Кои се па сега овие...збунити непријатеља
Во септември се очекува да пристигнат 11 нови автобуси од Украина
Автор: Марија Златановска Среда, 11 Август 2010 14:47
Од украинската компанија ,,Лаз,, која треба да ги изработи новите автобуси за потребите на ЈСП Скопје најавиле дека првите 11 украински автобуси ќе бидат испорачани најдоцна до септември. Неодамна делегацијата од Македонија по втор пат беше во Украина за на самото место да се увери во процесот на производство на владината набавка од вкупно 84 автобуси, вредна 11 милиони евра.
Директор на ЈСП овој пат навистина очекува дека ќе се остварат најавите за предвремена испорака на првите автобуси, кои Украинците веднаш по потпишувањето на договорот ги најавија за почетокот на јуни. Сепак, договорот не е прекршен, оти „Лаз“ е обврзан првите 15 автобуси да ги изработи и да ги испорача најдоцна до декември, додека останатите 69 до крајот на идната година. Четири од автобусите ќе бидат дупли, а останатите се единечни возила.
Автобусите се готови речиси 80 проценти и се работат согласно договорот како во однос на квалитетот, така и според најавената динамика. Во оваа тура се очекува да стасаат 11 единечни автобуси. Сите ќе бидат црвени со драп покрив, слични на постојните. Надлежните од ЈСП наскоро ќе треба да одлучат и на кои линии ќе бидат пуштени новите автобуси. Реализирањето на испораката на овие 11 автобуси во септември, практично, ќе значи предвремено исполнување на обврската на „Лаз“ за првата пратка што треба да се реализира до крајот на декември. Останатите од пазарените, вкупно 84 автобуси, треба да стасаат до крајот на идната година.
СО ЕКСПЕРТСКА ПОДДРШКА
Новите автобуси под надзор на ЈСП
Надлежните од ЈСП „Скопје“, со помош на Бирото за метрологија, ќе го надгледуваат производството на новите украински автобуси, со кои ќе се поднови градскиот превоз. Јавното претпријатие и Бирото кое работи во склоп на Министерството за економија склучиле меморандум за експертска поддршка во областа на моторните возила. Тие ќе соработуваат при надзорот на производството на автобуси од страна на компанијата ЛАЗ и во делот на хомологација на возилата.
--- надополнето ---
Мене ме интересира зашто кога сите знаеме дека Скопје нема никаква циркулација на воздух не купија автобуси на гас.Еве јас ке ви кажам, во Гетеборг каде што живеам сите автобуси се на гас и од марката Волво.На централната станица каде што сите автобуси тргнуваат и пристигнуваат воздухот е ист како на средно Водно во Скопје.Освен тоа е дупло поевтино.
Или предлогот за решението тролејбуси од сопственикот на украинската фирма Лавов кога потпишувале за украинските автобуси
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=68D9E6481101CF4F985B4B57BC5AF739
На потпишувањето на договорот присуствуваше и заменик-министерот за економија на Украина, Василиј Пјатницкиј, кој потенцира дека можеби по овие автобуси, друг заеднички проект на Македонија и Украина ќе биде и тој за тролејбуси. Според Украинците, цената на превозот на патници со тролејбуси е три пати пониска отколку со автобуси.
- Ние ви го предлагаме овој систем за јавниот градски превоз во Скопје и сметаме дека е најефикасен за овој град, бидејќи е распространет по должината на реката Вардар. Трамвајот не е погоден, а автобусите го загадуваат градот. Превозот на еден патник со тролејбус е три пати поевтин отколку со автобус - изјави Игор Чуркин, сопственик на фирмата „Лавов“.
На прашањето на новинарите дали знаеле за оваа понуда, Јанакиески одговори дека ваквиот предлог не бил разгледуван.
- Овој предлог беше само спомнат на последната средба со претставниците од „Лавов“. За тоа секако треба да одлучат ЈСП и градот. Ние ветивме обновување на возниот парк на ЈСП и тоа го правиме, рече Јанакиески.
И од ЈСП креваат раменици. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, истакна дека тие немаат средства за реализирање ваков проект, но ако помогне Градот или Владата, би било во ред.