Им текна: Македонија може да учествува во „Јужен тек“. Апдејт: веќе учествува!

  • Креатор на темата Креатор на темата Славјански
  • Време на започнување Време на започнување
Очигледно дека ја испушташ цела поента. Не велам дека ке донесеме, велам дека треба и ние да почнеме со валкани игри. НАТО и ЕУ не не сакаат, тогаш можеби е редно да почнеме да разговараме со некои со кои можеме да си помогнеме взаемно. Русија нит е загрозена нит ќе ја загорзи некој уште долго време, ама дека ќе испушти шанса да го размрда НАТО не може да ме убеди никој. Едноставно Македонија има клучна позиција на Балканот која комбинирано со можностите на Русија може да направи тектонски потрес. Замисли систем како С-400 со својот домет поставен на Криволак, на дланка ќе ги има воздушните простори на целото Јужно крило на НАТО. Дури и никогаш да не го донесат, само да се спомнеше на разговориве Расмусен ке ги натопеше гаќите....
Колко пати да ти велам дека това веке го видовме со системот С-300 и С-200 на Балканот во минатото когато СССР ги стави на Балканот...
Едно време немаше подобри системи от нив... па не се разтресе Балканот... Тези системи са за одбрана,а не за нешто друго,което ти очекуваш... Баш заштото никоj нема намера да бомбардира РМ-баш затова нема зашто да се плашат другите.
Види Искандер-това е друга работа и това навистина ке разстресе Балканот.
 
Читав кај Зорив на блог пообемна анализа за флертов со Русиве, овде само накратко мое мислење околу Јужниов Тек. Како инвестиција изгледа супер, според ветеното од Русите и анализите глатко во македонскиот буџет би се слевале 50 милиони годишно од концесијата за гасоводот кој би водел до Италија, Србите веќе се влезени во агендата на Русите ние сме една секвенца до Албанија и Италија. Колку ова би значело геополитички за Македонија навистина не знам во моментов ако им ја подзатвориме вратата на НАТО и ЕУ.
Хајнрик погоре спомна дека ова треба да биде блеф на Македонија, но мене воопшто не ми личи на блеф туку асот кој Груевски го криеше во ракавот го извлече и им го покажа на комисарите од ЕУ кој мислам дека многу не ги тангира. Неговите изјави и неговата тврдоклавост не се базирала на неговата глупавост (очигледно дека ја поседува) туку на флертот со поранешниот втор човек на ГАЗПРОМ и актуелен премиер.
Пластично кажано ние се откажуваме да плаќаме рекет на Чичко Сем(трупи во кризни поддрачја и опремување на армијата по НАТО терковите) туку ќе си плаќаме рекет кај брачко Серјожа кој сега засега не знае никој како би изгледал но сите знаеме дека ќе го има.
Факат е дека Русија е се поголем играч на геополитичка сцена и времињата кога УСА им испраќаше жито за да седат во тенковите мирни да не проумрат од глад и добијат сулуди идеи е оддамна минато, ако Македонија дефинитивно им ја затвори вратата на ЕУ и НАТО, најпогоден од тој дил ќе биде никој друг него УСА. Протекторатот Косово ќе биде стеснет со Србија и Македонија од две страни исто така и новата амбасадата во Скопје ќе бидне само амбасада, планот за глобализација ќе застане тука некаде како една невидлива граница каде ќе си ги мерат токму Русија и УСА.
Мислам дека во наредниве недели ќе гледаме посети на високи американски претставници во Скопје и изјави на амбасадори да го тргнат за уши Груевски да ги испони ветувањата кој ги дал, како и да е интересна политичка есен која ќе разреши многу дилеми околу иднината на Македонија.


