НАСА пронајде живот на Титан

  • Креатор на темата Креатор на темата ACHQ
  • Време на започнување Време на започнување

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Истражувачите на американската национална вселенска агенција НАСА открија знаци на живот на Титан, сателит на Сатурн, објави Би-Би-Си. Податоците добиени од американската меѓупланетарна сонда „Касини“ покажаа дека на Титан живеат примитивни биолошки видови.

Овие „животни форми дишат атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги конзумираат хемиските соединенија од површината на Титан, со што ја добиваат потребната за нив енергија“, се вели во информацијата.

„Сметаме дека овие биолошки форми користат водородот од атмосферата на Титан на ист начин како што живите суштества на Земјата дишат кислород“, рече Крис Макеј од научниот тим на НАСА.

Тој не исклучува дека станува збор за апсолутно непозната форма на биолошки живот, целосно различен од земјиниот.

Титан е вториот по големина сателит во Сончевиот систем. Дијаметарот му е 5.152 километри, односно 50 отсто поголем од оној на Месечината. Откриен е во 1655 година од холандскиот астроном Кристијан Хујгенс.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123911

http://topnews.com.sg/content/22043-nasa-claims-evidences-life-titan-found

http://www.nasa.gov/topics/solarsystem/features/titan20100603.html
 
Тврдиме дека нема вонземјани во цела вселена, а нив да ги имало во Сончевиот систем. Фак ју Ен Еј Ес Еј! :D
 
И шо сега, пред цели 8 години пронајден е живот и на марс па не гледам тема за тоа, а повеќето уште се сомневаат дали имало живот надвор од беднава ни планета.
 
И шо сега, пред цели 8 години пронајден е живот и на марс па не гледам тема за тоа, а повеќето уште се сомневаат дали имало живот надвор од беднава ни планета.

некои завршиле основно а некои и средно .. па освен она шо им пишува по учебниците друго незнаат и затоа :)
а сеќаам некој и доказ ќе побара :) вонземјанец да му се покаже ... и по можност да личи на нешто по филмовине шо сме го глеале :)
 
некои завршиле основно а некои и средно .. па освен она шо им пишува по учебниците друго незнаат и затоа :)
а сеќаам некој и доказ ќе побара :) вонземјанец да му се покаже ... и по можност да личи на нешто по филмовине шо сме го глеале :)
Аа да, мало зелено рапаво со коси големи црни очи и лепливи големи прсти, дише кислород и мрази музика... впрочем од секогаш ми биле одбивни тврдењата дека вонземјаните се и мора да бидат хуманоиди со исти или слични услови за живот како нашиве.
 
И шо сега, пред цели 8 години пронајден е живот и на марс па не гледам тема за тоа, а повеќето уште се сомневаат дали имало живот надвор од беднава ни планета.

Ова до сега не е утврдено никаде.На Марс се утврдени основи да се создаде можност за живот - атмосфера и сл.- и тоа со помош на напредни методи од страна на човекот.Ова ако е точно е извонредно откритие.
Но и господ да не замешал прсти сме му досадиле па делува на страна?:smir:
 
Богохулие, дајте да видам слика оти не верувам:pos2:
 
Па не е баш многу чудно да има живот на Титан бидејќи исполнува некој услови за да има живот на него како на примерИма атмосфера,има мориња (од течен метан) и др.
 
Да не се радуваме пред време, ме интересира дали ова откритие е направено од сондата Хајгенс, единствената што слетала на Титан. Пошто Хајгенс не испраќа податоци на Земјата веќе долго време, ова е доста чудно.
 
На друга тема веќе напишав...
Практично не е откриен живот туку хемиско - физички нтеракции кои навестуваат на постоење на живот базиран на метан... Првиот труд објавен во списанието Икарус, укажува дека водородот кој се создава во горниот дел од атмосферата пополека се спушта надолу но никогаш не доаѓа до површината на планетата туку практично исчезнува во некој хемиски или физички процес во долниот дел на атмосферата, што наликува на можно “дишење“.... Вториот труд објавен во Journal of Geophysical Research, укажува дека на површината на Титан нема ацетилен кој поради интеракцијата на светлината со хемиски компоненти од атмосферата на Титан мора да биде присустен.... Практично Касини потврди дека на површината од Титан нема ацетилен. Двете појави засебно може да се објаснат лесно но комбинирано укажува дека тука има интеракција од нешто што нам не ни е познато.
 
Колку што знам сателитот на Јупитер Европа има најдобри услови за живот во сончевиот ситем (после земјата нормално :)) бидејќи има огромен леден океан и се претпоставува дека има и посложени биолошки организми под дебелиот мраз. Прашањето е зошто подетално не е испитан до сега.
 
What is Consuming Hydrogen and Acetylene on Titan?....
Некој процес трошел Водорот и Ацетилен на Титан и веднаш циркузи...Си нашол рогови а викаш дека си уловил бизон. Ајде бе...:pos2:
А тоа на Марс се можни но далеку од сигурни фосили на Бактерии.Ако малку се заинтересираш ќе разбереш дека е екстремно тешко се потврди и наод од земјата на бактериски фосили. Затоа благе везе се нема од еволуцијата на бактериите. Според тоа не е многу и за верување и дека на тоа се фосили на бактерии од Марс.
 
Колку што знам сателитот на Јупитер Европа има најдобри услови за живот во сончевиот ситем (после земјата нормално :)) бидејќи има огромен леден океан и се претпоставува дека има и посложени биолошки организми под дебелиот мраз. Прашањето е зошто подетално не е испитан до сега.

Европа е главно составен од вода, најрамниот сателит во Сончевиот систем, главно заради тоа што е составен од мраз. Се претпоставува дека постои течна вода близу центарот на Европа, каде што е можен живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom