- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 3.157
- Поени од реакции
- 129
Ова го чув пред некое време од најдобриот другар - и знаеш што? му реков дека има и други опции. Не мора да го вклучи телевизорот за да си го пополни изгубеното време. Има опција - читање книга. Дури има и опција да се зачлени во бибилиотека каде таквиот вид на разонода не би го чинел ни едно испиено кафе во нашиве кафулиња. На тоа овој почна да мрчи демек а зошто да читам книги. На крај му реков може да симне некое филмче (нормално да не го прекачи лимитот, ама аргументот беше - кој ќе симнува....) А за кафиња (нормално од татин/мамин/бабин џеб) одма се тука. Знаеш зошто? бидејќи повеќето кај нас се готовани. Коа им се сака нешто во моментот и ако не им е по ќејф мрчат дека немало или дека не чинело. Да не се разбереме погрешно, јас не ја оправдувам оваа „кампања“ на телевизииве што епидемиски се шири, туку постои и друга алтернатива. Само треба да се има смелост да се превземе.
Сапунскиве серии се претежно наменети за женската популација и главно и на нив мислев кога го пишував постот бидејќи они се пооптеретени со работи во денот што ние за среќа не мораме да ги правиме, мислам на чистења, перења, готвења и еден куп други додатни ситници. На жена од 40 и погоре години во сиромашна земја тешко да и дадеш друга сатисфакција освен да релаксира мозок пред ТВ, не дека не може да чита книга ама пред ТВ баш можеш да пасеш мозок, да бидам директен

За машко што губи време пред ТВ имам само најдолно мислење и додека за жениве имам некакво оправдување зашто ги гледаат (барем кај нас) за мажите немам. Машко треба да е активно во животот, или спорт или работа или нешто да креира. Има што да се прави ама се станати паразитчиња во мозок (за таквите мислам што се легачат и се жалат) и чекаат се да им падне од небо а не паѓа.
И за книга да читаш треба минимум активни мозочни вијуги што за еден „голем брат“ или серија на која однапред и се знае крајот и не мора да се активираат. Седиш и примаш без да мачиш мозок

Намерно сум ироничен
