L
Liberation
Гостин
Двокатните автобуси што ќе почнат да се возат по скопските улици од крајот на 2011 година, ќе имаат старовремски дизајн. Ќе бидат токму онакви какви што се возеле по скопските улици во педесеттите и шеесеттите години, но ќе бидат изработени според најсовремена технологија за производство на големи возила. Прототипот на даблдекерот произведен во кинеската фабрика за автобуси Јутонг, стационирана во градот Женгжоу, вчера попладне беше презентиран пред македонската делегација.
Генералниот менаџер на козорциумот Јутонг, Ниу Бо, истакна дека производството на автобус со ретро дизајн за неговиот тим бил предизвик и доголтраен процес, бидејќи при проектирањето и поизводството биле употребувани нови материјали.
Според најавите од менаџерскиот тим на Јутонг до крајот на годината ќе се произведе уште еден прототип на којшто ќе се испитуваат техничките карактеристики, за потоа да го произведат првиот јшто до март следната година треба да пристигне во Скопје и ќе служи за обука на возачите и механичарите.
Скопското јавно сообраќајно претпријатие ќе се поднови со 202 двокатни автобуси. Првите 68 ќе пристигнат до ноември 2011, година, а останатите сукцесивно до 2013 година.