Идеален состав на Македонската фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Поминаа повеќе од 17 години од првиот пријателски и повеќе од 16 години од првиот официјален натпревар на македонската фудбалска репрезентација! Само пуста желба засега е пласманот на некое ЕП или на СП, па освен на некој поедин и изолиран успех, на друго и немаме на што да се радуваме, бидејќи има само разочарувања.
Во овие 17 години голем дел играчи го носеле репрезентативниот дрес. Моето прашање е...
Кој според вас е идеалниот состав на репрезентацијата во изминтиве 17 годинии со кој би можеле да се пласираме на некое ЕП или СП. Според мене тоа би бил
Милошески, Станојковиќ, Митко Стојкоски, Канатлароски, Седлоски, Николоски, Мемеди, Тони Мицески, Шаќири, Христов и Ќириќ.
На вас е редот!!!

пс. до администраторите... си знајте... ако има претходно ваква тема-КЛУЧ!!!:smir:
 
и шо ако го пишиме идеалниот состав на Македонија ???Да не се пласираме на ЕП или СП???ти глеј сеа збори минатото било- не сме успеале и поминало
 
е ај да преформулирам... кои се најдобрите 11 кои играле за македонската фудбалска репрезентација или сеуште играат
 
Јас можам да пишам кои мислам дека во моментов се најдобрите 11, ама за воопшто од сите играчи што настапувале неможам баш да кажам пошто и не ги знам/памтам толку тие од пред 5 години...
 
Па Пандев, Панчев и 8 натурализирани бразилци и натурализиран Оливер Кан, сега незнам за резерва ама може неколку натурализирани холанѓани и по некој шпанец
 
Освен Пандев негледам друг што заслужува да биде у тимот ...
 
Освен Пандев негледам друг што заслужува да биде у тимот ...

значи, од ова можам да видам дека и не сте заинтересирани за мак репрезентацијата, освен да кажувате и да критикувате за поразите и да плукате по било кој... или пак сте премногу мали и ги немате следено игрите на стојкоски, станојковиќ, најдоски и тн...

а за пандев... според мене тој воопшто не заслужува да се најде во некој си идеален состав на македонија!!!
 
Ај бидејќи темава ја терате накај пропаст, дали поради незнаење или терање сеир, да го кажам мојот идеален тим : )

Голмани: Саша Илиќ, Петар Милошески, Муарем Зекир

Одбрана: Митко Стојковски, Љупчо Марковски, Гоце Седлоски, Игор Саша Николовски, Драган Канатларовски

Среден ред:
Тони Мицевски, Артим Шакири, Тони Савески, Бошко Ѓуровски

Напад: Гоце Христов, Саша Ќириќ, Милко Ѓуровски, Дарко Панчев

Според мене доколку би се погодиле сите овие генерации да играа(т) фудбал во ист период, од овие играчи би требало да се бара најдобриот македонски репрезентативен состав : )
 
Ај бидејќи темава ја терате накај пропаст, дали поради незнаење или терање сеир, да го кажам мојот идеален тим : )

Голмани: Саша Илиќ, Петар Милошески, Муарем Зекир

Одбрана: Митко Стојковски, Љупчо Марковски, Гоце Седлоски, Игор Саша Николовски, Драган Канатларовски

Среден ред:
Тони Мицевски, Артим Шакири, Тони Савески, Бошко Ѓуровски

Напад: Гоце Христов, Саша Ќириќ, Милко Ѓуровски, Дарко Панчев

Според мене доколку би се погодиле сите овие генерации да играа(т) фудбал во ист период, од овие играчи би требало да се бара најдобриот македонски репрезентативен состав : )

ете колку се разбирате во фудбал другарчиња!!! после да не ви е мака!!! изгеда дека освен последните неколку години или то шо е најново, за друго и не знајте, освен за вашите омилени странски клубови кои ви се пред се!!! и за кои знаете се, па шо и како било и кој и како играл пред 20 или повеќе години!!! а за репрезентацијата на македонија??? а???
кој од вас го знае најдоски, а??? или милосавов??? целески??? не!!! за 90% од нив репрезентацијата е ништо!!! никој не се заинтересирал да види и прочита кои биле тие!
 
Ај бидејќи темава ја терате накај пропаст, дали поради незнаење или терање сеир, да го кажам мојот идеален тим : )

Голмани: Саша Илиќ, Петар Милошески, Муарем Зекир

Одбрана: Митко Стојковски, Љупчо Марковски, Гоце Седлоски, Игор Саша Николовски, Драган Канатларовски

Среден ред:
Тони Мицевски, Артим Шакири, Тони Савески, Бошко Ѓуровски

Напад: Гоце Христов, Саша Ќириќ, Милко Ѓуровски, Дарко Панчев

Според мене доколку би се погодиле сите овие генерации да играа(т) фудбал во ист период, од овие играчи би требало да се бара најдобриот македонски репрезентативен состав : )
Одличен избор на играчи си направил. Можда само Вујо Станојковиќ и Данчо Целески недостасуваат. Се гледа кој прател фудбал на времето :wink:
 
Предлог по играч, не како состав :)

Голман: Петар Милошески
Одбрана: Гоце Седлоски, Драган Канатларовски
Среден ред: Тони Мицевски, Артим Шаќири
Напад: Гоце Христов, Дарко Панчев, Горан Пандев

Толку од квалитетните играчи во Македонија...
 
голман: Ока Николов,Петар Милошевски
одбрана: Гоце Седловски,Николче Новески,Драган Канатларовски,Вујадин Станојкович,Илија Најдовски,Љупчо Марковски (мислам дека највеќе фудбалери сме имале во одбраната и најтежок избор е)
средина: Артим Шаќири,Тони Мицевски,Тони Савевски,Бошко Ѓуровски,Марио Ѓуровски (сепак највеќе дека игра на позиција каде што што немаме многу играчи) ,Миле Крстев,Срѓан Захариевски
напад: Горан Пандев,Ѓорѓи Христов,Милко Ѓуровски,Дарко Панчев,Милко Ѓуровски
Ова е мојот избор за идеален Состав на Македонија со кој би можеле да се пласираме на некое Еп и Сп.
 
golman: dancho celeski
odbrana: vujadin stanojkovic, ilija najdoski, ljupcho markovski i goran popov
sredina: artim shakiri, dragan kanatlarovski, toni savevski i slavcho georgievski
napad: darko panchev i goran pandev
 
Битолски фудбалски ѕвезди



Стојковски, Мицевски, Христов, Савевски, Новевски, Милошевски, Канатларовски се само дел од богатото фудбалско подрачје во Битола



Кога пред неколку месеци пишував за најпознатите фудбалери од Струмица, нарекувајќи го ова подрачје „фудбалски бутик“ на Македонија, спомнувајќи ги имињата на Горан Пандев, Васил Рингов, Благој Истатов, Аце Стојков, Тони Балдовалиев, Благој Георгиев, Атанас и Стевче Грнчаров, Дени Масев и уште многу имиња, кои играат во странство и во најдобрите клубови во Македонија - Вардар, Работнички, Победа, Слога и Силекс, имав многу телефонски јавувања во кој читателите на „Утрински весник“ тврдеа дека многу познати фудбалери потекнуваат и од Битола, предлагајќи да се одигра еден ревијален меч меѓу двете селекции на најдобрите фудбалери на двата града и од помладата и од постарата генерација.

Интересна идеја, интересни фудбалски битолски имиња, кои се најдоа на тој список од околу 50 играчи, репрезентативци на Македонија, фудбалери кои оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Со кое име да почнам, долго размислував. Тешко е да се направи каков било редослед на најуспешните или најдобрите. Да почнам од репрезентативците.

Ѓорѓи Христов играше за многу клубови во странство, почнувајќи од Партизан, англискиот Барнсли, Ден Бош, Најмеген, Цволе, настапуваше во Израел, Азербејџан, Унгарија, Кипар. Митко Стојковски, кој направи блескава кариера во Црвена звезда, го носеше дресот на шпанската Селта од Виго, кариерата ја заврши во Штутгарт. Тони Мицевски играше за Победа, Ханза од Росток, Енерџи Котбус во Германија. Драган Канатларовски, Вардар, Црвена звезда, во Шпанија во Ла Коруња, двапати селектор на Македонија. Тони Савевски по Вардар беше играч број 1 во Грција играјќи повеќе години за АЕК, Николче Новевски, сегашен стандарден репрезентативец на Македонија, кој настапува во Бундес лигата за Мајнц, потоа репрезентативниот голман Томе Пачовски, член на белгискиот Жерминал, кој пред два дена несреќно ја скрши ногата при една интервенција. Тука е и вториот репрезентативен голман Петар Милошевски, кој по одличните одбрани во Вардар бранеше за турскиот Трабзон, во Малатија, сега е во Кипар.

Во таа група на поранешни и сегашни репрезентативци се наоѓаат и Горан Ставревски, кој играше во Загреб, потоа во Турција, Петар Георгиевски (Вардар и во Франција), Сашо Здравевски (Силекс, Победа, Слога), Ванчо Мицевски (Вардар, Победа, Силекс), Дејви Главевски (Рад, Вејле во Данска), Благоја Китановски (Раднички (Н), Војводина, Савадел (во Шпанија), тој беше и селектор на младата репрезентација на Македонија.

Многу фудбалери од Пелистер имаат играно за прилепска Победа. Покрај веќе посочените репрезентативци тоа беа: Наумче и Љупчо Љамчевски, Бруно Пресилски (Силекс), Драган Димитровски, Благоја Рутевски, кој има играно и во Португалија, Сашо Ѓоревски, Горан Пашовски, Борче Маневски, Никола Стисниоски, Драган Капинковски.

Дресот на Вардар го носеа голманот Драги Димитровски, Ѓоко Николовски, Томче Трајановски (Македонија), Миле Димов, Методија Таневски, Димче Тристовски, Илир Елмазовски, Зоран Штерјовски (Силекс), Борче Јовановски (Беласица).

Од постарите да ги спомнеме голманот Томе Димитровски (Радички Ниш), Томе Димовски и Ѓорѓи Филипов (ОФК Београд), од помладите Благоја Љамчевски (Металург), Марјан Алтипармаковски (Ксанти, Грција), Кире Ристевски (Елбасан), Горан Ганчев (Железничар, Сараево), Стефан Спировски (Борац, Чачак), Мирко Ивановски (Македонија, Славија (Прага), Арка (Полска), Гоце Тодоровски (Работнички), Дејан Блажевски (Грција), Тони Питошка (Брегалница), Марек (Бугарија), Димче Ристевски (Тетекс).

Во странство имаат играно и Неџат Хусеин (Раднички од Пирот) и во Турција (Есхишехир), Игор Момировски за Тенис Борусија и пред тоа за прилепска Победа.

Можеби оваа потрага по најпознатите битолски фудбалери, прелистувајќи ги веќе пожолтените страни на весниците сум испуштил некое познато име. Верувам дека читателите на „Утрински весник“ ќе ми помогнат да го комплетираме списокот.

И на крај еве го најдобриот, барем, според моето мислење, битолски тим:

Петар Милошевски, Николче Новевски, Митко Стојковски, Драган Канатларовски, Горан Ставревски, Пепи Георгиевски, Благоја Китановски, Неџат Хусеин, Ѓорѓи Христов, Тони Савевски, Тони Мицевски.

Постои и тим Б: Томе Пачовски, Саше Здравевски, Саше Ѓоревски, Пресилски, Драган Капинковски, Ванчо Мицевски, Томче Трајановски, Мирко Ивановски, Дејви Главевски, Гоце Тодоровски, Борче Јовановски.

Spored mene prv tim
celevski
miticot,najdovski,kalc,stavreski
micevski.saveski,borov,sakiri
ciric,pandev

inaku sekoj treba da go znaj prviot tim sto izigral za dresot na svojata drzava slovenija 1 -4 Makedonija


голман
Мицевски, Зоран
одбрана
Јаневски, Чедомир
Бабунски , Бобан
Георгиевски, Горан
Грозданов, Кире
Јовановски, Зоран
Марковски, Љупчо
Најдовски , Илија
среден ред
Неџмедин, Мемеди
Канатларовски, Драган
Милошевски , Сашо
Мицевски, Тони
напад
Бошковски , Зоран
Мицевски, Ванчо
Панчев, Дарко


strelcite
Зоран Бошковски 3'
Дарко Панчев 37' - пенал
Чедомир Јаневски 48' - пенал
Драган Канатларовски 51'

i golot na miticot na prvata oficijalna utakmica so danska(togasen evropski prvak) vo skopje 1-1

ps.гледам на стрната на ффм пишан е како авто гол ама јас колку се сеќевам митко го даде голот за нас ако сум грешка нека ме исправи некој
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom