- Член од
- 16 септември 2007
- Мислења
- 1.486
- Поени од реакции
- 338
Ромите од скопската населба Шуто Оризари велат дека одат во некоја европска земја ако за ништо друго тогаш да ја поминат зимата на топло....
Одат, многу Роми одат во Белгија, Германија, Шведска... и бараат азил. Секоја недела по неколку автобуси носат наши луѓе таму. Зијан не може да бидат. Ако ништо друго, зимата ќе ја поминат таму, ќе ги сместат во топло, ќе добијат нешто пари и ќе преживеат. Барем нема да мислат на тоа како да се згреат и струја како да платат. Многу малку од нив се враќаат.
Вака Ромите од општината Шуто Оризари ја раскажуваат судбината на стотиците свои сограѓани што сами или со семејствата решаваат да заминат во западноевропските земји, да бараат азил, во надеж дека ќе обезбедат подобра иднина за себе и за своите деца. Бројката на „македонските азиланти“, претежно Роми и Албанци, последниве месеци драстично се зголеми. Само во септември над 800 државјани на Македонија побарале азил во Белгија, Германија, Шведска, Франција и во Австрија. Бранот азиланти се појави по почетокот на визната либерализација, на почетокот на годинава, со што граѓаните можат слободно, без визи, да патуваат во европските земји. Во октомври само во Белгија имало околу 200 барања за азил, поради што Македонија вчера ја посети белгискиот државен секретар за емиграција и иселеништво Мелкиор Ватле, кој побара од властите да ги информираат граѓаните дека нема да добијат ниту пари ниту азил и ќе бидат вратени назад.
- Никој не оди таму од арно. Одиме зашто тука тешко се преживува. Никој што има стабилна работа не би се решил да оди во Белгија или во Германија, но ако немаш од што да живееш, ќе одиш и ќе се мачиш - вели еден жител на Шуто Оризари.
Белгискиот секретар Ватле вчера се сретна со градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, од кого побара локалната власт континуирано да ги информира граѓаните дека залудно одат во европските земји зашто не можат да добијат политички или економски азил. Тој се сретна и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, бидејќи ромското и албанското население од овие две општини најмногу заминува од Македонија за да бара азил, но и со министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами.
- Македонците не се информирани што значи визна либерализација. Тука сум да пратам јасна порака, ако сакате да дојдете во Белгија или во некоја друга европска земја, може да престојувате определен период, но нема да добиете азил. Особено не од економски причини. Нема да добиете пари и ќе мора да се вратите назад. Немојте да потпаѓате под влијанието на други луѓе или агенции, кои лажат дека лесно се добива азил. Залудно си ги трошите времето и парите - порача Ватле.
Наспроти неговото тврдење дека никој во Белгија не добива ниту пари ниту азил, жителите на Шуто Оризари тврдат дека знаат многу свои сограѓани што отишле таму и не се вратиле. Велат дека не одат кај роднини, туку дека белгиските власти им наоѓаат сместување, додека да најдат работа и не се снајдат.
Белгискиот државен секретар нагласи дека во рамките на Европската комисија се набљудува спроведувањето на визната либерализација, но додаде дека преиспитувањето или укинувањето на визната либерализација, како што рече, „не е на агендата“.
- Визната либерализација не значи дека граѓаните на Македонија можат да бараат азил, ниту значи дека ако дојдат во Европа ќе можат да добијат пари или работа. Не. Визната либерализација значи дека може да патуваат и да се движат слободно, но таа не дава никакви други права, не постои можност да бидете признаени како бегалци на економска основа - порача Ватле по средбата со министерот Бајрами.
И додека белгискиот секретар Ватле јасно порачува дека нема шанси македонските граѓани да добијат азил, полни автобуси и натаму заминуваат за Белгија, Германија и во други европски земји. Автобус за Брисел в сабота ќе тргне од агенцијата „Скај Вим“, која во првиот бран беше посочувана како главна агенција што ги носи азилантите во Белгија. Картата за Брисел во еден правец чини 140 евра. Иако речиси сите жители на Шуто Оризари знаат дека со оваа агенција секоја недела во европските земји заминуваат стотина Роми, на просториите на самата агенција стои дека организираат „шопинг-тури во Белгија, Германија...“.
Министерот за труд и социјална политика Бајрами најави поагресивна кампања на Владата за да се информираат граѓаните поточно за значењето на визната либерализација.