Откриена нова планета со 100% услови за живот = идентична на нашата планета

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Земјата има близначка
Американските астрономи откриле планета до сега најслична на Земјата, оддалечена на само 20 светлосни години од нашиот сончев систем, со речиси иста атмосфера и гравитација, 100 процентни шанси за живот и можност за присуство на вода.
3D2A3F5688A34343950843E7F1943829.jpg

Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.

“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот Стивен Вогт.

Доколку сето тоа биде потврдено, Gliese 581g ќе биде најсличната планета на Земјата која некогаш била откриена во некој друг сончев систем. Досега астрономите лоцирале повеќе од 400 егзопланети, но повеќето од нив биле гасовити џинови, како што е Јупитер, на кои не може да постои живот.


Откриена благодарение на В. М. Кек опсерваториумот на Хаваи, планетата кружи околу ѕвездата Gliese 581 (50 пати постудена и за две третини помала од Сонцето) во соѕвездието Вага, нејзината револуција трае само 37 дена, што значи дека годишните времиња траат само по неколку денови.

Едната нејзина страна константно е свртена кон ѕвездата и на неа секогаш е ден, додека на другата страна постојано владее мрак. Просечната температура се движи од -31 до -12 степени Целзиусови, но температурата на тлотo варира од многу жешко на светлата, до смрзнувачки на темната страна.

Има сличен геолошки состав и гравитација како Земјата, од која има од 3 до 4 пати поголема маса. Астрономите досега забележале 6 планети во орбитата на Gliese 581, што е најголем број на откриени планети во еден систем, освен нашиот.


Колку ли е само подобра (еколошки гледано) за разлика од нашава Земја... замислете нема индустрија нема автомобили никакво загадување.. 100% ПРИРОДА !!!

П.С ке му се остварат изгледа истражувањава на нострадамус :) само кога.. е добро прашање :)
 
Подобра е секако... и ќе биде, се додека човекот не стапне на неа. Пошто човекот очигледно е склон кон деструкција. А наводно е „најсовршено„ суштество. Јеа рајт.
 
Убаво, чувајте за мене еден плац од 300 квадрати. :D

Се е убаво, ама треба 120 години за да се стигне до неа. :toe:
 
Ѕвездава е 2/3 помала од сонцето што би требало да значи дека има послаба гравитација од сонцето,планетата е оддалечена од нејзиното сонце слично колку Венера од нашето и пак прави револуција побргу од Венера WTF?
 
Убаво, чувајте за мене еден плац од 300 квадрати. :D

Ако е грујо уште на власт може по 1евро за 1м2 ќе го дава. :D


Јеботе се чувствувам како микроба.
Како знаат дека има услови за живот кога е толку далеку?
 
Значи, ако оваа планета е истотолку стара колку и земјата, можно е да има и живот таму на неа.
Можно е и луѓето од таа планета ја откриле земјата и сеа си пастираат на форуми како нашле нова планета налик на нивната со услови за живот.

 
Абе не е важно како ја откриле планетава шо се замарате има надлежни за тоа,кај да е ќе го здогледаат Gliese 581g-вската варијанта на Осама Бин Ладен...само 2/3 помал,зелен и главата ќе му се врти 360 степени.

Во пештера.
 
Касно приметив. Темата ја има во Астрономија и тука е дупликат. ако смета админ дека треба да спојува или брише нека го направи тоа :)

П.С стварно би сакал да отидам таму и да видам како е да живееше во 100% потполна тишина мир чистота едноставно во 100% ПРИРОДА !!!
 
Абе не е важно како ја откриле планетава шо се замарате има надлежни за тоа,кај да е ќе го здогледаат Gliese 581g-вската варијанта на Осама Бин Ладен...само 2/3 помал,зелен и главата ќе му се врти 360 степени.

Во пештера.
Зависи како ќе биде опишан од конспиративците. :)
 
Зависи како ќе биде опишан од конспиративците. :)

Конспиративците не го опишуваат.
Не веруваат ни во постоењето негово,барем не како што го пласираат медиумите.
Знаат дека порано работел за ЦИА.

Од друга страна...во тоа веруваат фундаменталистичките верници.
Во официјалната верзија.

Ете како еден член кој уште верува дека постои некаков Осама и се крие во пештери...:pos2:
Затоа што видел на ЦНН клипче преземено од Ал Џазира со некој тип со брада.

Ако власта каже дека небото е црно-розефко,еден член одма ќе се согласи со тоа...
Порано такви хумани луѓе (хеххе) верувале и во земјата како плоча и во четирите слона.
Денес по форуми се појавуваат нивни наследници.
Не е баш хумано,но таква е реалноста...

Мило ми е што си најде својата религија...:vozbud:
 
Конспиративците не го опишуваат.
Не веруваат ни во постоењето негово,барем не како што го пласираат медиумите.
Знаат дека порано работел за ЦИА.

Од друга страна...во тоа веруваат фундаменталистичките верници.
Во официјалната верзија.

Ете како еден член кој уште верува дека постои некаков Осама и се крие во пештери...:pos2:
Затоа што видел на ЦНН клипче преземено од Ал Џазира со некој тип со брада.

Ако власта каже дека небото е црно-розефко,еден член одма ќе се согласи со тоа...
Порано такви хумани луѓе (хеххе) верувале и во земјата како плоча и во четирите слона.
Денес по форуми се појавуваат нивни наследници.
Не е баш хумано,но таква е реалноста...

Мило ми е што си најде својата религија...:vozbud:

Жално е само што уште постојат луѓе што веруваат дека тие луѓе живеат во пештери. Толку ќе кажам. Кој ќе разбере, ќе разбере.
 
Супер ќе се преселиме таму, туку покасно ќе измислиме и вештачки планети без гајле :pos2:
 
А се знае каков е составот на воздухот на таа планета ? Колку % има Азот ,Кислород , Јаглерод...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom