M
Moon Child
Гостин
Затоа што бројот на невработеност расте и затоа што многу (не)домаќинки седат дома и нема што да прават. Реално ниту А1 ниту Сител ги интересира што ние овде мрчиме, ги интересира да си имаат гледаност. Уште кога ќе чуе народов дека Лисјата паѓаат била според вистинска приказна и се отсликува реалниот(?) живот голем број од народот ја гледа за да на некој начин се пронајде во неа. А од реален ни Р нема. Да не навлегувам сега за секоја серија посебно, јас мислам дека претеризамот со турските серии е поради тоа што погоре го наведов. Кога народот би имал по организиран живот нема да дреме од 18.00 до 00.00 да ги гледа глупостите што ни ги нудат на ТВ. Сител веќе ја отупеа, да можат во меѓувреме да стават и уште една серија и таа да трае по 15 минути меѓу другите. Мислам дека ниту со шпанските серии не беше толку голем наплив.