Не ми е јасно дали СЕКОј ќе мора да си го откупува дворот. Познати ми се многу случаеви каде изградиле куќа (пред 20-30 години) на државно земјиште, после ја легализирале куќата но дворот под и околу си останале државни. Тоа беше доста вообичаено од средина на 60 сетите па фати и 80 десетите. Тие луѓе имаат тапии за куќите но не и за дворовите. Кој оградил 20 кој 200 квадрати и така си стоело 2-3 децении. Е сега има и луѓе кои си купиле парцели и на нив подигнале куќи. Значи и земјиштето околу и под куќата е нивно. Тие не би требало да купуваат ништо.
Исто не знам кој е сопственик на земјиштето ПОД зградите. на пример згради правени во СФРЈ мислам дека се сите правени на општрествено (државно) земјиште. Државни (општествени) фирми правеа згради на општествени земјишта. Има многу од тие станови воени, полициски, има работнички каде по фирмите се долелувале станови кои после се отплаќале и откупувале со години... али земјиштето мислам дека беше државно.