Формулава на Дрејк ми е многу интересна, но параметрите се произволни
N - е бројот на цивилизации со кои би можеле да стапиме во контакт
R* - број на ѕвезди што се формираат во тек на 1 година
fp - ѕвезди што имаат планети
nе - просечен број на планети кои имаат услови за развој на живот
fℓ - процент на планети на кои има било каков живот
fi - процент на планети на кои има интелегентен живот
fc - процент на планети кои се развиле до тој степен да бидат во можност да комуницираат со други цивилизации
L - времето потребно да се стапи во комуникација со други цивилизаци
R* = 7/year, fp = 0.5, ne = 2, fl = 0.33, fi = 0.01, fc = 0.01, and L = 10,000 years
N = 7 × 0.5 × 2 × 0.33 × 0.01 × 0.01 × 10,000 = 2.1
Прво да кажам дека формулата сама по себе воопшто не е шпекулативна, туку следи од едноставно статистички-физичко дефинирање на величините. Шпекулативни се проценките на факторите.
Според нивните проценки, типуваат на бројка од 50 вонземски цивилизации со кои имаме шанса да стапиме во контакт. Претерано конзервативна проценка. По мое мислење имаат направено огромен превид.
Имено, за L ставиле 500, претпоставувајќи дека просечна цивилизација би имала период од 500 години во кој би се обидувала да воспостави контакт со други цивилизации со ЕМ бранови, а после тоа преминуваат на квантно-механичка комуникација. Значи, таа бројка од 50 вонземски цивилизации не означува вкупно цивилизации во универзумот, туку цивилизации кои испраќаат ЕМ радио бранови. Останува нејасно зошто некоја цивилизација откако би го достигнала квантното ниво на комуникација, би престанала да испраќа и радио бранови, чисто поради комшиите кои можеби уште заостанале во радио-добата. Значи, многу поразумно е да се оди со L=5 милијарди години (уште толку ќе живее Сонцето), претпоставувајќи дека просечна технолошки развиена цивилизација не би регресирала и би опстојувала се додека на се изгаси домашната ѕвезда. И овде има место за дискусија: на пример Сонцето не е просечна ѕвезда; една просечна ѕвезда би живеела цели 50 милијарди години, и ако земеме пола од тоа, како периодот кога настанува интелигентниот живот (како што е случајот со Земјата), добиваме L=25 милијарди (!). Клучно во дебатава е дали повеќе ни се допаѓа Х.Џ.Велс или K.Sagan, односно дали сме оптимисти за опстанокот на цивилизацијата или не. Исто така, разумно е да се очекува дека во период од само милион години, една технолошки напредна цивилизација ќе може да колонизира и други соларни системи, така што во равенката би можеле можеби и да ги вклучиме сите оние цивилизации кои до сега се појавиле, при што добиваме огромна бројка за N (МИНИМУМ 2.5 милијарди вонземски цивилизации out there!).
Тоа значи дека една од 16 ѕвезди вдомува цивилизација способна за интерстеларна комуникација, неместо нивниот резултат од 1 во 8 милијарди. Сега има ли смилса СЕТИ проектот или не?
Сепак, нашиот статистички примерок за проценка е неверојатно мал, па затоа мораме да се потпреме на проценки. Интересно е која бројка би ја добиле доколку имаме еден строго статистички приод (без какви било претпоставки) врз база на податоците кои ги имаме до сега:
R=40
fp=1 (Бидејќи само за Сонцето сме сигурни дали има планети или не)
ne=1 (1 планета со услови за живот во Сончевиот систем)
fl=1 (1/1 однос за животот на Земјата)
fi=1 (повторно 1/1 однос за интелигенцијата)
fc=1
L за луѓето до овој момент е 50+
Излегува N=200+
СЕТИ има смисла, секоја програма која е насочена кон ѕвездите,има смисла Има луѓе кои се подготвени и бесплатно да работат, само да им се даде можност да учествуваат во нешто толку убаво.
Проблем е со отстапување на телескопско време, Американците се покажаа дека се заникаде на тоа поле, ако нема ќар нема што да се прави. А што ќар од телескоп може некој да има? Се е тоа насочено кон наука и за наука.Русите би сакале, али облачно им е таму па немаат шанса.
Среќа Австралија, некои европски држави и Перу, даваат малку љубов на проектот.
Никогаш радио брановите нема да бидат застарени, но и никогаш нема да можеме цел опсег да го набљудуваме, ниту пак тие, претпоставувам.
Ќе бидат актуелни, бидејќи се едни од фундаменталните работи во природата, но проблем е што нашите најверојатно немаат доволно сила да одат до бескрај, нели имаше некои претпоставки дека од кога се почнало со телевизиски преноси во 30-тите дека од тогаш сме започнале да зрачиме и едни од првите преноси е олимпијадата во берлин.
Мислам дека тука претеруваат, најмногу поради тоа, која е веројатноста некој сигнал да ја помине јоносферата?
Ај добро и да го прифатиме и тоа, до каде може да стигне и колку треба да се осетливи приемниците за да го регистрираат?
Единствени силни сигнали би биле оние кои се намерно пуштени со цел за комуникација или сигнали настанати од различни природни процеси, како супернови.
До каде може да стигне и која остеливост треба да ја имаат приемниците? - хм, интензитетот на сигналот опаѓа со 1/r^2, односно прилично брзо. Иако теоретски никогаш не достигнува 0, приемниците треба да бидат на ниво на неверојатна квантна осетливост за да го регистрираат (всушност, до таа мера осетливи што би требало да најдат начин да го заобиколат Хајзенберговиот принцип на неодреденост, односно да прекршат еден моментален физички закон!). Но никогаш не можеме да знаеме со каква технологија располагаат нашите вселенски пријатели.
Сепак, одлично и се поинтересно ќе станува.
Штета што се е препуштено на ентузијасти и нема поголема државна (американска) поткрепа. Али некој други работи им се поважни. На пример како да фрлаат пари за разбирање на дајврсити по школите или кампањи да се забрани зборот нигер или бесконечни муабети и лобирања про/контра абортусот.
(преписка со колега на темава)