Не знам зашто да читам нешто за да ми стане појасно, и зашто воопшто мене ме спомна, ја само го прашав да ми каже дефиниција за шампионски менталитет.
Друго, мешаш баби и жаби. Каков менталитет да покажат играчите кога се исцрпени, застануваат со трчање по 40 минута, не е дека не сакаат, не можат. Е тука е тренерот крив. На 3-0 резултат прави само една измена до крај, ова како пример. Со Милан може не ја гледаше утакмицата, но тренерот усра се, Интер играше без средина, и не, тоа не е мизерија од тим, тоа е мизерија од тренер. Бенитез, кој што еве цел мој фан-клуб го мрази, играше со Матераци во одбрана, играше со Кордоба како десен бек, со Бјамбјани како напаѓач, и Оби во средина. И верувал или не примија само 1 гол од пенал, што впрочем и беше единствен шут на гол на Милан. А овој натпревар со Милан, се утепаа од шутирање и шанси, само Цезар спаси поголема катастрофа. Не, Интер не е катастрофа од тим, како може истиот тим што лани ве исфрли од ЛШ и покрај сите ремунтади оваа година да биде мизерија од тим? Не, тоа е мизерија од тренер и одреден дел од лоша трансфер политика.
Ако сакаш ќе сфатиш, ако не, никому ништо. :salut: