Откуп на дворно место

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Што мислите околу можноста што ја нуди Владата во врска со откупот на дворно место, колку во стварност истата ќе се спроведи и дали е изводлива одлуката со оглед на тоа дека вакава слична одлука беше донесена и порано
 
Шо да се мисли...
Поглупа работа не можеше да измислат...
Беше донесена одлука,Уставниот суд најави дека ќе се укини,но останаа упорни од Владата и ја тераат работата до крај...
Мора на секаков можен начин да се наполни празниот буџет нели....:zlo:..
Па уште и даваат ПОПУСТ 1 евро=1м2:ban?:...
Кога на ова ќе се додадат и дополнителните трошоци,еден куп документи кои треба да се извадат-па уште и за земјиштата под зградите ќе наплаќаат..:zlo:...
Па требало да се изработат некои елаборати од градежни инжинери...па уште еден куп процедури..и кога ќе излези на крајот-ќе фати цела работа ЕДЕН КУП ПАРИ....
Пари кои државата непотребно им ги цица на граѓаните...
за нешто за што редовно си плаќале данок,си го одржувале дворот-и накрај излезе дека цела работа била за :bip:еден поголем ТАШАК.....
Значи ем сме плаќале за дворовите....и сега излегува дека тие дворови се на државата....ПА ЗОШТО ТОГАШ ДРЖАВАТА УШТЕ ТОГАШ НЕ ВОВЕДЕ ЗАКУПНИНИ....?ова е добро прашање за кое треба да се подзамислат тие големи правни експерти од владата кои ги предлагаат овие генијални идеи за ограбување на народот...
Па замислете,тој шо нема да си го откупи својот двор до 1 ви јануар-ЌЕ И ПЛАЌА КИРИЈА НА ДРЖАВАТА:ija:...
Па ова го нема ни во Северна Кореја....
Ова е класичен рекет на државата-да плаќаш по 2 паи за работа шо си ја купил кога си ја градел куќата,или во случајот со зградите кога се купувале становите....
Секој коментар на оваа тема е излишен...
Само ќе кажам-НЕШТО Е ПРЕ-ТРУЛО ВО ДРЖВАТА МАКЕДОНИЈА,ако воопшто можиме да се наречиме држава,зошто со вакви неосновани и НЕУСТАВНИ одлучи се урива устваноста на правниот поредок на Македонија...и владата се става на д органот кој треба да го штити уставот-и пред се ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ....:zid:
 
Шо да се мисли...
Поглупа работа не можеше да измислат...
Беше донесена одлука,Уставниот суд најави дека ќе се укини,но останаа упорни од Владата и ја тераат работата до крај...
Мора на секаков можен начин да се наполни празниот буџет нели....:zlo:..
Па уште и даваат ПОПУСТ 1 евро=1м2:ban?:...
И те е*ат у здрав мозок, ти викаат „по симболична цена’’. Ако е симболична, зошто не е 1 денар за квадрат?
 
Груевски Груевски...еве ви го сега Груевски


И нареден пат кога ке излезам на гласање дојди да ми кажеш


и да си кажам ме боли газот ова ебање на владава така да ке бегам надвор од МКД па ако ме ебат нека ме ебат странци
 
И те е*ат у здрав мозок, ти викаат „по симболична цена’’. Ако е симболична, зошто не е 1 денар за квадрат?

Aj дај ми "симболични" 1000 денари , ама да не ти ги враќам,може..???
 
Не ми е јасно дали СЕКОј ќе мора да си го откупува дворот. Познати ми се многу случаеви каде изградиле куќа (пред 20-30 години) на државно земјиште, после ја легализирале куќата но дворот под и околу си останале државни. Тоа беше доста вообичаено од средина на 60 сетите па фати и 80 десетите. Тие луѓе имаат тапии за куќите но не и за дворовите. Кој оградил 20 кој 200 квадрати и така си стоело 2-3 децении. Е сега има и луѓе кои си купиле парцели и на нив подигнале куќи. Значи и земјиштето околу и под куќата е нивно. Тие не би требало да купуваат ништо.
Исто не знам кој е сопственик на земјиштето ПОД зградите. на пример згради правени во СФРЈ мислам дека се сите правени на општрествено (државно) земјиште. Државни (општествени) фирми правеа згради на општествени земјишта. Има многу од тие станови воени, полициски, има работнички каде по фирмите се долелувале станови кои после се отплаќале и откупувале со години... али земјиштето мислам дека беше државно.
 
