"Пулс" со Ана Јовковска

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Една од ретките емисии што воопшто ги гледам. Ана е за мене една од ретките професионални водителки чија емисија отстапува од класичните шеми на емисии. Има сосем поинаков аспект на работите, теркот на емисијата е баш специфичен и има убава филозофска нишка. Штета што повеќе луѓе не ја гледаат емисијава, а уште поголема штета што нема многу гости кои се компатибилни со концептот на Пулс, па затоа гледам дека Ана е принудена секоја сезона да ги повторува гостите. Како и да е, и покрај тоа останувам верен гледач на емисијава. Секоја чест.
 
А има некоја тема емисијава пошо ништо не си пишал за тоа ? Само дека ти го дига водителката :icon_lol:
 
А има некоја тема емисијава пошо ништо не си пишал за тоа ? Само дека ти го дига водителката :icon_lol:

Женско е иначе креаторот на темава. Fail. :)
 
Со оглед на тоа што моментално не гледам многу македонска телевизија, или воопшто телевизија , емисијава ја имам гледано неколку пати.
Се сеќавам дека првиот пат гостин беше Милчо Манчевски и навистина пријатно ме изненади текот на самата емисија бидејќи не беа поставувани оние стандардни глупави прашања , но дискусијата се разви во сосема друг тек.

Ни требаат повеќе вакви емисии, тоа е факт
 
Водителкава од нејзиното појавување до денес ми е одбивна.И не ја гледам нормално.
 
Водителкава од нејзиното појавување до денес ми е одбивна.И не ја гледам нормално.
I second that. Плус имав и една прилика да ја запознаам, и ... да речеме само дека во нејзиниот случај, ароганцијата навистина нема крај. Секогаш сум ја ставал некаде на исто ниво со Игор Шема, со таа разлика што Шема барем не се крие(ше) кога покажуваше на сите дека е најпаметен, а Ана тоа го правеше на еден перфиден начин.
 
ја гледам емисијава кога ќе фатам ептен е добра ,него да не ја има негде емисијата кога беше гостин Милчо Манчевски давале инсерти од филмот Мајки ама ја не гледав тогаш
 
За емисијата незнам,ама водителката има страшно одвратна бенка над уста и секогаш кога ќе ја видам сум со ваква фаца
memes_eww_Dot_Dot_s500x558_156370_What_Happened_To_Evolution_s432x298_188603_580_RE_Creepy_Eyeball_Tattoos-s432x298-230388.jpg


Кога излезе да ја земе златната бубамара опасно се пренемагаше и се занесуваше,така да не би ја гледал емисијата само заради нејзе.
 
Ана ми е ОК. Созрева професионално и е се` подобра. На „Бубамара“ секој на некој начин покажуваше возбуда или желба да остави впечаток, таква е манифестацијата - не се бизнис вести.
А што се однесува до бемките (Мерилин Монро и Синди Крафорд?) и слични специфичности на изгледот, што да кажам, освен дека се релативна работа, но и знак на лични фрустрации и стравови ако луѓето ги цениш по такви работи или повраќаш и добиваш пролив од нив.
 
Редовно ја гледам емисијата и мислам дека е еден од најдобрите телевизиски производи во Македонија. Уживам слушајќи ја Ана бидејќи е начитана и знае што зборува, а не повторува клише глупости. Гостите обично се исто добри. Ми се допаѓа емисијата бидјеќи е буквално - ментална гимнастика. Какво и мислење да слушнеш (било од Ана, било од гостите), без разлика дали се согласуваш или не, сепак ќе се најдеш во позиција да подразмислиш за тоа, а може и да си преиспиташ некои сопствени ставови.
 
Ана е една од ретките во овој контаминиран простор која заслужува да биде на Тв. Шармантна, интересна личност, интелектуално изградена, интересни гости и теми. Со еден збор и ја фаќам фреквенцијата. :)

Емисијата со Гиш и Арна Шијак кој ќе ја најде нека пушти линкче.
 
Девојката си е супер, емисијата добра и баш професионална, со премиерот ми беше најдобра досега....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom