Новости од Македонската телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
Македонската телевизија забрзано работи за да го врати стариот сјај. Нашата државна телевизија, која во почетокот на оваа година ја обнови странската програма со нови познати серии и реални шоуа, најавува уште новости. Брендот на МТВ, Македонските народни приказни, за кои беше објавено дека сe враќаат, го најавуваат својот старт во средината на април. Веќе се снимени 20-тина епизоди, по сценарио на Шенка Колозова. Љубителите на спортот, посебно оние на кошарката, од 15-ти април ќе можат да уживаат во НБА Плеј Оф, а за во јуни се најавува и Светското првенство вo фудбал кое ќе се одржи во Јужна Африка.

le-mtvtt-.jpg

Љубителите на филмови исто така нема да бидат поштедени. Македонската телевизија веќе има откупено стотина познати филмски наслови од најпознатите светски продукции.

За потсетување, засега на МТВ од странска програма можете да гледате:

Момент на вистината (The Moment of Truth)
Најголемиот губитник (The Biggest Loser)
Сакам да работам за Диди (I Want to Work for Diddy)
Шоуто на Хоуви (Howie Do It)
Доушници (The Wire)
Слушачот (The Listener)
Невозможна вечера (Dinner: Impossible)

www.tvpaket.com.mk
 
НБА Плеј Оф на МТВ
Ај лав јуу МТВ :basket:
 
The Weakest Link ќе оди на Алфа ТВ...
 
Дајте бе некој нека ја купи МТВ па да гледаме асолна програма... дури не слушнам таква новост, не коментирам на погоре наведените борби кои наликуваат на давеник кој се фаќа за сламка!
 
Брат МТв полека но сигурно заживува ,и повторно се враќа во стариот сјај ,дај не зезај ,одамна веќе ја подобрија и збогатија програмата ,даваат одлични емисии ,добри филмови ,француско фудбалско првенство ,сега НБА плеј оф ,светско првенство ... и уште многу други работи во иднина ќе се подобруваат секоја чест за нив ,за разлика од некои други што го трујат народот со Бандини , Ѓумуш и сл. срања :pop:
 
Позитивна работа е и што се дигитализираат нивните стари програми и како што наскоро ќе излегувале ДВД-а со околу 200 епизоди од Македонските народни приказни, а можеби и од други серии...

Инаку откупиле доста јаки филмови од Fox и Warner Bros. :)
 
Брат МТв полека но сигурно заживува ,и повторно се враќа во стариот сјај ,дај не зезај ,одамна веќе ја подобрија и збогатија програмата ,даваат одлични емисии ,добри филмови ,француско фудбалско првенство ,сега НБА плеј оф ,светско првенство ... и уште многу други работи во иднина ќе се подобруваат секоја чест за нив ,за разлика од некои други што го трујат народот со Бандини , Ѓумуш и сл. срања :pop:
Не те тера никој да гледаш Бандини, Ѓумуш и срања, а овие те тераат да плаќаш по 300 денари месечно. Дури и ако сум сопственик (или кираџија) во дуќан во кој што нема телевизор. А за МТВ дека е жива знаеш кога можеш да кажиш? Кога ќе поминеш во ова време пред МТВ и наместо курви ќе видеш дека сите спратови светат и нешто се работи. Сега моментално светат само 3 канцеларии, 2 на стражарите и едно WC.
 
Дајте бе некој нека ја купи МТВ па да гледаме асолна програма... дури не слушнам таква новост, не коментирам на погоре наведените борби кои наликуваат на давеник кој се фаќа за сламка!

Неможе да биде купена и никогаш нема да биде продадена, затоа што е државна национална телевизија.

Инаку џабе е секој обид за подобрување на програмската шема, се додека патат од детски болести кои никако неможе да бидат надминати и после 50 години. Прво и основно е влијанието на власта во самата уредувачка политика, да државна телевизија е, и треба да ги брани интересите на државата, но не и на владеачката партија. Со еден збор во моментов МТВ е најпартизирана од било кога.

Кога ќе се трансформира и кога ќе се дефинира политиката на уредување тогаш ќе може да се прележат болестите и да се премине на вториот чекор, комплетна замена на опремата и дигитализација. Со моменталниот статус и опрема џабе се сите оние спортски натпревари и филмови, кога сликата е тапа и матна, а звукот е срање. За најавните шпици, логоа, презентации, квалитет на емисии и сценографии итн., воопшто и не вреди да се навлегува во тој муабет моментално.

Далеку се МРТВ од новости.
 
Не те тера никој да гледаш Бандини, Ѓумуш и срања, а овие те тераат да плаќаш по 300 денари месечно. Дури и ако сум сопственик (или кираџија) во дуќан во кој што нема телевизор. А за МТВ дека е жива знаеш кога можеш да кажиш? Кога ќе поминеш во ова време пред МТВ и наместо курви ќе видеш дека сите спратови светат и нешто се работи. Сега моментално светат само 3 канцеларии, 2 на стражарите и едно WC.
Таксата е 120 денари ,и сите плачат и кукаат и избегнуваат да ја плаќаат ... се дури е така во МТВ сега ќе бидат запалени само 2-3 сијалици ... Сите веќе имаат интернет по дома плаќаат по 20 евра сметки ,а за такса е скапо 100 денари да се одвојат ,ееј на сите им е скапо 100 денари да одвојат месечно ,а од друга странаа плукаат и кукаат по МТВ не ги бивало ,имало слаба програма , пропаѓала ...
Епа еве доказ не пропаѓа туку оди на подобро ,зарем не е доволно да преболиш 100 денара месечно што ќе ги дадеш дневно за цигари ...
 
НБА :vozbud:

Фала ку*ац на некој му текнало да откупи права за НБА, па нека биде тоа и МТВ, дали е тоа знак дека МТВ полека, но сигурно се враќаат во живот:toe:
 
Неможе да биде купена и никогаш нема да биде продадена, затоа што е државна национална телевизија.

Инаку џабе е секој обид за подобрување на програмската шема, се додека патат од детски болести кои никако неможе да бидат надминати и после 50 години. Прво и основно е влијанието на власта во самата уредувачка политика, да државна телевизија е, и треба да ги брани интересите на државата, но не и на владеачката партија. Со еден збор во моментов МТВ е најпартизирана од било кога.

Кога ќе се трансформира и кога ќе се дефинира политиката на уредување тогаш ќе може да се прележат болестите и да се премине на вториот чекор, комплетна замена на опремата и дигитализација. Со моменталниот статус и опрема џабе се сите оние спортски натпревари и филмови, кога сликата е тапа и матна, а звукот е срање. За најавните шпици, логоа, презентации, квалитет на емисии и сценографии итн., воопшто и не вреди да се навлегува во тој муабет моментално.

Далеку се МРТВ од новости.
Полн си со некои стереотипи ,ај кажи што тоа МТВ го прави а е настроено директно кон владата ,и доколку има нешто такво ,дали е тоа лошо и дали директно и намерно го залажува народот ...???

Дали тоа што се пуиштаат рекламни информациони спотови за работата на владата ,за донесувањето нови закони ,за запознавање на народот со работата на владата ,за начинот на кој народот треба да се однесува да ја заштити природата на пр .... е нешто лошо и политички и настроено кон владата ? НЕ ...
Старите камери ,лошата снимка ,квалитетот на емисиите ,шпиците,логоата ... си бараат плаќање на радиодифузна такса со смешна сума од 120 денари
 
СВЕТСКО ПРВЕНСТВОООО НА МТВ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Подобра вест нема да слушнам во наредните месец дена...
 
Полн си со некои стереотипи ,ај кажи што тоа МТВ го прави а е настроено директно кон владата ,и доколку има нешто такво ,дали е тоа лошо и дали директно и намерно го залажува народот ...???

Дали тоа што се пуиштаат рекламни информациони спотови за работата на владата ,за донесувањето нови закони ,за запознавање на народот со работата на владата ,за начинот на кој народот треба да се однесува да ја заштити природата на пр .... е нешто лошо и политички и настроено кон владата ? НЕ ...
Старите камери ,лошата снимка ,квалитетот на емисиите ,шпиците,логоата ... си бараат плаќање на радиодифузна такса со смешна сума од 120 денари

Стереотипи, што има врска моето мислење со тоа? Мислам дека не знаеш што значи тој поим.

Едно е да го информираш народот и да работи во негов национален интерес, а друго е да го бомбардираш со информации и да му го переш мозокот 24 часа, и се тоа со негови пари. Ако мислиш дека национална свест се крева со постојани реклами за работата на владата и нивните (50% може и повеќе од тоа што е презентирано се наводни) успеси, тогаш ништо друго не ти треба во животот туку да гледаш цело време телевизија. Испадни на улица и види ја реалноста, така се добива вистинската слика за тоа што се случува околу тебе.

Ако сакаш да видиш како треба да изгледаат едни национални државни телевизии, земи ги за споредба тие во околните држави. Ќе ја видиш разликата за што ти зборувам.

Радиодифузната такса нема врска со финансиската ситуација во МРТВ, на еден или друг начин власта ги собира парите предвидени за нив, преку даноци и слични средства. Дали ти ќе платиш таксата директно или ќе платиш некоја казна односно данок за имот и сл. парите МРТВ ќе си ги добие, само прашањето колку од тие пари се префрлаат реално за нивните потреби за усовршување, а колку во џебот на одредени личност?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom