Денот на победата против фашизмот, Иванов во Москва

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Нека ни е честит денот!

Баш ме интересира каква ќе биде парадата на Црваниот плоштад оваа година.


Претседателот Иванов во Москва на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во посета на Русија, каде што утре ќе присуствува на воената парада по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот.

На свеченоста по повод 65-годишнината од победата во Големата татковинска војна 1941-1945 година, покрај домаќините рускиот претседател Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин, ќе присуствуваат уште трисеттина шефови на држави и влади, меѓу кои и претседателите на Франција Никола Саркози, на Кина Ху Џинтао, на Грција Каролос Папуљас, на Украина Виктор Јанукович, на Белорусија Александар Лукашенко, на Србија Борис Тадиќ, на Хрватска Иво Јосиповиќ, на Словенија Данило Тирк, на Бугарија Георги Прванов, премиерот на Италија Силвио Берлускони, германскиот канцелар Ангела Меркел, како и Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

На парадата ќе учествуваат повеќе од 12.000 војници, 100 авиони, над 150 оклопни возила со различни видови ракети, а тоа што ја издвојува оваа манифестација од сите досегашни е што по првпат во руската историја четири НАТО батаљони ќе бидат меѓу учесниците на парадата.

Руската Влада и Министерството за одбрана за овој настан одвоија околу 20 милиони евра.

На 9 мај 1945 година нацистичка Германија потпиша капитулација во Втората светска војна. Светот го одбележува 9 мај како Ден на победа над фашизмот иако војната дефинитивно заврши неколку месеци подоцна со безусловната капитулација на Јапонија по американскиот атомски напад врз Хирошима и Нагасаки.

МИА
 
Што па принцот...ами 70% од загубите на германците биле нанесени од Русите т.е што партизани,де војска,па битки,уништување тенкови(замена си неискусен екипаж)....СССР ја среди Фашистичка германија....десантот во нормандија и војникот рајан сакс!!!

+ да додадеме дека англичаните извршија масакр врз дрезден со термите-значи ГРАД со Цивили...наместо да ги уништуваат капацитетите за производство на Оружје и отрови+со попуштањето на германија да ја анексира чешка сами си го набија оти Швабите добија на готово солидна количина оружје...интересен е фактот што многу бугари,албанци и др работеле за германската воена машинерија.
 
1272631234_b12da4826a1d.gif

:smir::smir::smir::smir:
 
Саркози и Берслускони откажале, велат каква парада само кон Грција гледаме, состојбата во еврозоната била "вонредна". :pos2:
 
парадата на Црвениот плоштад е одамна почната - директно оди на РТР планета- доколку имате можност -гледајте -:smir:
 
Интересна е пораката на Русија со овие паради и давање на важноста на истата.
Фашизмот е воскреснат, ние сме повторно тука.
 
Значи браво Ѓоле! На средбата со Медведев, дискутирале за билатералните односи Македонија-Русија, за потпишување на договор за пријателство и соработка и, најважно, подобрување на економските односи. Исто така важно, го дискутирале прашањето за олабавување на визниот режим за руски државјани. Медвеедв го поканил Ѓоле да присуствува на Економскиот форум во јуни во Петербург. Ѓоле исто така се сретнал со Патријарх Кирил од Руската Православна Црква.
 
Ѓоле добро си ја знае историјата на својот народ и држава.
Одличен претседател.
 
Интересна е пораката на Русија со овие паради и давање на важноста на истата.
Фашизмот е воскреснат, ние сме повторно тука.

А кај нас.Не видов дека нешто се фалиме со антифашизмот или пак имаме било какво одблежување.Да не ни е згодно од комшиите кои беа НА ДРУГАТА СТРАНА .
 
Наместо вчера да го одбележиме Денот на Победата над Фашизмот ние вчера го одбележавме денот на проститутката Европа.
Ова е голем срам за Македонија. Поважно ни е нас денот на Европа отколку победата над Фашизмот.
 
ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!!!!!

А околу економската соработка...сметам дека градежната индустрија има перспектива.

Добар е ѓоле...го оправда гласот.
 
А муабети што можеш да чуеш од оние со избричени глави што ги има во Битола, Велес, Прилеп, Штип „Што ти копа очи Фашизмот“.

Таквите Лобоси истакнаа теорија дека да не била 2 св. војна, ние ќе сме биле под окупација на србите (и по малку хрватите и словенците)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom