- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
Викторија 2010 е новиот фудбалски клуб кој е формиран на местото на ФК. Победа Прилеп, која е осудена на 8 години забрана за било какви натпревари на европска сцена, како и во професионалните лиги во македонското првенство, заради наводно местење на натпревари во ЛШ.
Планот на новоформираниот клуб е да се фузира со некоја од екипите од околината на Прилеп кои се натпреваруваат во 3 лига и на тој начин да го избегне играњето во најнизок ранг.
Планот е да се влезе во 1 лига во најскоро време и на тој начин да се продолжи традицијата Прилеп да има прволигаш.
Коментари и текстови за новиот клуб, можат да се оставаат тука.
--- надополнето ---
Викторија ќе ја тренираат професори
Комплетиран е стручниот штаб на новоформираниот прилепски фудбалски клуб Викторија 2010, наследник на доскорешниот прволигаш Победа, осум години суспендиран од ФИФА. Главен тренер ќе биде професорот по физичко Кире Овезоски, порано асистент на Никола Илиевски - Џиџи и Драган Канатларовски. Овезоски неколку години беше на клупата од второлигашот 11 Октомври. Има и двегодишен селекторски стаж, во кадетската репрезентација. Има тренерска Б лиценца.
Негов помошник ќе биде Златко Петрески, исто така професор по физичко. Досега ја водеше младинската екипа на Победа, државен вицешампион. Тренер на голманите е назначен Благоја Смоквоски, некогашен голман на Победа. Стручниот штаб ќе го сочинуваат уште физиотерапевт и лекар. Нема ништо да недостасува во однос на претходната Победа. Клубот организациски се стреми да биде на ниво на прволигаш.
Што се однесува до управата, дознаваме дека најсериозен кандидат за претседател е младиот адвокат Симон Симоноски, досега потпретседател на Победа. Директор бил предложен Зоран Стојчески, претходно технички секретар, а за секретар Драган Спиркоски, некогашен напаѓач на Победа.
Амбиции се клубот да се фузира со третолигаш, да се натпреварува во тој ранг и да избори пласман во втората лига. Тимот ќе го сочинуваат млади прилепски фудбалери, на возраст до 21-22 години.