Seto ova e vo red no e ne ostvarlivo edino samo kako opcija moze da bide a za da bide ostvareno nema sansi oti zaboravas koj e opozijia kaj nas koj za sitni pari i ime i prezime i (nacionlnost i jazik) ke smenat se razbira pomognati so NVO i medimumite pro evropski(predavnicki)
Sto znaci za da se vratat na vlast ke koliciraat i so gavolot licno a ne da bidat samo advokati na eu i nato pa taka da ne e ostvarlivo ova i ako se zeme vo obizir siklata na usa kaj nas i toa mislam na finasii koj ke gi pustat vo promet na pogore navedinite nema nitu teoretski sansi za vakvo kolicirake i koketirake so rusite edino samo moze da padni uste nekoj atentat ako se prodolzi so vakva politika i priblizuvake kon rusija (koja e pobliksa i so srbija i so grcija od nas )koja bwe ne e konzistentna prema nasastrana i kako kaj drugite svetski sili e samo interes (momentalen) i nisto poveke znameme kolku pati ne ostavile na cedilo rusite niz istorijata kako i celata evropa pa taka da ako ima nesto vo ova nekoja naredba od usa kon nasite koi se potrckovci i slepi sluaci na naredbi pa ako tie mu rekle da koketirame so rusite za usa da ima izgovor da ne pikni na sila vo nato drugo ne gledam za sami nasite da ja brkaat ovaa rabota so rusite nemaa nitu madina nitu um
:smir:
 
Колко пати да ти велам дека това веке го видовме со системот С-300 и С-200 на Балканот во минатото когато СССР ги стави на Балканот...
Едно време немаше подобри системи от нив... па не се разтресе Балканот... Тези системи са за одбрана,а не за нешто друго,което ти очекуваш... Баш заштото никоj нема намера да бомбардира РМ-баш затова нема зашто да се плашат другите.
Види Искандер-това е друга работа и това навистина ке разстресе Балканот.
Изгледа ке мора да ти надробам.

1.С-300 во времето за кое ти зборуваш беше систем со домет од 90 км.Значи иако бил разместен,(знаеме ајде оти имате с-300) не може да биде закана освен ако НАТО немал намера да нападне земја која го имала.
2.Јужното крило на НАТО во тоа време беше оската Италија-Атина-Турција,и жестоко се бореа за да добијат позиции на Балканот,позиции заради кои и твојата земја влезе во НАТО иако во суштина самата ни одблиску не беше подготвена за такво нешто.
3.Спомна колку напреднале денес авионите па затоа напреднале и ПВО системите.Ке може ли да бидеш љубезен па да направиш една компарација на можностите на земјите членки на НАТО тогаш и колку напреднале до денес и да споредиш со можностите на С фамилијата на системите?
За да имаш од каде да почнеш еве јас ке ти помогнам малку со воздухопловството на твојата земја да речеме која обратно од она што го кажа ти сега е послаба од што беше тогаш.Ако тогаш имавте потентни машини како Миг 23 и 25,денес носители на воздушната моќ ви се МИГ-21 БИС.
Системот С-300 во тоа време имаше домет макс до 90 км(и тоа зборам округло а помал е) за денес еден С-400 има домет од 400 км,и земи во предвид дека може да следи секаков вид на летечки објекти вклучувајќи и суперсонични крстосувачки проектили и стелт авиони(кои единствено ги има САД засега).
Слично е и со останатите возухопловства на бившите источни земји освен Унгарија која изнајми Грипени меѓутоа кои повторно не се ништо посебно закана повеќе за системи како С-400.Најпотентното воздухоповство на Балканот и најмодерно опременото,она Атинското ке биде загрозено не пак овие останатите..

Е сега ако НАТО толку време се мачеше да воспостави позиции на Балканот и да го консолидира своето Јужно крило и конечно Атина и Турција да бидат вистински поврзани со главнината на НАТО земјите,можеш ли да замислиш какви последици би имало за тоа толку важно Јужно крило ако на најклучната точка во срцето на Јужното крило Русија распореди систем со кој во круг од 400 км ке има контрола на воздушниот простор на НАТО?Замисли ако го распоредат во Македонија ке бидат во можност да ви ги рушат авионите уште на ваша територија,посебно со вашето воздухопловство Бугарија исто и како да го нема.Просто речено ке се создаде Црна дупка во сред клучна позиција на НАТО за кои тие најверојатно ке мора такви пертумбации да направат со концентрација на војска и опрема да ќе банкоритраат уште 5 држави.А во моментов НАТО со своите проблеми не може да реагира ниту на бунт во некое селце во Европа а камо ли да одговори на таква закана од стратешки размери.Погледни само како ја заклаа Германската армија со последната одлука на владата.Половина морнарица им отиде јабана.

Понатаму не знам што толку тупиш систем за одбрана.Кај напишав јас дека е офанзивно оружје?С-400 е систем за одбрана ама со својот домет тој ви ги врзува рацете на исте во круг од 400 км околу Македонија,дали ти е јасно што значи врзување раце?Разбираш ли ти потенцијалните закани од разместување на такво нешто?Нема да можете да дигнете авион без да знаат Русите за тоа,мислиш ке го толерира некој во штабот на НАТО?Исто како да си дозволил да инсталираат камери и микрофон Русите во воздухопловниот штаб на НАТО на јужното крило.

И читајте убаво,не велам дека ке го добие Македонија тој систем,велам дека Македонија би можела (под икс изговори јас го дадов за пример оној кој го користат НАТО челниките за размстување на нивното ПВО)да побара Русите да го разместат,слично како Американците во Полска или Романија.Да не примеа во НАТО веројатно Американците ке го направеа тоа,ама бидејќи е јасно дека НАТО не ја сака Македонија во НАТО тогаш ние како држава имаме право на соработка со држави на кои не им пречи истата,а Русија верувам дека не би имала ништо против како контра тежа на заканите на НАТО со инсталација на ПВО системи на нејзините граници да одоговори со инсталација на истите во срцето на Јужното крило на НАТО.

На крај Искандер е офанзивно оружје.А таквите се строго регулирани со СТАРТ договорите.Посебно разместување во странски земји.


Убаво напишав и во првиот пост на темата.Не велам дека с-400 навистина ке беше разместен,се што велам е дека можеше некој да изблефира,доволно ке беше само некој да спомне дека се РАЗГОВАРАЛО за такво нешто.Погледнете само колку години Русите добиваат отстапки со заканата за испорака на С-300 на Иран.Прашувам нон стоп па ке те прашам и тебе ФМИ зошто ако не е никаква закана толку фама секогаш кога ке се спомне испораката на таков систем на Иран?
Нам ни се загрозени националните интереси од страна на Атина со употреба на проекција на сила.Зошто и ние не би презеле сличен чекор?Па да видиме како е да се биде конструктивен и да се преговара кога си под закана на сила.Да видам која ке биде тогаш аргументацијата на ЕУ/НАТО политичарите,бидејќи и самите се свесни дека Атина намерно или не загрозува витални интереси на западот со нејзината игра.
Точно,евентуалната таква игра од наша страна ке има последици,ама пак и со ова играње до сега последиците се тешки за нас.Овака ке им ставиме до знаење дека ако сакаат една таква клучна позиција на Балканот како Македонија тогаш ке мора и тие да дадат нешто за возврат.А многу ли бараме?

--- надополнето ---

Разумно размислуваш ама свесен дека е тоа чиста научна фантастика. Може само да сонуваме и пак нема да биде :).

Една изјава без ништо конкретно напротив не би била СФ воопшто.Кога после ке дојдеа да се интересираат и убедуваат да размислиме веднаш ке одговоревме дека само сме ја разгледале можноста...Знаеш денеска не е тајна дека НАТО/САД/Западот е најранлив на сопствените тактики.Ал Каеда,Талибанците тоа се се инструменти кои во минатото ги користеа истите како контратежа на СССР.Така да штом тие со тактиката ако сакате во НАТО треба ,,добрососедство,, тогаш ајде и ние да пробаме и да видиме колку навистина сакаат да не видат во НАТО?А верувај сакаат.

А и да бидеме јасни,не велам дека треба да сонуваме за некакви сојузи со Русија или комплетно да се свртиме на кај неа,тоа веројатно би било погубно,слично на Србија која се надеваше на помош од истата.Едноставно треба еден мал флерт,па и по цена да го примиме еднаш,па да видиме љубоморниот НАТО како ке реагира?А знам дека е заљубен во Македонија.
 
Читав кај Зорив на блог пообемна анализа за флертов со Русиве, овде само накратко мое мислење околу Јужниов Тек. Како инвестиција изгледа супер, според ветеното од Русите и анализите глатко во македонскиот буџет би се слевале 50 милиони годишно од концесијата за гасоводот кој би водел до Италија, Србите веќе се влезени во агендата на Русите ние сме една секвенца до Албанија и Италија. Колку ова би значело геополитички за Македонија навистина не знам во моментов ако им ја подзатвориме вратата на НАТО и ЕУ.
Хајнрик погоре спомна дека ова треба да биде блеф на Македонија, но мене воопшто не ми личи на блеф туку асот кој Груевски го криеше во ракавот го извлече и им го покажа на комисарите од ЕУ кој мислам дека многу не ги тангира. Неговите изјави и неговата тврдоклавост не се базирала на неговата глупавост (очигледно дека ја поседува) туку на флертот со поранешниот втор човек на ГАЗПРОМ и актуелен премиер.
Пластично кажано ние се откажуваме да плаќаме рекет на Чичко Сем(трупи во кризни поддрачја и опремување на армијата по НАТО терковите) туку ќе си плаќаме рекет кај брачко Серјожа кој сега засега не знае никој како би изгледал но сите знаеме дека ќе го има.
Факат е дека Русија е се поголем играч на геополитичка сцена и времињата кога УСА им испраќаше жито за да седат во тенковите мирни да не проумрат од глад и добијат сулуди идеи е оддамна минато, ако Македонија дефинитивно им ја затвори вратата на ЕУ и НАТО, најпогоден од тој дил ќе биде никој друг него УСА. Протекторатот Косово ќе биде стеснет со Србија и Македонија од две страни исто така и новата амбасадата во Скопје ќе бидне само амбасада, планот за глобализација ќе застане тука некаде како една невидлива граница каде ќе си ги мерат токму Русија и УСА.
Мислам дека во наредниве недели ќе гледаме посети на високи американски претставници во Скопје и изјави на амбасадори да го тргнат за уши Груевски да ги испони ветувањата кој ги дал, како и да е интересна политичка есен која ќе разреши многу дилеми околу иднината на Македонија.

Неоспорливо е мислењето дека Газпром ќе биде искористуван од руска страна за да врши притисок врз владата во однос на некои решенија. Газпром има докажана историја каде неговото посредништво се користи за вршење влијание врз земјите со кои има договори.

Но сепак, дали Македонија ќе биде кусурот меѓу политиките на ЕУ/САД и Русија зависи од нас. На пример Грција многу добро си ја изигра таа улога, обезбедувајќи се со клучни нафто/гасоводи низ нејзина територија.

Парите од концесијата се споредна работа, прво од значење е снабдување на Македонија со ресурси (кои секако немора да значи дека ќе бидат поволни), а по друго создавање баланс меѓу Македонија и опкружувањето во однос на геостратешките потенцијали.

Сега е најважно да се изградат и коридорите до Бугарија и Албанија и да се стави во употреба друго поморско пристаниште, за да се скрати зависноста од Грција.
Според мене Албанија и ЦрнаГора се најповолни.


Според мене, не треба да се блефира, бидејќи ќе не научат, а плус ризикуваме да изгуби повеќе од вложеното. Ќе биде многу лошо за нас доколку оваа спогодба со Газпром на пример.. не биде реализирана, тогаш сме потонати и ќе бидеме ставени исклучиво под една сфера на влијание без можност за некое маневрирање.

Никој не прашува повеќе што се случува со оклопните транспортери БУКЕФАЛ кои беа ко-проект на Македонија и Украина, требаше да се произведуваат таму, а овде да се склопуваат.
Такво воено производство освен огромни пари значи и развивање на капацитети за вооружување.
Многу лесно може да се “заштеди“ на материјал и да се трга на страна по некое парче.

Повеќе би сакал Русите наместо да носат вооружување и војски, да ни отворат капацитети каде ние ќе им го произведуваме нивното оружје.
 
Bratot,

Се согласувам со тебе во целина, за да не ме стигматизира некој како проруски настроен само ќе кажам јас повеќе би сакал да западната заедница и НАТО да не прифати (заради сопствено добро) ама не како северни и вардарски туку како тие што сами си наложија во лисабонската декларација односно како Македонци зошто така си се самоидентификуваме.

