискутабилно, но веројатно исто да. Најинтересен не.
2 и 4. Забореј да ги нсбројш четирите титули на Ливерпул и двете на Астон Вила од седумдесеттите.

Па нормално дека се усраа, у полуфинале мора да играат меѓу себе :pos2:. А финале како финале, се може да се случи. Врска ти нема контрааргументот. И шо ако Барселона го победила Манчестер во финалето, ти по тоа виде дека Примера пред Премиер??? А ако памтиш, малку фалеше да се усере и Барселона со Челзи, ама сите знаеме што се случуваше...
Малку фалеше, точно, фалеше Дидие Дрогба да е светски напаѓач ко шо се вика дека е и поштено да ги реши сите дилеми со искористување на барем една од трите стопостотни шанси. Но тој ни бил, ни е, ни ќе биди светски напаѓач - а се вели дека е најголема ѕвезда на Челзи. Кога тој и Руни се најголемите ѕвезди, кој квалитет бре ми го спомнувате понатаму? :toe:

Ајдееее почнаа бундесот да го ставаат и пред Премиер :nesvest:
Па да, рано е. Ама се оди во таа насока.

Боби[Мкд];3976541 напиша:
Премиер лигата, па примера, па бундес. Германската и шпанската се 9 поени разлика, кога ќе отпадне 2005/06 од табелата(годината во која шпанската лига има 10 поени појќе од бундес), бундеслигата ќе дојде на второ место. Англиската е недопирлива. Но, за 3-4 години не се знајт нишо. Со новово правило за финансиски фер-плеј, сите екипи што имаат за сопственик, шеици, нафтени тајкуни и американски корпорации ќе пропаднат.
Оти бе да пропаднат? Потребни се еден или двајца пријатели и бизнис партнери на шеикот/нафтениот тајкун/америте кои преку разноразни бизниси добиваат големи пари од шеикот/нафтениот тајкун/америте кои пари можат поштено да се внесат во клубот ко спонзорство.
Зошто бе да живеат само клубови-акционерски друштва чии акционери во глобала се големи мултинационални компании? Ко Баерн Минхен на пример. Или тие шо функционираат ко држави зад кои стојат други држави? Ко Реал Мадрид и Барселона на пример.
Шо ти се вика чудни работи значи... :uvo:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Зошто бе да живеат само клубови-акционерски друштва чии акционери во глобала се големи мултинационални компании? Ко Баерн Минхен на пример. Или тие шо функционираат ко држави зад кои стојат други држави? Ко Реал Мадрид и Барселона на пример.

For the record:

Баерн е АД но не е јавно тргувано (значи не е на берза). 80% од акциите се во сопственост на друштвото Баерн (значи Баерн и Баерн АД) а по 10% од Адидас и Ауди - кои се стратешки партнери на клубот. Во превод немаат право да зуцнат за политиките на Баерн - тоа е во целост во доменот на управата (поранешни играчи како Румениге, Нерлингер, Хенес, Бекенбауер итн.).

Тоа е главната разлика - немаат сопственост над клубот странски тајкуни. Стратешки партнери (Ауди и Адидас) едноставно имаат долгорочен пласман на, за нив, слободен кеш во акциите на Баерн. Цената не се прави на пазар (берза) туку се дефинира во преговори. Зависна е највеќе секако од перспективата на клубот - Адидас ги купија нивните 10% одамна (пред некои 7-8 години мислам) за нешто помалку од Ауди кои ги купија сега пред 5-6 месеци.

Значи Баерн е способен сам да се финансира и генерира позитивни финансиски резултати од оператива (билети, спонозрства, мрчедајзинг, фудбалски успеси итн) без потреба некој континуирано да пумпа пари во него за да би испливал од гомна.

Општо во Германија за да може некој да се вклучи посериозно во работата на некој клуб мора претходно да докаже сериозна приврзаност за работата на клубот и тоа мислам дека минимум беше 20 години (значи во превод да е главен спонзор бар 20 години). Примери би биле Баер (Bayer аспирините) и Фолксваген во Волфсбург. Значи не може да дое Абрамович и да си оди на шопинг на клубови. Мора прво да докаже дека е заинтересиран долгорочно во клубот а не е тука само за краткорочно да генерира кеш.​

Тенк ју вери мач :salut:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Бравос за клуб кој можи да плати преку 20 милиони евра за „привремена резерва“. Ама се е во то првото, „има се, може се“. :toe:
Кажано од фан на Челзи.
Во најдобрата ера на Абрамович трошеа по 150 милиони фунти, фрлаа пари на сите страни, се купуваше се и сешто, јас незнам како не тргнаа и оп Величе Шумуликоски. Епа сега малку од страна ќе си посматрате како трошат другите пари. Има се, може се - стварно е таква работава:salut:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
дај не заебавајте кај премиер подобра од бундес...тоа што идат највеќе тимови во лш идат не оспорувам ама цела лига е манчестер, челзи, арсенал и ливерпул може да се каже...другото све тиња, само овие 4 тима коа играат полни се стадионите а за другите до пола едвај...
а во бундес сите тимови се на исто рамниште (може само баерн малце отскокнува) ама сепак натпреварите се интересни, има многу голови, а не во премиер ако играат овие 4 што ги пишав горе се знае ќе тепаат и другото све тиња...1 гол дали ќе падне на натпреварот...
ја за барселона сум ама искрено кажувам :toe:
примера па бетер од англиска...само барса и реал...кој ќе победи во двата натпревари тој зема титула...
 
Н

'Никола'

Да ти кажи чичо нешто. Гледам Бундес уште од чупе и сум фанатик на истата. Ама сепак, фактите говорат, Премиер е над сите лиги моментално. Но не велам дека во иднина тоа не можи да се смени.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Да беа Манчестер, Челзи и Арсенал пред сите немаше да имат 10 киксови од 18 утакмици нели??
 
M

mercenary

Гостин
Според тоа што го пишува, испаѓа дека лигата е најнеизвесна и има највеќе неконстантни екипи а не дека е најдобра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom