Грмуш
Пичкмајчин
- Член од
- 11 октомври 2007
- Мислења
- 1.118
- Поени од реакции
- 90
Во текот на 16 век Бразилскиот брег, како Португалска колонија, станал најголемиот производител на шеќер и останати суровини од западниот свет. Таквата потреба за робови ја натерала Португалија од веќе поробената и трговски разработената западна Африка, да го започне нивниот транспорт во Јужна Америка. Од вкупниот број на робови кој бил транспортиран во Новиот Свет, Бразил процентуално станал најголем “увозник“ на робови со повеќе од 40 проценти. Не се знае точната бројка колку афрички црнци биле депортирани во Бразил, Но со укинувањето на ропството во 1888 година во Бразил имало 3 милиони црнци, а целокупниот број на жители достигнал 5 милиони. Тровијата на робови се одвивала директно со Африка а не преку посредници (како што е случајот со Северна Америка), така што настанале тесни поврзувања помеѓу бразилските градови (Salvador, Resife, Rio de Zaneiro) и западноафричкиот брег (Vidah, Lagos). Населувањето на робовите започнало од северо-источната област на државата (Baija), но набрзо се проширила северно (Maranjan, Pernambuko) и јужно (Rio de Zaneiro, Minas-Zerais) од (Baija). Црните робови кои се наоѓале во Бразил припаѓале на следниве народи : Joruba (кој во Бразил се нарекувале Nago), Eve (Dzedze), Asante, Fanti (Akan), Dahomejci и групи народи кои припаѓале на исламската религија : Tapa, Hausa, Mandingo, Fulbe. Депортирани се и народи од јужно Афричките подрачја населени од народите Bantu, главно од Angole, Mozambika и Konga. Према сите етнички групи во Бразил црнците биле населени во значително најголем број. За да го спречат соединувањето на различните етнички групи и нивни бунтови, робовлателите ги потиснувале разните племенски обреди , култури и традиции во кои се разликувале. Така се случувало одредена група да се бори против робовладетелите но и против останатите црнечки пагански групи.
Без разлика на тоа, во таквиот случај мешањето на различните култури било неизбежно, што е и причината за создавањето на многу културни правци, меѓу кои е и Капуерата (capoeira).
Постојат многу тези кои се обидуваат да дадат одговор на прашањето каде и како настанала капуерата: некаков облик на капуера веќе постоел во Африка, но од Бразил потекнува името и сегашната форма; капуерата настанала со мешање на афричките народи и нивната култура со руралните делови на Бразил; но и со мешање на афричките народи и нивната култура во големите градови ( центри ) во Бразил ... За секоја од овие тези има многу аргументи но околу нив и денес се дебатира.
Сигурно е дека капуерата е Бразилска, и дека со текот на времето се менувала. Настаната е како вид на отпор против робовладетелите. Така робовите можеле да вежбаат и боречки техники, и преку музиката и песните да ја пренесуваат традицијата и историјата, а сепак во очите на газдата сето тоа да изгледа безопасно. Сепак, на многу имоти во 1814 година, капуерата и останатите облици на Афричката култура биле забранети.
По ослободувањето, црнците во Бразил станале рамноправни граѓани. Во 1798 година од заведените 1.988.000 црни, 406.000 биле слободни. По 20 години бројот на слободни црнци се издигнал на 585.000, со што се навестувало целосното укинување на ропството, кое и се случило во 1888 година. Од тој момент слободните луѓе почнале да се населуваат во големите градови во потрага по работа. Бидејки немало доволно работа за сите , многу предходни робови основале или се приклучувале на некои криминални банди. Продолжиле да се занимаваат со капуерата, која сега ја поврзуваат со криминалот и активности наменети против владеачките класи. Како резултат на тоа, во 1892 година користењето на капуерата е забрането со закон, и на оние кои ја користеле им изрекувале високи казни. Капуера игрите обично се одржувале на места од кои било лесно да се побегне, а постоел и посебен ритам ( cavalaria ) кој се свирел во случај да доаѓа полицијата. За да се сокријат полесно од законот, капуеристите често имале и по неколку различни прекари, со кои го криеле својот вистински идентитет. Тој обичај е останат и до ден денешен. Скоро секој капуерист има свој прекар (apelido).
Капуерата е призната како национален спорт во 1937 година, кога во Salvadoru, Мајстор Bimba ( Manoel dos Reis Machado ) ја отворил првата школа која е регистрирана пред законот. Школата се нарекувала Centro de Cultura F'sica Regional (Регионален центар за физичка култура). Систематско учење на Мајсторот Bimbe кое се нарекува Capoeira Regional, имало големо влијание во светот на капуерата.
1942 година Мајстор Pastinja ( Vicente Ferreira Pastinha-mestre Pastinha ), ја отворил првата Капуера Angola школа.
Заедно, овие двајца Мајстори се сметаат за татковците на модерната Капуера: Capoeira Regional i Capoeira Angola.