Контра аргументи:
1. Оди види ја табелата у Франција или Италија и после дојди и зборувај
2. Прехлани од тие 4 екипи на крај англсикиве се усраа и ја освои Шпанска екипа.
3. Најбрз - Германија, Најборбен - Италија и Шпанија, Најинтересен - може не викам не
Е сега Премиер Лигата во Макеоднија можеби е најинтересна оти така се поставија телевизиите што ја пренесуваа. Се даваа и по 5 утакмици дневно, а од Шпанија се даваат 3 најмногу од кои на две одат Реал и Барса и третата зависи Валенсија, Атлетико Мадрид или евентуално некое дерби.
И да во Примера Барса и Реал летаат напред, ама реално да правиме муабет годинава во која било лига да ги стават овие два тима ќе имаат по минимум 6-7 бода предност пред другите тимовите. Тоа тек ќе се види во ЛШ, оти факт е дека годинава Барса и Реал се несопирливи. Е сега ти можеш да ми кажуваш дека Сандерленд, Њукасл, Бирмингем или незнам кои таму се интересни за гледање и можат без проблем да победат некој од водечката четворка во Англија (ако воопшто постои таа сеуште), ама годинава Арсенал си игра топло-ладно, Челзи дадоа на првите три утакмици 18 гола, ама затоа на последниве 5-6 одвај 2-3 имаат дадено, Манчестер не памтам која година последен пат биле оволку слаби.
За Италија не ни зборувам она си е посебна приказна се виде денеска на 5 утакмици од 15:00 6 гола имаше паднато. Лацио им рушеа комбинација.
А искрено Буднеслигата е една од поинтересните оти на старт на сеозната влегуваат 6-7 екипи со шанса за титулата, па зависи кој како ќе тргне така и ќе си заврши. Па на крај краеви Штудгарт е во зона за испаѓање со само 13 бодови. Моемнтално мене ми е најинтересно да седнам и да гледам Бундес, најотворен фудбал играат, шанси, акции, се и сешто има.
1. Заебете тие табели и разлики меѓу прв и петнаесетто пласиран тим, немаат никаква врска со квалитетот на лигата. Со компетитивноста имаат.
2. И сега заради таа една Шпанска екипа Шпанската Лига е најдобра, а Англиската Лига имаше 3/4 екипи во полуфинале на ЛШ и е послаба?
3. Најборбен во Шпанија?
Брат, барем за тебе знам дека добро го разбираш фудбалот, немој со вакви бламажи.
Баш некогаш од досада седнам и гледам натпревар од Шпанија, тоа не е борбен фудбал затоа што во тек на еден натпревар максимум 3 физички контакти се случуваат меѓу противниците. Еден си трча со топката, двајца трчаат по него, додека не дојде трет и му ја земе, чисто. Исклучок од овие е Меси, кој откако ќе ги пројде првиот и вториот се заебава со третиот, а пред да му појде четвртиот постигнува гол.
И кои телевизии во Македонија пренесуваат фудбал оваа сезона, жити све? И од Италија има 5 натпревари неделно, па јас не верувам дека некој седнува да ги гледа, освен тие што си навиваат за конкретниот клуб. Јас, за жал, имам повеќе другари што навиваат за Интер/Милан и некогаш морам да ги гледам, и воопшто не уживам во тие досадни 90 минути.
Знаеш како е оној вицот... фудбалот е игра каде што 22ца будали маваат една топка. Во Италија не е така. Таму двајца будали трчаат за една топка, 20 будали стојат и ги гледаат. Погледни некој натпревар од Италија, ќе видиш дека е така. Знам дека никој не сака таков фудбал да гледа, ама погледни за да се увериш само. Секако, има исклучоци, како Рома на пример, за која можам да кажам дека игра интересен фудбал. Или пак Фиорентина.
Тие што не гледаат италијански фудбал уште ја немаат почуствувано магијата на фудбалот.
Па тоа бе брааат, кажи им, кажи им за мајсториите на Амбросини, магијата на Адријано, тие прекрасни потези, прекрасни акции...