Има згради на кои нема приземје те истото е улица, што е со нив? Може ли да го откупат земјиштето, сигурно нема да пренасочуваат улици.

Исто и ова: мал дел од двор на куќа (речиси целиот е откупен уште кога се градело) не е откупен, бидејки уште тогаш (пред 20 години) имало план таму да се проширува улицата. Денес 20 години подоцна улицата не само што не е проширен туку и сеуште е ќорсокак. Има шанси и тој дел од дворот да се откупи?
 
Груевски Груевски...еве ви го сега Груевски
Пардон, на прашањето кој прв почна...законот е од 2005, премиер Бучковски. Некои ствари владите мораа да ги спроведат ради еу мочаното преговарање. Меѓу другото -фискализација, земјиште, денационализација. Апсурдот беше поголем што денационализацијата не беше завршена кога се донесе законот за откуп. До ден денешен катастарот не е среден, а се намерава спроведба на откуп на земјиште (приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост).

Проблем е што не може да се средат документите (ем чини ем процедура со месеци) и лутаме од шалтер до шалтер во оваа наша "едношалтерска" држава. У ствари никој не знае точно што треба да се направи.
 
Не ми е јасно дали СЕКОј ќе мора да си го откупува дворот. Познати ми се многу случаеви каде изградиле куќа (пред 20-30 години) на државно земјиште, после ја легализирале куќата но дворот под и околу си останале државни. Тоа беше доста вообичаено од средина на 60 сетите па фати и 80 десетите. Тие луѓе имаат тапии за куќите но не и за дворовите. Кој оградил 20 кој 200 квадрати и така си стоело 2-3 децении. Е сега има и луѓе кои си купиле парцели и на нив подигнале куќи. Значи и земјиштето околу и под куќата е нивно. Тие не би требало да купуваат ништо.
Исто не знам кој е сопственик на земјиштето ПОД зградите. на пример згради правени во СФРЈ мислам дека се сите правени на општрествено (државно) земјиште. Државни (општествени) фирми правеа згради на општествени земјишта. Има многу од тие станови воени, полициски, има работнички каде по фирмите се долелувале станови кои после се отплаќале и откупувале со години... али земјиштето мислам дека беше државно.

на основа на интервјуто кое го даде раководителот на правниот сектор од Министерството за финансии Г-нот Игор Димитров се вели дека за сопствениците на куќи чии имоти се наследени односно се водат од пред првата аграрна реформа која била спорведена во македонија од 1950 година кога приватните имоти им биле одземени на граѓаните во корист на државата, оваа категорија на граѓани се ослободени од плаќањата додека за останатите важат одредбите. посебно отежувачки е и факторот што поголемиот број на згради во македонија се водат
се на заедничка градежна парцела, што е уште еден показател за слабостите на овој закон.
 
Е сега има и луѓе кои си купиле парцели и на нив подигнале куќи. Значи и земјиштето околу и под куќата е нивно. Тие не би требало да купуваат ништо.
Ваљда е нивно (ама од ваљда до законски...)
 
а замисли , на месото кај што живеам јас немаат донесено урбаниситчки план и неможам да си го откупам земјиштето :vozbud:
а урбанистичкиот план го донесуваат веќе 35 години !
 
Нај заебано е кај тие што земјиштето е влезено во некаков урбанистички план и тие нема да можат да си го откупат.

Некои го имаат уште од турско време, ама сега нема да можат да си го купат.

Дали во иднина ќе му следува некаква надокнада?
 
Најсмешно ми е на рекламаа на тв, .....конечно некој ни дозволи да си го купиме дворот за ефтини пари.... леле алелуја еј утре ќе има реклама, конечно некој ни дозволи да дишеме воздух за две евра од ден, фала богу. Кое земјиште да го купиш бе купена е парцелата како плац шоима пак да се купува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom