Морам да те навредам! Глуп си!
Иди препливај го ако моеш ти ебам мрчалото. Кој кур ако е маратонец, има милијарда маратонци низ светов па не сите имаат храброст за таков подвиг. Ако не прочита човеков имал операции на двете рамења и пак се обидел и успел. Глуп еден. Наместо да јадеш гомна тука иди прошетај нека те фати воздух и смени си го диоптерот. ВОЛ!
Тој мисли дека секој што се обидел го препливал. Тој и еден пред страна две извадија факти од луѓе чија опсесија е токму каналов. Јас не видов никаде да извадат листа на луѓе кои не успеале да го препливаат каналов. Верувајте ми, таа листа е бајаги поголема.
Ziko, ти ми рече дека парите на Томи му одат во џеб. Многу мразам кога вадам информации вака на јавен форум ама кога веќе се правиш стручњак еве ќе ти кажам каде одат парите. Парите одат во пливачката школа што ја има отворено Томи. Неговиот живот е пливањето, вложува во децата и ужива да гледа како се развиваат талентите. Да не беше таа помош тој немаше да може да си дозволи да ја отвори. Знаеш зошто немаше да си дозволи? Знаеш ли ти колку е да имаш една стаза во еден термин дневно на Олимписки? 30.000 денари. А знаеш ли колку простор е една стаза? За 6-7 пливачи максимум. Кога јас тренирав, имавме две стази и малку ни беа. Ама мојот клуб беше Вардар, спортско друштво кое беше вака материјално пообезбедено и можеше да си дозволи 2 стази во големиот, 2 стази во малиот базен. И пак беше гужва. А тоа се вкупно 90.000 денари месечно кои се слеваа на сметка на ПФМ и на базенот, а топла вода замисли никогаш не видовме. Кога бев во САД месец дена во камп во една стаза бевме двајца а на припреми во Бугарија кога идевме еден беше во сопствена стаза. Тука е првата пречка зошто и на тренинг сме дури оневозможени да го дадеме максимумот.
Томи и Игор сите настапи во светскиот куп си ги плаќаа сами. Да си платиш настапи, пат, авионски карти, опрема, витаминизација и сево ова за уште тим од 3-4 требаат средства многу. Ако сакаш да одиш на Европско или Светско, си плаќаш сам. Државата молчи и се слика после со тебе ако си успеал. За да одиш на Европско треба да си платиш некаде 1000 евра. Не добиваш ниту репрезентативни тренерки, одиш со маица ЗЕМИ ЗДИВ или Самсунг летс ран тугедер.
А талентирани деца не сте свесни колку имало, има и ќе има. Македонците се нација која има пливачки ген. Можеби ова ви е смешно, но Нико Нестор сакал да биде првиот што го препливал Ла Манш од Довер до Каје и назад до Довер откако еднаш го препливал во еден правец. Но поради комунизмот не можел да ескивира војска и додека бил во војска еден успеал во тоа и му се изгубила волјата. Атина Бојаџи живеела таков трагичен живот (мајка и умрела кога била мала, татко и инвалид) и цели денови го препливувала езерото. На 13 години без проблеми го препливувала од што барала мир. Била најдобра пливачка во светот во тоа време, на 17 годишна возраст препливала толку тежок маратон со бури што не верувам дека некој од денешниве пливачи го препливал. Имам отворено тема за тоа, ама кој се заинтересирал да прочита.
Само знаете што? Жал ми е за многуте таленти што веќе пропаднаа. Баравме само да имаме топла вода. Побарајте на Гугл ако има уште, во Ниш 2005 Македонија освои 56 медали и направи 17 рекорди, рекорд на еден турнир една нација да освои толку одличја. Во сите весници во Србија го пишуваше ова. Кај нас се сеќавам Дневник само, другиве слабо.
И сега некои тука што не ни знаат какво е пливањето во Македонија цмиздрат што овие пливачи барале пензија. Абе остај... наместо да се буните зошто од ОНА земаат пензија или за платите на пратениците, вие се буните тука луѓе што ги знам лично и ве уверувам на мравка што не згазнале земаат бедни пари би рекла. Па луѓе тие до крајот на животот да ја земаат пензијава нема да си ги вратат парите што ги дале бе.... Јас да сум 50.000 би им дала. Што направи Бранко што зема толкава пензија? А што направиле овие?
Им плаќаш членарина 1500 месечно и секое сабајле да даваш пари + за да одржиш тренинг. Ова само кај нас го има, ни во Камбоџа го нема. Ај ова што не се ни буниме ние пливачите, еднаш протестиравме не сменивме ништо, два пати, три пати.. тапа. Никој не те слуша. Ништо не ни бараме, не се ни закануваме, деца имаат понуди од други држави да пливаат (Унгарија - најголемата пливачка сила во Европа и тоа се расфрла со пасоши само да зуцнеме) им се дава корпа и сега некојси тука наоѓаат да јадат трици.
Сум рекла јас, ваков народ не заслужува ништо. Бе каков Ла Манш, да даде Господ спортски успех уште 100 години да не видиме, да ни дојде акалот на сите.
Денес почна Европското првенство во Будимпешта, дркајте на Чавиќ и компанија, слободно. Кога ги имавме ние Бојаџи, Нестор, Филиповски, Маленко, Бошевска, тие не знаеја што е тоа базен.
Во врска со Ла Манш, тоа е пливачкиот Монт Еверест. Зошто? Сега ќе ви пастирам зошто:
...а потоа и
подводните струи кои го влечеле во спротивна насока, па за да ги совлада последните 800 метри му биле потребни речиси четири часа. - По се што се случуваше и сите проблеми што ги имаше, ова е навистина огромен успех и вистински херојски подвиг на Димовски. Условите беа такви што навистина беше тешко и за нас што го придружувавме на бродот, а може само да се замисли како му беше нему тие 13 часа во водата со температура од околу 15 Целзиусови степени - вели спортскиот новинар Зоран Михајлов, кој беше во тимот што го придружуваше Димовски во препливувањето на Ла Манш. Тој ни ги пренесе и моментите кога Димовски пристигнал на францускиот брег. Според прописите, за да биде регистрирано препливувањето на каналот, пливачот мора да се исправи на брегот и да ги подигне рацете. По сиот напор во последните метри да стигне до целта, Димовски двапати безуспешно се обидувал да се исправи и, конечно, во третиот обид успеал да ги подигне рацете...
Извор : Време.
Е драги мои поради ова Ла Манш си го споредувам со Монт Еверест. И знаете што? Тоа ми дава огромно право кога веќе многу спортски аналитичари и го прават тоа. Струите во тој канал се ненормални. Можеш да поминеш 3 километри за 10 часа, можеш и сите 30. Можеш да поминеш за еден час и 10 километри, но по пола час да се најдеш и на почетокот, на брегот, на стартот. Тие струи се премногу опасни и ако не се погоди тајмингот, може да биде кобно за пливачот. Затоа се остава недела дена време за официјалните лица да ти дадат зелено светло дапочнеш. Ако имаш среќа ќе пливаш првиот ден, ако не, ќе имаш несоници по цели вечери додека не ти кажат да се спремиш, може тоа да е 4 сабајле, може да е 8 навечер. Во Росарио, Аргентина, се плива еден маратон долг 88 км. Ама тој за Ла Манш е гола вода. Можеби ви е смешно ова ама многумина пливачи да можат да одберат како предизвик што влече повеќе, би одбрале Ла Манш, меч со две острици.
Е тоа е возбудата што се вика Ла Манш. На оваа тема можам да ви зборам до сабајле, ама доста ќе биде ако го прочитате и ова. Ако некој има прашања, слободно, ако планира да треска глупости нека не ме ни цитира.