Хемија во Храната

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Со ова не сакам да ве уплашам....само отворање на очите, посебно на увозени работи кои доаѓаат од други земји па и од Еу. Во Еу се продаваат истите продукти ама не мора да значи дека составот или пак квалитетот е ист.

Како ќе стигнам ќе ја збогатувам темава и со други прехрамбени продукти и хемијата во нив...сега прво за месото како најомилен прехрамбен продукт.

Со преминот во 20. век, посебно после втората светска војна консумацијата на месо се има речиси дуплирано. Со самото тоа се јави потреба на „подобро„ одгледување на животните за нивно побрзо размножување. Здруженијата за заштита на животни и и тие за заштита на потрошувачите и нивните права алармираат и критизираат за неправилното држење на животните (суровоста во тоа покрај нив) во фабриките за масовно размножување.

Во држави како Германија, Франција или Италија се колат по 85 милиони свињи во просек на годишно ниво од кој голем дел од нив до нивната смрт поминуваат низ една врста мачеништво.

Да не навлегувам во тематиката на нивното држење бидејќи целта на темава ми е „хемијата во прехрамбените продукти„ а не начинот на нивно држење и влезот на био продуктите и тие од „слободно„ држење на животните (значи слободно на поседот, во фармата итн. не во штали) на пазарот во последниве години.

Сепак ќе спомнам некои работи. Животните живеат во најтесни штали, патат од тесниот простор каде во подот има решетки и канали по кои канали оди нивната урина и код. Поради овие работи некои дури се касаат меѓусебно на опашите или на главите или ги јадат фекалиите на нивните соседи.

fahr4.jpg

l2_5_pre.jpg

Истражувачи за однесувањето на животниве откриле дека тие патат од права тага. Наместо да се бараат причините и решат самите некој одгледувачи само им ги исекоа опашите на тие животни и им даваат сретства за смирување.

На времето една свиња во просек имала време од една година да направи сало и месо а денеска тоа време е скратено на 180 денови. Ова е можно со давање на една цела палета на фармацевтски хемикалии а „превентивно„ им се даваат и антибиотици. Со тоа сака да се заштитат животните (и нивната покачена осетливост) од инфекции.

Антибиотци кај луѓето предизвикуваат опасни алергии, до 10% од населението се алергични против пеницилин, за други алергии да не зборуваме. Процентот кој е во зголемување може да се намали само со строго контролирање на „потрошувачката„ на антибиотици од било кои извори (медицински и немедицински).

На пр. пред нешто од 20 години во Италија забележале родителите на едно дете дека неговите гради се развивале ненормално брзо. Кратко после тоа еден голем дел на телешко месо во бебешката храна била повлечена. Месото имало острогени, женски сексуални хормони. Со овај хормон се намалува апетитот на животното (значи потрошувачка на храна) ама се зголемува тежината на самото тело. Покрај природниот остроген има и синтетички произведени хормони кои хемиски (по структурата) се исти ама немаат дејство како природниот остроген. Еден од овие е хормонот наречен диетилстибистрол (ДЕС) кој на младите јагниња им се додава(л). Третирањето на бремени жени со овај хормон предизвикува кај нивните ќерки рак во вагиналниот дел (помеѓу 15 и 23 годишна старост).
DB00255.mol.t.jpg

диетилстибистрол

Во меѓувреме синтетичкиот остроген беше забранет ама природниот (екстрахиран) смеат ветеринарите да ги употребуваат за „медицински„ цели.

Голем дел од самото месо е и воденасто, има голема количина на вода во себе. При пржење ова месо се топи на само една третина од својата маса. Ова е еден резултат на масовното држење на животни. Ова месо стручно е наречено ПСЕ (pale, soft exudative=бледо, меко, водено). Причините на овај резултат е стресот под кој животното подлежи за време на животот. Стресот доведува до една прекупродукција на адреналин, еден хормон на споредниот бубрег. Адреналинот пак го активира ензимот гликоген-фоспорулаза.
Со тоа после колењето доаѓа до преминување на овај ензим во млечна киселина. Секое прасе денеска го има ова ПСЕ (повеќе или помалку) во месото.

Виолетовиот печат на месото кој е само потврда за тоа дека месото нема трихинела или ТБЦ или некој други познати (за болести предизвикувачки бактери) не е потврда за тоа дека месото е тотално здраво.

Еколошкото загадување на околината се осеќа и во прехрамбените продукти. Посебно покрај многу фрекфентни улици или автопати и индустриски комплекси има пад на квалитетот на храната (пасишта) и со тоа рузици за здравјето на крајниот конзумент.

Во месо во прва линија се наоѓаат траги од тешки и доста отровни метали како Олово и Кадмиум (со Арсенот еден од најотровните).
Cd_DSCN1706.jpg

s9s.JPG

Кадмиум иначе беше и во некои делови од светот уште се користи во галваниката, при производство на некои батерии (акумулатори), при производство на поливинилхлорид, фарбање на пластики и стакло и делумно при производство н акалај за лемење.

Во околината овој елемент стигнува, освен при индустриски процеси, исто и преку триењето на гумите на возилата од патиштата.

Европската комисија со неколку директиви го забрани овај елемент и стави граници за различен тип на продукти (паковки, тетрапак, играчки, фолии, електроника итн...). За жал таа граница не е нула бидејќи технологијата за негово детектирање не е толку софистицирана да ги измери тие ниски граници.

041_Cadmium-FREE_N.gif

Европската унија ги контролира добро во меѓувреме се што влегува во Еу ама не се што излегува. Иако не смеат ни да се произведуваат тие работи во Еу. Бидејќи нема единствени казнени мерки земјите аматерски се однесуваат со овие мерки. На пример казнените мерки во Ирска се со до неколку години затвор а во Грција само глоба од околу 300 евра за кадмиум во електроника. Па тогаш јас ќе одам таму и регистрирам фирма и ќе го преплавам цел балкан со овие продукти....што ќе платам 300 евра казна и подмитам инспектори е друга работа.
Едноставни се во произвотство и репроматеријалите се отпадни материали...

Да се вратам на месото.. органите за дезоксидација на телото се знае кој се, џигерот и бубрезите. Според тоа најголеми концентрации се наоѓаат во овие органи. Во просек свински „внатрешности„ имаат 1000 милиграми, јагнешко околу 250 милиграми по свежа мера на килограм. Во бубразите на постари говеда на пример оваа концентрација може да дојде и до 40 000 микрограми на килограм. Во мускулно месо овие концентрации се многу пониски, 50 во свинско и 10 во говедско.

Значи при земање на 200 грама бубрези од оваа сорта еден 70 кг тежок човек веќе ја зел количината на кадмиум за наредните 16 недели (граница според светската здравствена организација). Ако се додадат и другите извори за кадмиум, како пушење и други прехрамбени продукти тогаш нема лимитација на контаминацијата во телото.

Тестови имаат покажано дека при една дневна консумација од околу 60 микрограми кај 1% од 50 годишни луѓе се јавуваат здраствени проблеми.

Иначе кадмиум предизвикува проблеми и штети на бубразите, висок крвен притисок, штети на коските и рак. Недостатокот на железо во организмот пак го олеснува примањето на кадмиум во телото. Некои други елементи во телото, како бакар и бифенили го појачуваат неговото дејство.

Ситуацијата со оловото исто така е алармирачка. Големи концентрации на овај елемент можат да се најдат и во растителна храна кои ги земаат животните.Посебно оптеретени се хранливите состојки кои имаат многу белковини..што и преку воздухот животните го примаат овај елемент (во вид на прашина).

Оловото покрај другите токсичности што ги има може да ја поремети и продукцијата на хемоглобин во крвта. Ги блокира ензимите кои се одговорни за да го спојат железото во хемоглобин молекулот. Со тоа автоматски се пореметува испораката на кислород во келиите.
lead-free.jpg

Иначе покрај елементите во месото стигнуваат и хлорооргански соединенија, субстанции кои настануваат со индустриска синтеза (креирање) и ги нема во природата во таа форма.

Овие хлор-органски субстанции имаат голема токсичност, долготрајност и добар прием во човечките органи. Овие субстанции поради нивната неполаризираност не се раствораат во вода ама се концентрираат во маснотиите од луѓето и животните и со тоа се долготрајни. Преку прехрраната и месото стигнуваат и до човекот. Најчесто се зборува овде за полихлорирани бифенили (PCB).
pcb.jpg

Стигнуваат во животинската храна од времето кога беа користени за борба против (пестициди) штетници во растенијата. Иако примената на овие субстанции е ограничена сепак нивната концентрација не е намалена, поради нивната долговечност.

Рибното брашно како храна содржи голема концентрација на овие субстанции. Рибно брашно се користи во исхраната на свињите и кокошките. Овие субстанции се исто под сомнеж дека предизвикуват некои врсти на рак. Се знае дека ја појачуваат активноста на кадмиумот во телото.

Оваа листа на штетни субстанции и тешки елементи може да се продолжи...

Што се однесува пак до конзервирањето, кое низ човечката историја се променило мора да се напомене дека конфорноста на денешното време донесе и штетни материи и во овој начин на долготрајно чување на храната, посебно месото.
Dosenfutter460.jpg

Порано начинот на конзервација бил преку сушење, чадење или екстремно посолување. Денеска се користат субстанци како нитрат, се додава како калиум нитрат (на месото во месарите им даваат црвенкаста и лажна свежа боја). Нитратот на месото се прерла во нитрит. Оваа редукција се случува и во човечкиот организам при преработка на храната во желудникот и цревата.

Нитритот на месото ги ништи микроорганизмите. Во некој земји само нитритот е дозволен пошто не се знаат последиците и целиот процес на преминување по пат на редукција (од нитрат во нитрит) и дали таа редукција е комплетна или првата субстанца влегува во организмот.

Се вика деkа ниту нитрат ниту нитрит не се канцерогени ама заедно со човечките амини во кисела средина создаваат (како таа во желудникот) нитросамини. Овие субстанции се едни од најопасните предизвикувачи на рак кои се познати до денес.

Со нитритот се правени комбинации со витамин Ц кој се смета за добар „борец„ на појавување на неконтролирана делба на келии (рак)...и така додаваат некогаш комбинации на аскорбинска киселина (витамин Ц) и нитрит.

Иначе како што напомнав овај сол дава црвена боја на месото и луѓето се навикнати да гледаат црвенкасто кога мислат на свежо месо...бледото месо се категоризира одма дека е бајато.

Ни се навикнале очиве и на хемијата.

Иначе покрај нитритот дозволени се и фосватот, алуминиум сулфат, глицерин, глиоксал, субстанции за боење итн...ова кај колбасите. Субстанции кои ја спојуваат и згуснуваат масата во колбаси...

Иначе чадењето како стар и уште омилен начин исто не е без опасности. При процесот на чадење се ваѓаат течностите од месото ама се јавуваат феноли (канцерогени), формалехид, оцетна и мравја киселина. И кај овај начин на преработка има различни техники...ладно чадење, жешко и црно чадење....црното содржи катран изгореници од дрвото кое се гори под месото.
rauchwagen2.jpg

Замрзнувањето на месото исто има влијание. Условот за добра конзервација со мрзнење е брзо замрзнување на минус 18 до минус 40 степени. Овие температури не се секогаш практиувани и микроорганизми лесно влегуваат во процесот...посебно при повторно замрзнување, кое доста се практикува само за да не се фрли месото.
 
Потполно си во право и јас лично се согласувам со твојата констатација што е реалнос и тоа барем јас го осеќам по вкусот бидејќи колку за толку паметам вкусови на месо од по одамна.Е кажи ми како сега да се справиме со тоа зло што се приредува на се а камо ли само на живтните и нивниот продукт.НАУКАТА е демек преокупирана со работа а дали се знае за што е преокупирана и кои се нејзините резултати на виделина освен да истражуваат и да даваат амин на злото или врзан синџир а за последиците не се размислува и утре ќе ни кажуваат разни не основани приказни а народот на сето тоа им се исмејува но они се барем упорни во подршката на негативното бидејќи по истото формираат став а за реалното се во дилема да го завземат својот став.ПОЗДРАВ

Не би требало квалификатот БИЗНИС да се употребува во оваа тема бидејќи постои можност да се одалечите од истата бидејќи е многу интересна и важна.ПОЗДРАВ
 
...Е кажи ми како сега да се справиме со тоа зло што се приредува на се а камо ли само на живтните и нивниот продукт.Н..

Шо да се направи...ништо! Закони нема адекватни и контроли никакви. Незнам кој министер кај нас е задолжен за овие работи, највероватно тој за земјоделие. По западните земји имаш министерство за потрошувачи кое горе долу ги штити правата на потрошувачот...контрола на медикаменти кои им се дават на животните, нивната храна, испитување на земјиштето итн итн...

Кај нас тие министерства не настануваат. Подобро е да имаш министер без ресор кој ќе се ангажира за охридскиот рамковен и негово толкување за да се добие нешто повеќе за едната етничка заедница.

Дека сите исто јадат и така се трујат на никој не му е гајле.

Ќе се живее со ризиците... и ќе се моли во црква господ да ни дал добра генетика отпорна на овие работи

Ризиците кај месото демнат во: џигери, бубрази, мрсно месо, скара на дрво, пржено...шунка или месо печено или пржено со кашкавал. Водата во која се одмрзнува пилешко не се истура и така е опасност за салмонела, хигиена во самите кујни...мелено месо од одмрзнување па и купување на свежо може само 8 сати да издржи во фрижидер. Скарата не се чисти добро за наредниот работен ден..
 
Затоа натофци, кфорофци и други оФци сами си носеа производи и вода...знаат колку е присутна контролата на овие простори. Ние сме на чекор до она што беше СССР и СФРЈ, да се ќути додека народот се труе. Ако се потсетиме на анкл Велија и неговите хормонски зајакнати и одмрзни-замрзни батаци. Истото се случува и ден денес со храната и пијалаците, контрола мањка.
 
:pos2::pos2::pos2::pos2: СЛУШАЈ - во право си да знаеш а што се однесува до рибата ако се сеќаваш или не знам која генерација си или по распадот на ЈУГОСЛАВИЈА кога во трговијата пливна ефтино во исхраната а народот се граба а и сега е исто кај нас за на друго место незнам а после почнаа експертите да кажуваат дека со тие риби или таквите увозни ефтини работи се давале на водениот свет или се фрлале во морињата и океаните ама најдеа трло без офчар и лупај мајсторе тука има не писмена раја.И ден денеска е така а сега па и со старата технологија со дотраената бела техника старите возила или тоа е ужас но некој кај нас дебело профитира околу тоа.А знаеш што и нашите производствени капацитети што се за храна влегоа во таа разработена странска шема за да се вклопат или да не бидат по назад или до дека да го однесеш до дома е веќе расипано.Од тие црните големи мушици што плукаат по месото или што се размножуваат на тој начин па стално удираат и по нас или изгледа веќе насетиле дека и нашиот организам оди на расипување или им мерисаме на скапано.Ама ако продужи така изгледа ќе најдат некоја пукнатина и на нашиот организам или тело.Ај нека сум во грешка.ПОЗДРАВ

Затоа натофци, кфорофци и други оФци сами си носеа производи и вода...знаат колку е присутна контролата на овие простори. Ние сме на чекор до она што беше СССР и СФРЈ, да се ќути додека народот се труе. Ако се потсетиме на анкл Велија и неговите хормонски зајакнати и одмрзни-замрзни батаци. Истото се случува и ден денес со храната и пијалаците, контрола мањка.

Само...бидете фер, не цитирајте цел прв пост. Со 3-4 цитати ќе испаднат 20-тина страни, тешко за читање.
Ова се однесува на Војо.
Не знам уште да го одвојам на што сакам да дадам коментар или мое мислење затоа инаку се слагам на твојата забелешка кон мене.ПОЗДРАВ
 
Ок Војо, нема гајле.

Во врска со темата би потсетил дека никогаш и немало некоја контрола посебно од пред 20-30 години наваму. После чернобилската катастрофа ние увезуваме памук, млеко и мелено месо од земји кои се меѓу најпогодените од радијацијата. Да се потсетиме и на батаците на Велија...
Као Бурунди сме...спас од ова зло нема во вакви земји, без разлика дал си богат или сиромав.
 
А дали знаеш кога НАТО фрлаше бомби над СРБИЈА и КОСОВО а јас знам оти стално бев на такво работно место тогаш или имаше еден вид на ситни мушички и од истите на плеховите и на други површини имаше со купови изумрени ама изгледа родот им преживеа како што приметувам денеска ама веќе се осеќа или се приметува на тие тогашни места дека бројот од рој од тие па и други мушички и инсекти е намален а да не правиме муабет за трнсформацијата на тие хемиски соединенија преку почвата или храната.ПОЗДРАВ
Или ако се нафати некој да прави контрола на храната требе се да се затвори.
 
Што има во Млекото?

Млекото не е само пијалок туку и прехрамбен продукт. Пола литар млеко го снабдува возрасниот човек со околу 70% од потребните протеини (белковини) и скоро 80% од потребната количина на калциум.

При преработката преку пастеризација се денатурираат од 50 до 90% на белковините а кај во вода растворливите витамини од Б и Ц групата има загуба од 20%. Сепак овие загуби се добар компромис кога се земе во предвид заштитата од бактерии и на некој начин зачувување на прехранливоста на млекото.

Потврдено е ама дека луѓе кои се навикнале на хомогенизирано млеко покасно јавуваат неподнесливост на природно млеко.

Иначе млекото нормално содржи неколку стотини бактерии по центиметар кубен. Покрај овие природни кајмови има исто и некои кои предизвикуваат болести...мал број од овие се и за човекот штетни.

Иначе пастеризираното млеко кога ќе стигне до крајниот корисник може да издржи уште само два до 3 дена. Млекото е во тој момент старо скоро една недела. Постарите луѓе знаат дека кога млекото се разипе се скиселува. Денешното млеко кога се расипе го нема тој кисел фкус ама млитав и скапан фкус.

Причините не се хемикалии во овај случај бидејќи тие се забранети директно даа се користат. Причината е во чувањето по фрижидерите во млекарата на пр. При тоа се продолжува рокот на млекото ама бактериите кои се одговорни за градење на тие киселини се блокирани во нивниот раст ама не тие другите кои не се одговорни за скиселување на млекото. Значи има создавање на една неприродна рамнотежа помеѓу овие два типа на бактерии.

Во млекото исто така можат да се најдат полихлорирани бифенили (PCB) како кај месото. Овие доведуваат до пореметувања па и штети во бубразите, желудникот и џигерот. Тестирања на животни покажаа дека оваа супстанца има влијание на хепатитис вирусот и на способноста да создава рак на џигерот. Човек ќе се праша сега што е поздраво тогаш...ракија или млеко за џигерот.

Оваа супстанца се користеше исто како стабилизатор во бои и лакови. Имаше еден сличен скандал со кинеско млеко...

Има и тешки метали кои идаат преку храната и не се филтрираат комплетно низ телото на животното туку се разредуваат до некоја пониска концентрација.

За други супстанци покасно...
 
Во последно време почнав да приметувам дека многу продукти почнаа да го губат својот ПРАВ вкус. Не е она што беше- и навистина е загрижувачки. Некој треба да си стави прст на чело.
Како еден пример ќе ја наведам павлаката, која за жал од година во година се’ помалку наликува на себеси.- (да не набројувам понатаму , оти листата би немала крај-чинам)

Постојат луше кои имаат во штала крави и ги хранат со природна храна а исто така и свињи, некои им даваат концетрат.

Самото месо во западните Европски земји нечини бидејќи прво со струја ги убиваат па после ги колат и останува многу крв во нив за разлика од тука.

И ич не мие гајле дали живеат со тага или кокошките се стресени од тоа дали ќе ги колат или не, кога сум гладен молам бога да има во фрижидерот 2-3 парчиња било какво јадење. Што треба луксузен апартман да им се додели на свињите?

Што е денеска здраво? Седење пред компјутер е многу поштетно одколку јадење на пилечи стек као пример земам ова и го сакам оној Бразилскиот иако го чекам месец дена повеќе да пристигне но нема да го јадам грчкиот или арапскиот бидејќи се каша попара.

Отварање очи или чист пример како некој отиде во Вегетаријанец и недај боже Веген?

Секое овошје е прскано, дури многу е тоа поопасно, тие зеленчуци и овошја се поопасни од било кое месо на планетава што постои, ни од вода ни од почва собрано штетно е, кога ќе видиш се е штетно прашањето е што повеќе е штетно.

И многу ми е мило што постои Хемијата бидејќи ќе ја искористиме многу паметно, има 6 милијарди луѓе, како ќе успееме толку бргу да ги нахраниме сите без хемија и убрзување на биолошките процеси? Нема шанси. Се надевам еден ден ќе придонесам и јас со она што го учам да сторам барем сите да имаат по една свиња да каснат или муслиманите јагне плус да заколат, никој да не биде гладен и никој да не почине одма, животниот век се намалува постојано, така да нема ништо страшно тука, на еден или друг начин ќе починеме сите и ќе одиме 2 метри под земја, затоа е залудно целиов овој напор да се докажуваат штетни материи кога и тој што го испитувал тоа мирисал отрови и молел бога да не снема струја на Дигесторот ради гасовите да не го угушат.

Другата штета што ова докажување ја има напраевно се тие пари кои државата им ја дала да го направат ова или некоја невладина организација бидејќи целата таа пара е од данок, земање на пари од народот за испитување на непотребни работи и не толку битни на обичниот човек. Оној кој се храни со храна.

Моментално пијам Синалко, чекам кафето да се олади и ја палам цигарата и зјапам у монитор у неправилна положба, ова е многу поштетно одколку храната, ќе земам ќе трчам ќе го поправам она што го имам направено со 500гр изеден помфрит од пред 2 часа што го внесов и не ме интересира како е добиен со какво џубриво бидејќи стомакот ми е полн.

Со што се хранат оние кои мислат дека месото е штетно и млекото хемиски модифицирано?
- Од јаболка собрани во рајската градина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom