Затворот Идризово ќе биде урнат, ќе се гради нов

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра

Затворите во земјава ќе бидат целосно реновирани, според најстрогите европски стандарди. Зградата на најголемиот затвор во државата „Идризово“ ќе биде урната и на нејзино место ќе се изгради нова зграда, според најсовремените европски стандарди на 43.000 квадратни метри со капацитет за 1.510 лица.
Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра. Македонската влада ќе обезбеди 2,5 милиони евра буџетски средства, а преостанати пари ќе се обезбедат од фондовите ИПА, а и од фондот на норвешката влада.

Министрите за финансии и за правда, Зоран Ставрески и Михајло Маневски,врлат дека заемот е обезбеден под исклучително поволни услови, а рокот на отплата е 20 години со пет години грејс период.

- Каматната стапка е варијабилна и за секоја транша ќе се одредува посебно. Договорено е каматната стапка да се одредува според шестмесечен еубор плус 0,3 отсто, рече Ставрески.

Министерот за правда Маневски појасни дека станува збор за најголемата инвестиција во оваа област во Македонија.

- Конечно со реализацијата на овој проект Македонија ќе ги надмине сите приговори околу затворските услови, како што беше за пренатрупеноста, несоодветните услови и слично, рече Маневски.

Спред него, покрај изградбата на нова зграда во Идризово, предвидено е подобрување на условите и зголемување на сместувачките капацитети во затворите во Куманово и во Шутка, како и изградба на нов воспитно поправен дом во Тетово.
 
криминалци на криминалци им прават удобности :toe:

битно да се гради нешто...
 
Ама удара она по ЕВРОПСКИ стандарди...таман е затворот чунки и така казнува но НЕ ПОПРАВУВА!!!

А за европскиве стандарди...знаат..тие кои лежеа во франкфуртските ма и низ цела германија и ЕУ затвори од прва светска војна каде вообичаено чуварите се наци расположени:)

Туку може и да не успеат да го урнат на прва...како охридскиов хотел:pos2:
 
Затворот Идризово или попрецизно објектот е изграден после Втората Светска Војна, па редно беше да изградат нов со уште повеќе затворски ќелии.

А каде ќе ги сместат затворениците од Идризово, ако тој се руши, Шутка затворот е преполн, останатите низ земјава исто така се преполни, немаат доволно сместувачки капацитети, или овие што се во Идризово планираат да ги испуштат на улица и на условно.

Незнам, работава не ми е јасна малце.
 
^
И јас се прашував истото,кај ке ги сместат:nesum:ама сепак можеби имаат испланирано и за тој проблем.Оти не може да им текне преку нок ај ке градиме а со затворениците ке видиме што ке правиме.
 
^
И јас се прашував истото,кај ке ги сместат:nesum:ама сепак можеби имаат испланирано и за тој проблем.Оти не може да им текне преку нок ај ке градиме а со затворениците ке видиме што ке правиме.
Има две решенија за затворениците од Идризово:
- Во случај до сегашниот да се гради друг, нормално, ќе си останат внатрре во КПД, или
- Да се урне сегашната зграда, и во најбрз можен рок да се изгради нова зграда, а затворениците привремено да се сместат во другите затвори низ Р. Македонија (Велес, Штип, Струга, Охрид итн...)
 
или да ѓи пратат на еднодневна работа некаде, и до вечерта да го изградат :)
 
а каде ке ги пратат 850 затвореници колку што има во зградата а или вкупно се 1600 по сите други одделенија тоа треба све да се сруши па јово на ново нели
 
, а затворениците привремено да се сместат во другите затвори низ Р. Македонија (Велес, Штип, Струга, Охрид итн...)

Па преполни се затворите во останатите градови, ќе бидат сите начичкани и збутани, ќе нема место игла каде да падне, а не пак да ги сместуваат.
 
сите други затвори заедно го имаат капацитетот колку сто има во идризово во моментов така да ќе биде интересно да видам како ќе го изведат тоа хахах
 
а каде ке ги пратат 850 затвореници колку што има во зградата а или вкупно се 1600 по сите други одделенија тоа треба све да се сруши па јово на ново нели

Де бе мислете малце.. најлогично е да се изгради нов и тогаш ќе се сруши стариот..а не прво да се руши па после да се гради..немора баш на исто место да се гради новиот,може на друга парцела.. иначе за место има место ќе ги собере сите,еве пример новиот во Кумановско Кшање ер готов,со сите стандарди,али уште не е пуштен во употреба (незнам од кои причини)
 
Па време беше и тие се луѓе, само сега е малку чудно затворот ќе биде поубаво место за седење од студентските домови на пример, или треба и за нив европската унија да апелира за да се средат. Ама сепак од некаде мора да се почни.
 
ова ќе испадне дека секој за себе си гледа бе. никако од политичар не се станува студент, да знаеш. :tv:
 
Де бе мислете малце.. најлогично е да се изгради нов и тогаш ќе се сруши стариот..а не прво да се руши па после да се гради..немора баш на исто место да се гради новиот,може на друга парцела.. иначе за место има место ќе ги собере сите,еве пример новиот во Кумановско Кшање ер готов,со сите стандарди,али уште не е пуштен во употреба (незнам од кои причини)

што тресеш зелени бе море целиот капацитет на другите затвори е само колку што има идризово а и таму е преполно сите се жалат не ми кажувај на мене барем за тоа а за други парцели може да се среди ако се сака а и тој кумановскиот е далеку од готов
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom