Уништување на сонцето

  • Креатор на темата Креатор на темата Антоние
  • Време на започнување Време на започнување
А

Антоние

Гостин
Ок кајганџии;

Дали може некој од овде да спогоди аргумент помеѓу мене и еден пријател.

Ако сонцето, едноставно го снема еден ден, целосно исчезне, како ќе умре човечката раса?

Уште побитно, дали би умреле од очигледниот глад за неколку недели/месеци/години?

Или би се извртеле надвор од орбитата и би удриле друга планета порано?
 
од студ, храна ќе има уште некое време по магацини и орбитите ќе се сменат али не толку нагло за да дојде до коализии брзо, али ќе го нема најголемиот извор на топлина.
Температурата ќе се спушти на накоја стоттина степени под нула.
 
Дури и ако не си ги исповратиме цревата од гравитационото и магнетното пореметување, атмосферата ќе отиде apeshit, за пар денови ќе измрзнеме, нема ни да дочекаме глад. Удирањето со друга планета е најмалку веројатно дури и многу години подоцна, веројатноста да се сретнат патеките на две планети се многу мали. Ама ни сум астрофизичар, ни conspiracy theorist за да предвидам патека на планета без гравитационото поле на Сонцето, па ќе се држиме до мрзнење за сега.
 
Оф леле-соларните панели:vozbud:

Апстрахирај Сончева гравитација и нема веќе сончев систем.

Немаш солар винд немаш магнетно поле...бла бла

Фотосинтеза Јок,биосфера исто-максимум шансиза преживувањене не појќе од некој месец(вака неспремни).

--- надополнето ---

Температурата ќе се спушти на накоја стоттина степени под нула.

Водка м??
 
Ќе умриме пред сонцето да биде уништено.Ако нашево сонце порасе во супер нова би ни ебало матер мноогу порано.А доколку почне да се намалува односно да заврши како црно џуџе веројатно би замрзнале.
 
Интересна но исто толку и банална помисла :) во секој случај... не чека брза смрт... дефинитивно нема да биде од глад, ќе биде или преголем студ или преголема топлина во секој случај, зависно за какво уништување зборуваме. А баш ме интересира како би се одвивале настаните кога едноставно сонцето би исклучило... гравитацијата да се запази... уште да ротира ама да не произведува светлина и топлина.... turn off
 
Според разни научници имам читано дека сонцето најпрвин после многу милиони години, ќе се зголеми и ќе стане тнр. Црвен Џин. Толку силно ќе грее што на земјата дури и карпите ќе се стопат а морињата ќе испарат, потоа нуклеарните ланчани реакции кои се одвиваат на сонцето(кои прават тоа да грее и свети)ќе го истрошат своето гориво и ќе престанат и постепено(низ многу време) ќе почне да се смалува за на крај стане тнр. Бело Џуџе. Следната фаза е претѕворање во неутронска ѕвезда за потоа се претвори во тнр. Црна Дупка која со својата екстремна гравитација вшмукува се во себе, дури и светлина. Но до тогаш имаме ептен многу време.
 
Нема да заврши како црна дупка, не е доволно големо, има повеќе видови на црни дупки најмалку би било онаа што веројатно помисли се и сешто проголтува.

Ако престанат нуклеарните процеси ќе смрзнеме за брзо време, додека да се потроши акумулираната енергија, додека јадрото не смрзне на апсолутната нула 0 K.

Сценариото од научниците е дека прво ќе се зголеми ќе стаса до Венера, Земјата и Марс ќе ги испржи и после ќе се намали во џуџе и толку пак ќе го има гравитацијата исто..
 
Доколку ненадејно го снема Сонцето, Земјата и другите планети ќе почнат да се движат право-линиски и ќе заскитаат во меѓуѕвездениот простор.
Температурата на површината на Земјата за неколку денови ќе опадни на минус 100, НО температурата во внатрешноста на Земјата нема да опадни. Таа ќе остане иста во текот на милиони години.
Веројатното решение за опстанок на човечката раса е градење градови под земја и под вода.
 
Не можеме да го најдеме правиот одговор,и научниците знаат да погрешат некогаш во тоа што го предвидувале.Е сега ние имаме време но дали таа генерација на луге ако воопшто до тогаш има луге на земјава ке го доживеат тоа спонтано или ке ги снема брзо без да се мачат?
 
Да се надеваме дека ќе најдат некое решение па можеби ќе се преселиме на некоја друга планета, има време до тогаш.
Во физиката што ја учeв во 7 одд пишуваше оти ќе се зголеми и ќе се накачува температурата на земјата, па потоа ќе се олади и ќе настане Бело џуџе кој после тоа ќе се ,,загуби,, некаде во вселената а живот на земјата нема да има. Интересно беше во книгата пишуваше оти ќе нема живот, сите ќе изумреме а на крајот го оставиле оти тоа ќе се случи после милиони ако не и милијарди години... човек срцев удар да добие.. :)
 
Ќе умриме пред сонцето да биде уништено.Ако нашево сонце порасе во супер нова би ни ебало матер мноогу порано.А доколку почне да се намалува односно да заврши како црно џуџе веројатно би замрзнале.

Илјада пати повторуванокога Сонцето ќе го потроши "горивото" ќе имаме Екстремна Експлозија која ќе са ЗАПАЛИ земјава и тоа ќе биде за приближно 5 милијарди години но не Супернова!!

Понатаму НЕМА да има црна дупка-За тоа треба нашето сонце да има минимум 30 пати повеќе маса него ли Сегашново.

Циолковски рекол земјата е Лулка на човекот,најверојатно за 5 милијарди години ќе населиме други планети,бидејќи после тоа следува фаза на сонцето т.н Црвен џин кој ќе уништи СЕ на земјава,за на крај да заврши како бело џуџе.
 
Да се надеваме дека ќе најдат некое решение па можеби ќе се преселиме на некоја друга планета, има време до тогаш.

Тогаш па ни малку нема да се преживее на другите планети доколку тогаш има живот на нашава планета од проста причина што нема да има услови за такво нешто:toe:
Попрво би рекла пред да исчезне сонцето(доколку се случи тоа)дека човекот ке ја уништи целата земја.
 
Го промашувате муабетот, ама онака, за две-три уранови орбити. Прашањето беше како ќе умреме, не дали ќе умреме, со претпоставка „сонцето го нема, аш“, без супернови и џуџиња.
 
Tреба да се занемарат многу променливи за да Земјата воопшто остане на својата позиција, ама ете ако некако се случи тоа го имаше овој текст на он.нет пред некое време. Еве и некое логично размислување, ама во случајов секој си ја создава својата логика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom