„Голем верник сум ама во црква не одам“

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.861
Возраст
40
„Јас сум верник ама одење во црква не практикувам“.
„Поимот црква за мене е институција за перење пари“.

Ова се само ... улични цитати. Ова можете да го чуете на улица додека чекате да светне „зелено“, или во слаткарница, додека купувате сладолед од 10 денари од чоколада. Ова може да се чуе и покрај некој киоск додека купувате вчерашен весник, или додека стоите пред кафич, додека ја пушите цигарата. Ова може да се чуе најповеќе од денешната младина т.е. КВАЗИ ВЕРНИЦИ И се горди на тоа. Оти можат, најпосле, да се наречат ГОЛЕМИ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ.

И сега испаѓа дека оние што одат често в црква се НЕВЕРНИЦИ.

Што мислите за ова???
 
Конкренто шо мислам? Дури ти одиш в црква и оставаш пари по икони, некој со тие пари купува џипови, хотели, силува малолетни деца - исклучиво машки.

Има шо да се мисли појќе? Црквата стана бизнис... невиден.
 
Абе во црква одиш да се соединиш со Господа. Ти направи си го своето остави си пари на икона, а сега дали попот со тие пари ќе купи џип, стан и слично негов проблем. Него гревот ќе го фати за тоа што го прави.
 
А што ќе биде ако одам во црква а не останам пари? Тогаш сум модерен квази верник или неверник?
 
Или ќе го фати... или нема да го фати. Трето нема. А паметните дури се мислат, будалите си го проживејаа животот.

Не можиш да замислиш што се има Вранишковски на Пелистер... манстир, конаци, сестринство, и само тој маж во 20 чупиња... од 25 до 30 години. Ух, какво добро слатко правеа... прсти да излижеш. А тој шо правеше со нив... неможам да коментирам.
 
А што ќе биде ако одам во црква а не останам пари? Тогаш сум модерен квази верник или неверник?
Види сега во црква ак влезиш можиш ако сакаш да оставиш пари, а можиш ако сакаш и да не оставиш. Јас кога сум влегувал в црква никогаш некој поп или клисар не ми побарал пари за да оставам. Значи ако сакаш, ако не НЕ МОРАШ!
 
Ме нервираат фрази од видот на :Не прави така,не чинит,Господ ќе те казни.....Мораш да одиш во црква и да запалиш свеќа!И ќе појдиш в црква,ќе запалиш свеќа,само ради реда.....тоа не значи да веруваш во нешто...туку си го направил тоа само за да се види дека си пошол в црква.Го правиш тоа без некое душевно чувство..туку онака....Чинот е направен...но дали веруваш во него!?:)
 
И јас сум верник,но не практикувам одење во црква,само одам кога е некој голем христијански празник како : Велигден,Божиќ,и некогаш кога сакам духовно да се прочистам..
 
Види сега во црква ак влезиш можиш ако сакаш да оставиш пари, а можиш ако сакаш и да не оставиш. Јас кога сум влегувал в црква никогаш некој поп или клисар не ми побарал пари за да оставам. Значи ако сакаш, ако не НЕ МОРАШ!

Да точно, не мораш да оставиш в црква пари ако немаш, нема никој да ти замери за тоа. Црквата е Божји храм каде доаѓа секој оној на кому му е потребна молитва и да се почувствува поблиску до Господ. И тоа точно е ако попот купува со пари од луѓето тогаш Господ гревот нему ќе му го пише.
 
Види сега во црква ак влезиш можиш ако сакаш да оставиш пари, а можиш ако сакаш и да не оставиш. Јас кога сум влегувал в црква никогаш некој поп или клисар не ми побарал пари за да оставам. Значи ако сакаш, ако не НЕ МОРАШ!

Имаш право, никој не не тера со сила. Ете, сите што викаат дека црквата е касичка за пари а притоа се крстат, нека не оставаат пари во црква и проблемот е решен. Ама ако гледаме така тогаш црквата ќе банкротира, а поповите ќе се вратат на овозениот живот, меѓу смртниците.

Нели во поповите треба да бидат најрепрезентативниот пример како верникот треба да се сплоти со Бога. Нели они треба да живеат скромен живот, за и народот да живее скромно, за по смртта да ужива во многу благодети. Нели попот треба да биде меѓу народот и да биде понизен на Бога, а не да се обидѕува да се оттргне од смртнава раја и да биде на иста скала со него. Нели и Исус не сакаше панаѓури и пари во храмот на неговиот татко? Хехе, е сега, зар не е се обратно од тоа како треба да биде... Денес да си поп е закон. Редовна и убава плата, црно џипче со кожни седишта, мобилно телефонче, ете почнаа и по масери да одат и сексуално да се задоволуваат со масерките, силуваат малолетни момчиња а плукаат по геј популацијата и ја лечат со палки (дрвени), вклучени се во интересни проневери, хотели, викендици бла бла бла... Ако попот плаќа за гревовите, тогаш Св. Петар треба да го прати директно кај Луцифер...
 
Чекајте бе луѓе што сте се фатиле вие само за поповите. Ами Папата Бенедикт да не е поарен случајно што го возат со џип, живее раскошен живот со слуги околу него на 16 години бил Фашиста и сега мене ќе ми пропагира мир и сите да сме еднакви а???
 
Навистина, Папата не треба да биде пример за другите луѓе да живеат скромно, или за него е оправдано а за поповите не е?
 
Чекајте бе луѓе што сте се фатиле вие само за поповите. Ами Папата Бенедикт да не е поарен случајно што го возат со џип, живее раскошен живот со слуги околу него на 16 години бил Фашиста и сега мене ќе ми пропагира мир и сите да сме еднакви а???

Па Ватикан за време Втора светска војна е близок со политиката на Хитлер и Мусолини за да ги заштити своите интереси а и да се рашири на нови полиња. И меѓу папите има слични појави. Во минатото имало папи што силувале малолетници, оделе по подземните патишта од базиликата Св. Петар до Рим само за да се видат со љубовницата или љубовникот. Се разбира тоа Ватикан ќе го крие само за да го зачува својот рејтинг... Денешните конклави не се темелат само на избор на папа по избор на Бога, туку секој кардинал гледа лична корист од сето тоа (главно материјална). Не се работи за верата, не се работи за Бог, се работи за парите...
 
Чекајте бе луѓе што сте се фатиле вие само за поповите. Ами Папата Бенедикт да не е поарен случајно што го возат со џип, живее раскошен живот со слуги околу него на 16 години бил Фашиста и сега мене ќе ми пропагира мир и сите да сме еднакви а???

Тогаш кој според тебе е „арен“ ..
кој преставник на верата од која религија ...
според мене еден преставник на вера е некој кој најдобро ја знае достигнал некое високо разбирање, ниво, духовност и кој треба да ја проповеда и шири таа вера како вистинска ... која обичните верници треба да ја прифатат како таква итн ...

кој е тој ...

и зошто за да си верник мора да одиш во црква, или било која друга религиозна институција,

неможеш ли едноставно да се водиш според Библијата Куранот итн и да бидеш верник?

дали во библијата или куранот или било каде е наложено дека треба да се оди во некоја институција за да се биде верник? или сето тоа може да се прави дома или било каде не е битно?

патем како можеш да бидеш искрен верник ако безрезервно прифаќаш нешто кое друг ти го налага ..едноставно прифаќаш и тоа е тоа ... нели е тоа пат кој сам треба да го изодиш и сам да сватиш дека овој или оној пат е вистинскиот?

и да .. јас не одам во црква, ножеби некогаш ќе дојдам до заклучок дека сум грешел, па ќе се покајам, можеби не .. којзнае ... сепак ќе го минам патот кој јас сметам дека е правилен ...

да те прашам ... Дали ти се сметаш според твоите критериуми за Вистински верник?
 
Нит сум верник, нит пак одам во црква. Боље ќе ги донирам парите, или ќе ги дадам на некој што проси, отколку во црква да ги остаам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom