Светски шампиони во невработеност, Македонија е апсолутен светски првак во невработе

Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Барем се изнаживеале 20 години,ние ни еден ден се немаме порадувано :( Уште толку ме разочара со оваа приказна,сега сум убедена дека и во Африка поубаво се живее/ло од кај нас.

Не биди убедена, полошо е и тоа многу. Ќе речам пак не треба да се тешиме, треба да гледаме напред и да се стремиме кон подобрите земји, али во секој случај има земји (баш во Африка) што не можеме ни да замислиме како е. Да чекаш да дојде камионот со хуманитарна помош за да земиш парче леб. Не ги сакаме тие приказни, но тоа реалност.
А дека се изнаживеале 20 години се изнаживеале, ама денес што се раѓаат генерациите и не мислат баш така, туку мислат зашто не остајле и за нив малце да поживеат како што треба. И за тоа никој не им е крив исто како што нас никој не ни е крив што сме се донеле овде или што не донеле политичарите овде. Ама во секој случај ние ги бираме нив за да не водат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Наумовски ние се стремиме од 91та година наваму.Со сите се стремиме и надеваме.Со сите се споредуваме...и се така натаму.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Не не, подолго време одевме назад, а кажувавме дека одиме напред, ама да не бегаме од темата овде. Не дека ни е розова ситуацијата ама не сме најдолу како што не претставиле во анкетата, испитување или што и да било.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не не, подолго време одевме назад, а кажувавме дека одиме напред, ама да не бегаме од темата овде. Не дека ни е розова ситуацијата ама не сме најдолу како што не претставиле во анкетата, испитување или што и да било.
Не сме шампиони,туку сме трето место во свет,еве.Може и 5то ако сакаш или десети,муабетот е дека сме горе во светски рамки.А тешење не ни треба од тој тип.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Не знам што би се постигнaло со лажење и посочување на некои непријатни моменти.
Ситуацијата е таква каква што е, за многумина е тешка, но покрај некоја утеха дека не ве бива да се снајдете, ништо друго не покажува за вас.
Во секој случај Македонија нуди многу можности и е далеку подобра од 90% земји во светов.
Невработени ниту има, ниту сум сретнал некој, барем не во конкретно моја близина.
Каде живеете и со кого се дружите?
Можеби треба да си смените круг на пријатели.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484

А што мислиш како ќе се тешат мрзите или поточно тие, што не им се работи за 200 евра? :vozbud:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Бројките се едно, (и ни приближно не ја прикажуваат реалната ситуација со невработеноста) а реалноста нешто сосема друго. Е сега зошто владата дозволува процентот да биде толку висок е веќе друго прашање...
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Не знам што би се постигнaло со лажење и посочување на некои непријатни моменти.
Ситуацијата е таква каква што е, за многумина е тешка, но покрај некоја утеха дека не ве бива да се снајдете, ништо друго не покажува за вас.
Во секој случај Македонија нуди многу можности и е далеку подобра од 90% земји во светов.
Невработени ниту има, ниту сум сретнал некој, барем не во конкретно моја близина.
Каде живеете и со кого се дружите?
Можеби треба да си смените круг на пријатели.
Сигурно не си видел како се живее во дел од светот штом македонија ја ставаш над тие 90%, а и да не си видел општество сме на информации може да се провери реалната и објективна состојба на земјите, друго објаснување е тоа што скоро сите кои се обидуваат да ја расветлат ситуацијата се политички полтрони нема трето, ако во Скопје нема невработени , што е дувло на бирократијата не значи дека е исто и со Велес Прилеп или Битола.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Сигурно не си видел како се живее во дел од светот штом македонија ја ставаш над тие 90%, а и да не си видел општество сме на информации може да се провери реалната и објективна состојба на земјите, друго објаснување е тоа што скоро сите кои се обидуваат да ја расветлат ситуацијата се политички полтрони нема трето, ако во Скопје нема невработени , што е дувло на бирократијата не значи дека е исто и со Велес Прилеп или Битола.
Или пак се за СДСМ и мислат дека тие што пробуваат да ја "расветлат ситуацијата" сe за ВМРО, што во мојот случај не е точно исто како и кај секој човек на кој логиката му е појака страна.

ВМРО или СДСМ, толку знаете, или пак така ви чини, така ве научиле. Мора ли да се биде за некој од овие за да се дискутира? Малце ли се 20 години ебење у мозок, пак ли страни бирате?
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Реално не е толку, да беше до толку ќе бевме многу поутепани од што сме сеа.
Кај нас има стотици иљади луѓе што работат на црно така да реалната стапка на невработеност е некаде околу 15-20%...мање виуше тоест више што би рекле :)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Или пак се за СДСМ и мислат дека тие што пробуваат да ја "расветлат ситуацијата" сe за ВМРО, што во мојот случај не е точно исто како и кај секој човек на кој логиката му е појака страна.

ВМРО или СДСМ, толку знаете, или пак така ви чини, така ве научиле. Мора ли да се биде за некој од овие за да се дискутира? Малце ли се 20 години ебење у мозок, пак ли страни бирате?
какви страни аман бе јас не застапувам никого само што е логично да зборуваш за оној кој е на моментална власт , јас не ги оправдувам старата директорско бирократска партија.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Или пак се за СДСМ и мислат дека тие што пробуваат да ја "расветлат ситуацијата" сe за ВМРО, што во мојот случај не е точно исто како и кај секој човек на кој логиката му е појака страна.

ВМРО или СДСМ, толку знаете, или пак така ви чини, така ве научиле. Мора ли да се биде за некој од овие за да се дискутира? Малце ли се 20 години ебење у мозок, пак ли страни бирате?
Рече и одлета во облаците...
 
S

smart ass

Гостин
Значи имавме ветувања за 8 милијарди инвестиции а добивме излеана шмизла и ташак на букефал за 100 милиони долари додека бројот на просјаци и бездомници расте,инфраструктурата утнува,снемува вода,струја,патиштата се како во авганистан и КАЈ Е ПРЕРОДБАТА....па пааа БОГ да чува од вакви....Никакви,арогантни,самобендисани и спремни за сликање и сечење свечени ленти....колку пРРРРоекти се исполнија????

САКАМ 8 Милијарди долари СДИ-така ветија,еве во јапонија моментално четири премиери поднесоа оставка бидејќи не си го одржаа ветувањето(во случајов релокација на воена база на САД),а кај нас убајни на фотељите,башка вработуаат нови "кадри" кои потоа ќе бидат ТРОШОК па ќе мора да бидат отпуштени-да бидеме реалистични-нема тука никаква Политика-едноставно ЕКОНОМСКИ НЕ МРДНАВМЕ-напротив задолжени се идните генерации....за бронза,леење шмизли,питачи,воајери и.т.н
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
so ima veze so koj se druzis.
fuck at e deka sve goltari se
eve na primer as sam philosopher
zavrsiv filozofia
i sve sto gi znaem so se ko mene
sve ali majka ali na necij grb ee
po struka nikoj ne raboti
ti moze da se druzis so tie gojdata
poltroni i snobovi
no deka ssme svetski rekorder u nevrabotenos
toa e fuck at!!!!!
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сигурно не си видел како се живее во дел од светот штом македонија ја ставаш над тие 90%, а и да не си видел општество сме на информации може да се провери реалната и објективна состојба на земјите, друго објаснување е тоа што скоро сите кои се обидуваат да ја расветлат ситуацијата се политички полтрони нема трето, ако во Скопје нема невработени , што е дувло на бирократијата не значи дека е исто и со Велес Прилеп или Битола.
Македонија нуди одлични можности за живот, не разбирам како, особено млади луѓе не можат да го видат тоа.
А во врска со живеењето ако не ти одговара во Велес, Прилеп, немој да живееш во Велес, Прилеп.
Имаш барем денес можности да си правиш што сакаш.
На времето кога немало нит интернет нит ништо, оделе луѓето во непознато на печалба, ризикувале.
И да не се снајде човек во Македонија, ете немаш некој дар за средината во која си роден, како Кумановчани кои немаа работа па си заминаа за Ирак, Авганистан, па си создадоа капитал.
Алтернатива секогаш има, треба да ти е навистина згуснато па да ја бараш од погорниот тип.
Ако не ја бараш, значи не ти е до толку лошо.

--- надополнето ---

so ima veze so koj se druzis.
fuck at e deka sve goltari se
eve na primer as sam philosopher
zavrsiv filozofia
i sve sto gi znaem so se ko mene
sve ali majka ali na necij grb ee
po struka nikoj ne raboti
ti moze da se druzis so tie gojdata
poltroni i snobovi
no deka ssme svetski rekorder u nevrabotenos
toa e fuck at!!!!!
Филозофија? За која практична работа факултетот те спремил?
како ќе настапуваш ти во македонското пазарно општество со таква струка?
Твојата лоша проценка е само показател дека е можно поголемиот дел од луѓето да прават лоши проценки, кои не резултираат со добар живот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom