кога реков одлетаните птички мислев на оние што од сдсм прејдоа во вмро или во некаоја од другите коалициони партии што се на власт... а тоа кој колку се покажал е друга прикаска... точно дека македонија е она што ме интересира и секако мојот живот во неа... незнам колку си стар пријателе, ама јас сум доволно стар за да се секавам на квалитетот и квантитето на животот од после распадот на југославија... во времето на сдсм кога е обвинет БЦ дека создал маса на стечајци и кога ја испокрал државата наводно, јас убаво се секавам дека со 2 плати дома се живееше боговски... се идело на одмори, шетања, па и по кафани на ручеци и слично...како проаѓа времето се потешко и потешко е од година во година ПОСЛЕДНИВЕ 20 ГОДИНИ... со заклучок дека ланската година беше потешка од таа претходно, оваа е потешко од лани и така во недоглед...
и се разбира, сите оние што се со минимална старосна граница од 35 години па нагоре знаат дека пропаѓањето на фабриките по распадот на југославија не започна од времето на БЦ туку на оној бугарот вмроовец со Б во името, (некои го викаат и жмигавец пошто така трепка со очите од нервите кои си ги лечел по разно разни установи) што нејќам ни да му го спомнам името... БЦ само го доврши муабетот... ака исти муабет е со продажбата на ЕСМ... вмро почна, го изработи проектот во времетраење од 24 месеци, се изгласа истиот, во меѓувреме вмро падна од власт, и сдсм ги доврши последните 4 месеци од истиот... исти чошак беше и со фискалните апарати... јас бев дуќанџија во тоа време т.е. трговец на мало... вмро го започна проектот сдсм го доврши... и сите копја и за фабриките и за фиксланите и за есм и за се друго се кршат од грбот на сдсм, што за воља на вистината е голема пародија или лага... уствари сакам да кажам, сите до сега што беа на власт со се актуелниве сега, баш сите кој од којега и све мој до мојега... исти се до еден сите... само ги дрпаат и ги перат парите на народот...
да не претерувам со пишување ама за рекордот на невработеноста во македонија се криви сите до еден.... кој ке го реши проблемот? пак ке се вракаат старите на власт? треба да дадеме шанса на трети луге... доста више од вмро и сдсм, преку онак џуниор ми е од нив... невработеноста расте, пари нема, ние со мали фирми ипретрпијатија тонеме во долгови само зашто обрт на средства нема... а како ке има кога имаме 40% не вработеност... како кажете ми? а од оние што се вработени 70% и јаче се во државна администрација која живее од даноците на останатите 30% вработени по приватните сектори... што е многу многу е...