Со преседан како што прават и ги кршат начелата на сопствениот статус за да му дозволат на северниот сосед да си ги задоволува хировите тогаш јас не гледам причина зошто ние да не блефираме и да не заиграме политички игри ако веќе му е дојдено за ова парче земја на некого.
Некни Французинот дојде да ни објасни дека Македонија е контрадикторна зошто бара да влезе во ЕУ, а не сака да го мени името како од татка му кој пакува лозје да е Македонија или пак некој приватен клуб тој да одлучи за една нација дали е контрадикторна.

Кога тие знаат да играат валкано, не гледам причина и Македонија да не игра таква игра, прочитај на А1 изјавата на Расмунсен ќе видиш дека на НАТО не му е сеедно кој ќе има контрола на оваа територија.
 
Сеуште нема вести од вчерашните средби на нашите представници со директорите на Газпром!
Пред некој месец веста беше објавена како „Македонија дел од Јужен Тек“ и како се е договорено и готово, а пред два-три дена беше објавено дека сега ќе се преговара и ќе ги убедуваме русите дека ќе имаат ќар од тоа!? И сега засега молк ... не ми се допаѓа воопшто но се надевам дека грешам.
Навистина е од големо значење оваа зделка да се реализира наполно. Доколку се само блефови и тропање глупости напразно , гадно сме се заебале! Ова нема врска со затворање врати на ЕУ и НАТО , а верувам дека нашите власти не се толку глупи за да помислат дека ќе ја исплашат ЕУ или САД доколку реализираат еден проект како овој во партнерство со Русија!
А ме интересира што бидна и со проектот за привлекување инвеститори од Катар ? Дали проектите се готови и одамна испратени како што беше најавено лично од Претседателот Иванов ?
 
Извесно дека Македонија ќе се приклучи на гасоводот “Јужен поток“


Македонија сигурно ќе биде дел од проектот “Јужен поток“ на рускиот гигант “Гаспром“ за пренос на природен гас од Русија кон европските држави.

Денеска претставници на руската компанија се сретнаа со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

“Се разгледуваат повеќе опции за како тоа да се направи, она што на овој состанок го договоривме дека Македонија има добри изгледи да обезбеди вклучување на Јужен поток било да е продолжување на јужниот крак кон Република Македонија или како транзитна рута за истиот. Второ решение секако е потешко остварливо бидејќи подразбира вклучување на други земји и таа е одлука која зависи од земјите во регионот како што се Албанија и Косово“, рече Ставревски.

Ставревски додава дека со вклучување на Македонија кон овој проект земјата ќе доби стабилна испорака на природен гас што е од витално значање за стопанството во земјава, но и дополнително ќе ги привлече странските инвеститори.

“Денеска дојдовме до заеднички став дека растечката потрошувачка на гас во Македонија ќе се обезбедува од Гаспром преку проектот Јужен поток. Техничките елементит на овој проект заедно ќе ги пресметаме и ќе ги определиме излезите и влезот во Република Македонија врз веќе подготвениот проект за гасификациај на Македонија“, рече началникот на департментот за проекти на “Гаспром“ Леонид Чугунов.

Како што вели Ставревски, потрошувачката на Македонија на природен гас се прогнозира да биде од 2,5 до три милијарди метри кубни.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=77600&kategorija=2
 
Поволната клима ебате :pos2:

Фактички ништо ново не договориле освен потврдување на и онака започната гасификација, доколку гасоводот не минува низ наша територија како транзит тогаш геостратешки сме добиле едно големо ништо.
 
Поволната клима ебате :pos2:

Фактички ништо ново не договориле освен потврдување на и онака започната гасификација, доколку гасоводот не минува низ наша територија како транзит тогаш геостратешки сме добиле едно големо ништо.

Прочита нешто?

Оти коментирате без да дочитате? :smir:

Како што вели Ставревски, потрошувачката на Македонија на природен гас се прогнозира да биде од 2,5 до три милијарди метри кубни.
 
"...или како транзитна рута за истиот. Второ решение секако е потешко остварливо ..."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom