Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале. Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал: -Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната? Тоа е навистина неверојатно, како успевате? Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната: - После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини... По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата шена беше потполно луд. Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата! Таа, сосема мирно стана и го потапка коњот и тивко прозборе: - "Ова ти е прв пат!" Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот: "Ова ти е втор пат". Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот!
Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми: - Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно??? - Ова ти е прв пат, смирено рече таа. - Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме среќни и се сложуваме... - заврши мажот со својата приказна.
Наравоучение: Гледајте да не добиете два жолти картони затоа што после тоа следува црвен, односно исклучвање, или ако повеќе сакате - елиминација!
--- надополнето ---
Девојката чекаше авион во чекалницата на големиот аеродром. Требаше долго да чека, па одлучи да купи книга како би ѝ поминало побрзо времето за чекање. Заедно со книгата купи и кутија со некои колачи. Седна во чекалницата за да не ја вознемирува никој. До неа беше столицата со колачите, а понатаму еден господин кој читаше весник. Кога девојката зеде едно колаче и господинот до неа зеде едно. Девојката се шокира, но ништо не рече, продолжи да ја чита книгата. Во себе си помисли: "види молим те", да имам само малку повеќе хтаброст досега ќе го удрев...
Секој пат кога таа ќе земеше едно колаче и човекот земеше уште едно. И така сѐ додека во пакетчето не остана само едно колаче. Девојката помисли: баш ме интересира што ќе направи сега. Без размислување човекот го подели колачето на две и си го зеде своето парче.
Е, ова е навистина премногу, си помисли девојката. Шокирана си ги зеде своите работи, книгата, торбата и излезе од чекалницата. Кога малку се смири и откога ѝ помина лутината, седна на место каде немаше никој за да избегне некоја друга непријатна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре. Тогаш ја виде кутијата со колачи. Стоеше во торбата воопшто негибната.
Во тој момент ѝ стана јасно дека кутијата со колачи, иста како нејзината, всушност му припаѓала на господинот кој седеше покрај неа. Се засрами и се почувствува како крадец. Господинот што седеше покрај неа, без шокирање, без нервоза, однесувајќи се сосема нормално, го подели и последното негово колаче со неа. Сосема различно од нејзиното однесување, кога ѝ беа повредени чувствата и гордоста.
Колку пати во нашиот живот сме изеле туѓи колачи, а тоа воопшто да не сме го ни знаеле? Пред да дојдете до погрешен и брзоплет заклучок и пред да помислите нешто лошо, ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ДЕТАЛИТЕ. Многу често ситуацијата не е таква како што ни изгледа на прв поглед !!!