da_be_man
Entropy
- Член од
- 17 октомври 2005
- Мислења
- 628
- Поени од реакции
- 126
Со ова не сакам да ве уплашам....само отворање на очите, посебно на увозени работи кои доаѓаат од други земји па и од Еу. Во Еу се продаваат истите продукти ама не мора да значи дека составот или пак квалитетот е ист.
Како ќе стигнам ќе ја збогатувам темава и со други прехрамбени продукти и хемијата во нив...сега прво за месото како најомилен прехрамбен продукт.
Со преминот во 20. век, посебно после втората светска војна консумацијата на месо се има речиси дуплирано. Со самото тоа се јави потреба на „подобро„ одгледување на животните за нивно побрзо размножување. Здруженијата за заштита на животни и и тие за заштита на потрошувачите и нивните права алармираат и критизираат за неправилното држење на животните (суровоста во тоа покрај нив) во фабриките за масовно размножување.
Во држави како Германија, Франција или Италија се колат по 85 милиони свињи во просек на годишно ниво од кој голем дел од нив до нивната смрт поминуваат низ една врста мачеништво.
Да не навлегувам во тематиката на нивното држење бидејќи целта на темава ми е „хемијата во прехрамбените продукти„ а не начинот на нивно држење и влезот на био продуктите и тие од „слободно„ држење на животните (значи слободно на поседот, во фармата итн. не во штали) на пазарот во последниве години.
Сепак ќе спомнам некои работи. Животните живеат во најтесни штали, патат од тесниот простор каде во подот има решетки и канали по кои канали оди нивната урина и код. Поради овие работи некои дури се касаат меѓусебно на опашите или на главите или ги јадат фекалиите на нивните соседи.
Истражувачи за однесувањето на животниве откриле дека тие патат од права тага. Наместо да се бараат причините и решат самите некој одгледувачи само им ги исекоа опашите на тие животни и им даваат сретства за смирување.
На времето една свиња во просек имала време од една година да направи сало и месо а денеска тоа време е скратено на 180 денови. Ова е можно со давање на една цела палета на фармацевтски хемикалии а „превентивно„ им се даваат и антибиотици. Со тоа сака да се заштитат животните (и нивната покачена осетливост) од инфекции.
Антибиотци кај луѓето предизвикуваат опасни алергии, до 10% од населението се алергични против пеницилин, за други алергии да не зборуваме. Процентот кој е во зголемување може да се намали само со строго контролирање на „потрошувачката„ на антибиотици од било кои извори (медицински и немедицински).
На пр. пред нешто од 20 години во Италија забележале родителите на едно дете дека неговите гради се развивале ненормално брзо. Кратко после тоа еден голем дел на телешко месо во бебешката храна била повлечена. Месото имало острогени, женски сексуални хормони. Со овај хормон се намалува апетитот на животното (значи потрошувачка на храна) ама се зголемува тежината на самото тело. Покрај природниот остроген има и синтетички произведени хормони кои хемиски (по структурата) се исти ама немаат дејство како природниот остроген. Еден од овие е хормонот наречен диетилстибистрол (ДЕС) кој на младите јагниња им се додава(л). Третирањето на бремени жени со овај хормон предизвикува кај нивните ќерки рак во вагиналниот дел (помеѓу 15 и 23 годишна старост).
диетилстибистрол
Во меѓувреме синтетичкиот остроген беше забранет ама природниот (екстрахиран) смеат ветеринарите да ги употребуваат за „медицински„ цели.
Голем дел од самото месо е и воденасто, има голема количина на вода во себе. При пржење ова месо се топи на само една третина од својата маса. Ова е еден резултат на масовното држење на животни. Ова месо стручно е наречено ПСЕ (pale, soft exudative=бледо, меко, водено). Причините на овај резултат е стресот под кој животното подлежи за време на животот. Стресот доведува до една прекупродукција на адреналин, еден хормон на споредниот бубрег. Адреналинот пак го активира ензимот гликоген-фоспорулаза.
Со тоа после колењето доаѓа до преминување на овај ензим во млечна киселина. Секое прасе денеска го има ова ПСЕ (повеќе или помалку) во месото.
Виолетовиот печат на месото кој е само потврда за тоа дека месото нема трихинела или ТБЦ или некој други познати (за болести предизвикувачки бактери) не е потврда за тоа дека месото е тотално здраво.
Еколошкото загадување на околината се осеќа и во прехрамбените продукти. Посебно покрај многу фрекфентни улици или автопати и индустриски комплекси има пад на квалитетот на храната (пасишта) и со тоа рузици за здравјето на крајниот конзумент.
Во месо во прва линија се наоѓаат траги од тешки и доста отровни метали како Олово и Кадмиум (со Арсенот еден од најотровните).
Кадмиум иначе беше и во некои делови од светот уште се користи во галваниката, при производство на некои батерии (акумулатори), при производство на поливинилхлорид, фарбање на пластики и стакло и делумно при производство н акалај за лемење.
Во околината овој елемент стигнува, освен при индустриски процеси, исто и преку триењето на гумите на возилата од патиштата.
Европската комисија со неколку директиви го забрани овај елемент и стави граници за различен тип на продукти (паковки, тетрапак, играчки, фолии, електроника итн...). За жал таа граница не е нула бидејќи технологијата за негово детектирање не е толку софистицирана да ги измери тие ниски граници.
Европската унија ги контролира добро во меѓувреме се што влегува во Еу ама не се што излегува. Иако не смеат ни да се произведуваат тие работи во Еу. Бидејќи нема единствени казнени мерки земјите аматерски се однесуваат со овие мерки. На пример казнените мерки во Ирска се со до неколку години затвор а во Грција само глоба од околу 300 евра за кадмиум во електроника. Па тогаш јас ќе одам таму и регистрирам фирма и ќе го преплавам цел балкан со овие продукти....што ќе платам 300 евра казна и подмитам инспектори е друга работа.
Едноставни се во произвотство и репроматеријалите се отпадни материали...
Да се вратам на месото.. органите за дезоксидација на телото се знае кој се, џигерот и бубрезите. Според тоа најголеми концентрации се наоѓаат во овие органи. Во просек свински „внатрешности„ имаат 1000 милиграми, јагнешко околу 250 милиграми по свежа мера на килограм. Во бубразите на постари говеда на пример оваа концентрација може да дојде и до 40 000 микрограми на килограм. Во мускулно месо овие концентрации се многу пониски, 50 во свинско и 10 во говедско.
Значи при земање на 200 грама бубрези од оваа сорта еден 70 кг тежок човек веќе ја зел количината на кадмиум за наредните 16 недели (граница според светската здравствена организација). Ако се додадат и другите извори за кадмиум, како пушење и други прехрамбени продукти тогаш нема лимитација на контаминацијата во телото.
Тестови имаат покажано дека при една дневна консумација од околу 60 микрограми кај 1% од 50 годишни луѓе се јавуваат здраствени проблеми.
Иначе кадмиум предизвикува проблеми и штети на бубразите, висок крвен притисок, штети на коските и рак. Недостатокот на железо во организмот пак го олеснува примањето на кадмиум во телото. Некои други елементи во телото, како бакар и бифенили го појачуваат неговото дејство.
Ситуацијата со оловото исто така е алармирачка. Големи концентрации на овај елемент можат да се најдат и во растителна храна кои ги земаат животните.Посебно оптеретени се хранливите состојки кои имаат многу белковини..што и преку воздухот животните го примаат овај елемент (во вид на прашина).
Оловото покрај другите токсичности што ги има може да ја поремети и продукцијата на хемоглобин во крвта. Ги блокира ензимите кои се одговорни за да го спојат железото во хемоглобин молекулот. Со тоа автоматски се пореметува испораката на кислород во келиите.
Иначе покрај елементите во месото стигнуваат и хлорооргански соединенија, субстанции кои настануваат со индустриска синтеза (креирање) и ги нема во природата во таа форма.
Овие хлор-органски субстанции имаат голема токсичност, долготрајност и добар прием во човечките органи. Овие субстанции поради нивната неполаризираност не се раствораат во вода ама се концентрираат во маснотиите од луѓето и животните и со тоа се долготрајни. Преку прехрраната и месото стигнуваат и до човекот. Најчесто се зборува овде за полихлорирани бифенили (PCB).
Стигнуваат во животинската храна од времето кога беа користени за борба против (пестициди) штетници во растенијата. Иако примената на овие субстанции е ограничена сепак нивната концентрација не е намалена, поради нивната долговечност.
Рибното брашно како храна содржи голема концентрација на овие субстанции. Рибно брашно се користи во исхраната на свињите и кокошките. Овие субстанции се исто под сомнеж дека предизвикуват некои врсти на рак. Се знае дека ја појачуваат активноста на кадмиумот во телото.
Оваа листа на штетни субстанции и тешки елементи може да се продолжи...
Што се однесува пак до конзервирањето, кое низ човечката историја се променило мора да се напомене дека конфорноста на денешното време донесе и штетни материи и во овој начин на долготрајно чување на храната, посебно месото.
Порано начинот на конзервација бил преку сушење, чадење или екстремно посолување. Денеска се користат субстанци како нитрат, се додава како калиум нитрат (на месото во месарите им даваат црвенкаста и лажна свежа боја). Нитратот на месото се прерла во нитрит. Оваа редукција се случува и во човечкиот организам при преработка на храната во желудникот и цревата.
Нитритот на месото ги ништи микроорганизмите. Во некој земји само нитритот е дозволен пошто не се знаат последиците и целиот процес на преминување по пат на редукција (од нитрат во нитрит) и дали таа редукција е комплетна или првата субстанца влегува во организмот.
Се вика деkа ниту нитрат ниту нитрит не се канцерогени ама заедно со човечките амини во кисела средина создаваат (како таа во желудникот) нитросамини. Овие субстанции се едни од најопасните предизвикувачи на рак кои се познати до денес.
Со нитритот се правени комбинации со витамин Ц кој се смета за добар „борец„ на појавување на неконтролирана делба на келии (рак)...и така додаваат некогаш комбинации на аскорбинска киселина (витамин Ц) и нитрит.
Иначе како што напомнав овај сол дава црвена боја на месото и луѓето се навикнати да гледаат црвенкасто кога мислат на свежо месо...бледото месо се категоризира одма дека е бајато.
Ни се навикнале очиве и на хемијата.
Иначе покрај нитритот дозволени се и фосватот, алуминиум сулфат, глицерин, глиоксал, субстанции за боење итн...ова кај колбасите. Субстанции кои ја спојуваат и згуснуваат масата во колбаси...
Иначе чадењето како стар и уште омилен начин исто не е без опасности. При процесот на чадење се ваѓаат течностите од месото ама се јавуваат феноли (канцерогени), формалехид, оцетна и мравја киселина. И кај овај начин на преработка има различни техники...ладно чадење, жешко и црно чадење....црното содржи катран изгореници од дрвото кое се гори под месото.
Замрзнувањето на месото исто има влијание. Условот за добра конзервација со мрзнење е брзо замрзнување на минус 18 до минус 40 степени. Овие температури не се секогаш практиувани и микроорганизми лесно влегуваат во процесот...посебно при повторно замрзнување, кое доста се практикува само за да не се фрли месото.