Им текна: Македонија може да учествува во „Јужен тек“. Апдејт: веќе учествува!

  • Креатор на темата Креатор на темата Славјански
  • Време на започнување Време на започнување

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Македонија може да учествува во „Јужен тек“
Македонија можеби ќе се вклучи во меѓународен транзитен коридор за гас „Јужен тек“, ако се изгради крак низ македонска територија. За ова можност денеска во Санкт Петерсбург разговарале претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, министер за финансии Зоран Ставрески со генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер. Тие разговарале и за престојното потпишување на спогодбата за клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија, кое ќе создаде услови за учество на „Газпром„ во изградбата на македонската гасоводна мрежа.

http://www.time.mk/read/5ffdbd1028/fb3959c5cd/index.html

Добро е полека Македонската политика ќе излезе од рамките на политиката на коњ, кој гледа само право и ништо друго.
 
Одлично. Треба поблиска соработка со Русија.
 
Едно време даваха един авион за един-два воза патлиджани. :)
Ако даваат и сега еден авион за два вагони патлиџани одма да им дадеме двесте вагони патлиџани.Ние најмалку толку фрламе годишно.

--- надополнето ---

Инаку за Јужниот Поток русите забрзано преговараат со Романија да дојде на местото на Бугарија и тешко дека од нашето приклучување ќе има нешто.Само сепак добро би било да дојде и некој спореден крак и нашиве да го регулираат тој клириншки долг кој стана историски и трагичен.
 
Ако даваат и сега еден авион за два вагони патлиџани одма да им дадеме двесте вагони патлиџани.Ние најмалку толку фрламе годишно.

--- надополнето ---

Инаку за Јужниот Поток русите забрзано преговараат со Романија да дојде на местото на Бугарија и тешко дека од нашето приклучување ќе има нешто.Само сепак добро би било да дојде и некој спореден крак и нашиве да го регулираат тој клириншки долг кој стана историски и трагичен.

Не е препорачливо.И авионите им имаат попримено од Чернобил.Не сакам пилотите наши да мутираат, па после Груевски да нагласи преродба во 102 чекори (+ новата програма за спасување на македонските пилоти, во соработка со green peace и Сорос на Владимир Милчин).
 
Ако даваат и сега еден авион за два вагонипатлиџани одма да им дадеме двесте вагони патлиџани.Ние најмалку толку фрламе годишно.

Еее зборува се за композициja,не за вагон. Но това беше реално едно време преди 1989 година. Борбени авиони,коли,ракети и се што е оружие за плодове,зеленчуци,цигари,консерви,текстил во големи количинja. А да не зборуваме за нафта... почти без пари.
 
Македонија да побара членство во шангајската група.
Со Русија специјален договор за стратешко партнерство.
Со Еу и НАТО еден подолг на кој ќе пишува, произведено во Република Македонија.
Педераната ќе се израдуваат.
 
До таму се доведе работата што средбата на Иванов со Медведев мене ми заличи како храбар потег на македонската страна а тоа во суштина е еден нормален и многу задоцнат потег зошто тоа пред нас го направија сите европски земји.
 
Да имаа малку м*да и разговрот би требало да изгледа од прилика:

“Македонија загрижена од развојот на ситуацијата на Блискиот Исток и фактот дека сме во домет на одредени држави со балистички проектили, а во неможност да ги оствари своите НАТО аспирации заради константното одбивање од Атина, ја разгледува во соработка со Русија можноста да градење на заеднички анти-ракетен штит кој би гарантирал дека интересите на обете земји ќе бидат заштитени бла бла...’’ и доволно е да пратеа само една мисија демек ќе разгледуваат можностите за разместување, па ќе го видев Расмусен со кој тон ке се обраќаше...

Дур тогаш ќе летаа шатл дипломатии. Само помислата еден С-400, кој можат да го донесат во една тура со 3-4 транспортни авиони да се размести на таква клучна позиција како Македонија, има да направи таква брканица по НАТО штабовите, целото им јужно крило и антиракетни штитови и интереси општо, ќе се доведат во прашање. Е така да видиме како се преговара...

Доволно ќе беше ништо од ова да се оствари, само изјавата да изгледаше овака.
 
Имаш добар смисол за блефирање.
 
Стар и доста добар трик на Русите,спомнуваат само продажба или распоредување на некое од с-300/400 системите или нешто од балистичките проектили,и веднаш добиваат Американец или Израелец на преговори.Проверено успешен.Плус и Русите не би имале ништо против малку да попреговараат....
 
Македонија загрижена од развојот на ситуацијата на Блискиот Исток и фактот дека сме во домет на одредени држави со балистички проектили

РМ веке над 20 години е во тази состоjба и е во домет на балистични ракети и то от Балканот,не от толкова далеко.
"Едно" C-400 нема да всее страх... види Искандер да ке всее паника. Когато зборуваш за Едно C-400 мислам знаеш дека едно не може да соштествува,а минимум 1 баталион. Паника не може да се крене от баталион С-400,но от Искандер може.
 
РМ веке над 20 години е во тази состоjба и е во домет на балистични ракети и то от Балканот,не от толкова далеко.

А како е тоа релевантно со она што го напишав? Еве сега сме решиле дека од причина што ЕУ и НАТО одбиваат да ја примат Македонија која е јасно определена дека сака во овие структури, Македонија решила дека мора да разгледа други начини да ги заштити своите интереси. И еве за да не се најдете увредени, ќе го употребам речникот на шефот на организацијата во кои членува и вашата земја, Расмусен, и кој веројатно зборува и во ваше име, и ќе вметнам текст на охрабрување дека: Македонија,веднаш одкако ке најде решение за проблемот со името кој го има вашата членка (која нели со консенсуз ја поддржуваат сите во организацијата), ќе се врати на своите Евро и НАТО аспирации. Или во превод, ќе оставиме отворена врата за НАТО. :)

Поевропски звучи?

"Едно" C-400 нема да всее страх... види Искандер да ке всее паника. Когато зборуваш за Едно C-400 мислам знаеш дека едно не може да соштествува,а минимум 1 баталион. Паника не може да се крене от баталион С-400,но от Искандер може.

Види можеби и станувам досаден ама можеби ќе треба да поработиш уште малку на совладување на Македонскиот јазик. Оној што знае да чита и има основни познавања од општа култура па и интернет ќе свати дека С-400 е систем, а кога реков еден С-400 се подразбира убаво дека се работи за еден С-400 систем, значи не сум напишал едно. Е сега во зависност од потребите се разместува батерија, баталјон или полк од истиот, а нам верувам ќе ни заврши работа и една ајде и две батерии оти заборавив дека сме под закана на балистичките проектили на источниот сосед. Искандер не би го носел, знаеш осетливи се малку комшиите на ОФАНЗИВНО оружје, па може малку повеќе проблеми да си направиме. Со С-400 кое е дефанзивно оружје само си се браниме бидејќи нели имаме право на самоодбрана, од кај знам дека во некоја од тие земјите со балистички проектили нема да дојде некоја будала на власт?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom