Новите 202 кинески автобуси за Скопје -фото

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
На втор кат не може со високи штикли!
AEC34487A70B4C4592C4CD52A309290B.jpg

Горната платформа ќе биде висока само 1,70 метри. Качувањето на него ќе биде грбечки
овде и овде
 
Осеќам дека автобусиве ќе бидат дури и поголем FAIL од спомениците и скулптурите во Скопје....
 
Добро е што украинските ќе стигнат први, па ќе ја оправат состојбата колку-толку.
 
Децо... без политики ве молам. Автобусите кога ќе го донесат ќе ги користиме како знаеме и умееме. Подобри ќе бидат од оние старите кои сега сообраќаат. Кога ќе дојдат на власт другите, нека купат уште толку автобуси, по свој ќејф. Јас нема да имам против.
Кинеска роба, проблеми уште од сега, катастрофално планирање и штедење за материјалиплус и ги знаеме ЈСП какви се и колку се грижат за автобусите, ја им давам максимум 10 години додека да станат исти ако не и полоши од сегашниве крнтии.
 
Аман веќе еднаш со предрасудите. Во Кина се прават и убави работи. Еве на пример Lenovo компјутерите се 100% кинески продукт. Тоа што кај нас долго време беше увезувана роба правена на кајчиња, шверцувана преку Бугарија, не значи дека се што е Made in China е чкартоина.
 
Да, да, кинеските играчки им се отровно убави! :smir:
 
Шо народ ќе бевте, де стариве не ви чинеле, де сега нови ќе носат сметало шо биле кинески. Ебате луѓето, пушти ги со коњи и магариња да идат а не да им модернизираш јавен транспорт.
 
Кинеска роба, проблеми уште од сега, катастрофално планирање и штедење за материјалиплус и ги знаеме ЈСП какви се и колку се грижат за автобусите, ја им давам максимум 10 години додека да станат исти ако не и полоши од сегашниве крнтии.

Другар ако не ти е јасно,нешто ќе ми ти кажам..Кина за едно 10-тина години ќе ја престигне економски Америка и ќе стане најголема светска економија..
Помина времето кога во Кина се правеше само ѓубре и го купуваа само сиромашните за евтини пари..

Јутонг е втора во свет фабрика за производство на автобуси,веднаш зад Мерцедес,со произведени околу 30.000 парчиња годишно , а плус тоа и произведуваат и друга машинерија,имаат добиено светско признание за својот квалитет..и аман веќе дај пораснете,уште живеете во Југославија а не во 21 век,каде ситуациите се менуваат со светлосна брзина

И провери твојот компјутер од кој што штракаш ,кај е правен или барем некоја негова компонента , што пишува..Made in .....?
:tv:
 
Кога ги критикувам автобусите, ги критикувам самите возила (по однос на дизајн, пред се, за друго не можам да кажам - не сум се возел во нив, а за функционалноста како двокатни - нека кажат форумџиите кои почесто се возат со “градски“), но неизбежно ми е да ги критикувам во склоп на целиот проект (повторно изградување на некакво си „Старо Скопје’’ - што звучи толку глупаво колку што и е, па дури и на Миле Јанакиевски му се оттргна да го нарече „таканареченото Старо Скопје’’ - заедно со „Скопје 2014’’ во рамките на некакво си „Скопје 2014+’’), па морам и да ги спомнам и идејните творци и нарачателите на истиот. Но, нејсе.

Некој ги спомна лондонските такси-возила... Прво, лондонското такси изгледа исто откако е воведено во употреба до ден-денес. Не купуваат Англичаните копии во Кина кои по малку заличуваат на оригиналот (кои во нашиов случај се сведуваат на: ако не изгледа модерно ама изгледа глупаво, тогаш мора да е „ретро’’ дизајн), па да го продаваат тоа за „традиција’’. Друго, лондонското такси откако е воведено никогаш не излегло од употреба - затоа и е „традиционално’’. Немало 50 години дисконтинуитет во неговата употреба. Да не навлегуваме сега и во тоа колку нешто може да стане традиционално и да има култен статус во стара, мулти-милионска метропола, а колку во една, без навреда, ама паланка која притоа е и целосно „ремонтирана’’ во ’63 и набрзина доградена во нешто што наликува на град. Не дека и вакво Скопје нема свои симболи, ама аман, од кај ви текна дека тоа се двокатните автобуси - толку „јак’’ симбол што треба да ни се вадат избледеани слики од нечии лични колекции за да видиме како тие чуда воопшто изгледале?
 
Шо народ ќе бевте, де стариве не ви чинеле, де сега нови ќе носат сметало шо биле кинески. Ебате луѓето, пушти ги со коњи и магариња да идат а не да им модернизираш јавен транспорт.

Пријателе станува збор за долгорочно решение и налет цената ова не решава НИШТО во сообраќајниот метеж...Метропола без Трамвај или Метро не ја бидува.

Дури ја мислам и немаше потреба од фрлање милиони кога пак ги фрлаат истите за одржување и крпење на стариве.

--- надополнето ---

Горниот дел од автобусот за старци што се возат петок гага. :star:

Личната на дедоти и твоја слика-шибај:)
 
^^^
Зошто го запреа трамвајот..ја почнаа таа идеја да ја фураат и толку..па Костовски 4 години само за тоа си збореше човекот не е фер :pos2:
 
^^^
Зошто го запреа трамвајот..ја почнаа таа идеја да ја фураат и толку..па Костовски 4 години само за тоа си збореше човекот не е фер :pos2:

Затоа што полесно им е нас да не боли вратот, отколку нив грбот. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom