Македонија 2010 - срамотилаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran_Makedon
  • Време на започнување Време на започнување
Станува ли македонија хомофобична држава?

Биљана Секуловска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
12.04.2010 20:31
brisel.jpg
Брисел
Брисел вџашен што хомосексуалците и другите маргинализирани групи не се дел од законот за антидискриминација. За оваа, но и за сите проблематични теми како што се антиквизацијата, работата на Парламентот, Комитетот за меѓунационални односи и други ќе се расправа во седиштето на НАТО со македонските министри за надворешни работи и за одбрана на 7 јули.
НАТО упатува остри критики до официјално Скопје, неколку теми се однесуваат на политиката на Владата која го крена на нозе и досега Брисел и иницираше жестоки реакции. Законот за антидискриминација каде сексуалната ориентација е исфрлена, НАТО смета дека се создава хомофобична клима во Македонија.
Законот треба да биде вметнат, затоа што тоа не е правецот во кој треба да се движат реформите, е коментар на НАТО дипломатот кој е директно инволвиран во македонските состојби.
Всушност ова е една од темите за која се очекува дека на седми јули министрите за надворешни и одбрана, Милошоски и Коњановски, во НАТО ќе разговараат за сите главоболки кои и ги предизвика Македонија на Брисел. Функционирање на Парламентот, Комитетот на меѓунационални односи, религиски, граѓански слободи и медиуми.
Вториот проблематичен аспект е досегашната политика на антиквизација, планот да се постави споменик на Александар Велики во центарот на Скопје, со тоа не се подобруваат односите со Грција и луѓето што ги носат ваквите одлуки се свесни, знаат дека ваквите потези ја влошуваат климата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121983

- Еве како се разгневува и срамува сопствениот народ! Па се прашувате зошто одредени политичари ве напаѓаат и квалификуваат како предавници. Затоа што тоа сте, по се изгледа, не само за овие политичари туку за целиот Македонски народ. Престанете со тропање глупости еднаш за секогаш, за ваше и наше добро.

А госпоѓата пак како награда за своето „одговорно“ однесување како претседател на антикорупциска , спрема организацијата, сите нејзини членови и целокупно, доброто на својата држава и народ - ТАА ДОБИВА НОВА ФУНКЦИЈА!?

„Па ово нема ни у Београду“ :tapp:

Извештајот на Антикорупциската Комисија пред пратениците

Мери Јордановска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
12.04.2010 19:58
mirjana-dimovska.jpg
Мирјана Димовска
Експретседателката на Антикорупциската комисија Мирјана Димовска ќе биде нов уредник на собранискиот канал на МТВ, дознава А1. Откако не ја доби довербата за претседателско место во комисијата, сега ќе се посвети на работата на македонското Собрание.
Македонската телевизија распишала оглас за четири нови уреднички места, за првата и втората програма, за македонското радио и за собранискиот канал. Димовска, како што дознаваме, влегла во трка за уредник на каналот што ја следи работата на Парламентот.


:kesa::kesa::kesa:
 
Амбасадорот Љубиша Герогиевски да се извини за изјавата во српскиот неделник „Време“

Додека Македонија води битка за зачувување на името, додека водиме битка за зачувување на нашите вредности, ширење на нашата култура и традиција господинот Георгиевски дава изјави кои се косат со нашата борба. Во време кога многумина се преговара за името и идентитетот (иако ова второво го негираат секој нормален тоа го сфаќа, а и јасен е ставот на другата страна)


Амбасадорот јавно да се извини на Македонија и јавноста за изјавата која ја дава во српскиот неделник „Време“
http://www.vreme.com/cms/view.php?id=949309


Недозволиво е претставник на Македонија во друга земја да си дозволи да даде таква изјава за еден од најголемите Македонци и да говори за него дека како црна личност како тоа да е најбитно.
Амбасадорот го става Александар во рангот на најголемите светски тирани, рамо до рамо со таквите како Атила Хунот. И за да неговата изјава биде уште полоша тој кажува дека Александар ширел старогрчка култура.
Дали Георгиевски е свесен дека ваквите изјави не и одат во полза на Македонија и Македонските ставови. Корист од ова може да извлечат крадците на Македонската култура и историја како што се нашите соседи грците, Бугарите, Србите и Албанците.


Александар е најголемиот војсководец во македонската, но и светската историја, еден од најспособните лидери кои се појавиле во човештвото. Александар силно се темели во Македонската историја и идентитет. Ја распространил низ целиот тогаш познат свет. Ја направил најголема Македонската Империја. Оставил длабоки траги и корени кај нас но и во светот.
Александар не ги уништувал освоените земји, нити пустошел, го спојувал народот неговиот со оној кој го освоил. Докази за тоа величествениот погреб на Дариј и бракот на Александар со ќерката на Дариј, Статира и "Свадбениот празник" во Суса (324 год. п.н.е.) кога неговите видни офицери склучиле бракови со ќерките на персиски великодостојници, а примерот го следеле и 10 000 војници.
Како се однесувал спрема земјите кои ги освојувал пример е Пор кого го оставил да управува со Пенџаб.
Добро јасно е дека хеленизмот е измислица на деветнаесетиот век. Александар ја ширел Македонската култура. Неспорни се сличностите кои ги имаме со Хунзите и Калашите. Тие сличностите ги имаат со нас, а не со Грција или нешто грчко.
Уште од негово време останале обичаите, традицијата, симболите со кои денес секој Македонец се гордее и се препознава во нив, сето тоа од време на Александар. Ден денешен ние го имаме сонцето, лавот, истото име, непокорот...
Не за џабе името Александар е најкористено во Македонија.


Затоа едно такво лице како амбасадорот не смее да си дозволи да плука по личност која е една од најбитните и врз која се темели Македонскиот идентитет. Следствено плукањето оди на нас самите, корените, идентитетот, непокорот.


Ваквата изјава е навреда за Македонија, за Македонскиот народ, за Македонските вредности.
Исто така ваквата изјава се коси и со политиката на владата на Република Македонија која во проектот „Скопје 2014“ гради споменик на Александар Македонски нешто кое треба да не обединува и да не прави посилни.


Наместо да шириме единство, да се бориме за она што е наше, да го прикажеме во најдобро светло, да истраеме и да не дозволиме да попуштиме, ваквите изјави само ќе шират поделба и полошо ќе одат во корист на туѓа политика и домашни лица кои одат против својата земја и шират дефетизам.


Господинот Георгиевски мора и е должен да им се извини на својата земја и народ.
Извор Alex The Great
 
Сабајлево на А1 го слушав. Овој е македонски амбасадор-но дефинитивно овој човек знае да прави драми
 
Абре кога ќе се опие од шливовица дома ако сака и на глас нека се дере, ама кога е на функција не смее А од Александар да каже.
За вакви изјави се повлекуваат од функција, ама ние не фунцкионираме што значи тој ќе си остане на својата.

Извини? Ќе напишеш книга за тоа колку Александар е Македонски во која јасно ќе ги разграничиш грчките и македонските елементи.

Тогаш ваша екселенцијо, ќе ви биде простено.
 
Добре дојдовте во смрдлива Македонија
Царинската управа нема пари за чистење на граничните премини, Министерството за финансии вчера не кажа зошто нема пари, а Владата не коментираше дали не и пречи што првиот впечаток на странците се гнасните премини
35BFFED4444E85448D78E35963F73C8D.jpg

Сите гранични премини се задушуваат во ѓубре и во смрдеа, а никој во државата не мрда ни со мал прст да се подобри хигиената на влезовите во Македонија. Царинската управа нема пари за да ја одржува хигиената на граничните премини. Парите што на почетокот на годинава биле определен за оваа намена со Буџетот, со ребалансот се преполовени. Управувањето со премините премина од ЈП за станбен и деловен простор кај Царинската управа кон крајот на 2008 година. Месечно за оваа намена се потребни околу два милиона денари.
Официјално, од кабинетот на директорот на Царината објаснија:
"Хигиената на сите гранични премини и внатрешни царински филијали во државата се одржува во континуитет. По истекување на годишните договори (во септември) со правните лица што беа задолжени за одржување на хигиена, поради ограничените финансиски средства за оваа година, Царинската управа продолжи самостојно и во соработка со јавните комунални претпријатија на соодветната општина да го одржува неопходното ниво на хигиена на сите гранични премини".
Иако Царината е надлежна за граничните премини и за државните терминали, парите кои таму се собираат од услугите и таксите не ги зема Царината туку одат во централниот Буџет.
"Што се однесува до средствата - приходи од гранични премини, информираме дека од први јуни 2009 година, со измена на Законот за Царинската управа овие средства се приход на централниот Буџет", изјави кабинетот на директорот на Царинската управа.
Од Министерството за финансии немаше одговор зошто нема пари за хигиена на премините.
На прашањето упатено до Владата: "Дали на Владата не и пречи што изминатава година првиот впечаток на странците им е ѓубрето на граничните премини ?", ни беше одговорено дека одговорите за нас ги има Царинската управа. (А.С.)

Граничниот премин Ќафасан корне на мочка

1E4BB2CF90AF7D4B9CDEAF29C779ABEE.jpg
Граничниот премин на македонско-албанската граница Ќафасан кај Струга, корне од смрдеата од расфрланото ѓубре и од мочките на патниците кои на отворено вршат нужда.
Екипа на "Вест" вчера беше на преминот. Ѓубрето беше расфрлано од нашата страна на границата, во правец на Албанија. Оставено е на тревникот, а десетина метри пред овој дел има два контејнера полни со ѓубре. Има и еден превртен контејнер, кога се влегува од Албанија кон Македонија, ама на наша територија.
Тоалетите на граничниот премин се затворени веќе еден месец.
"Истече договорот со една фирма која ги одржуваше и, откако видовме дека може да ни се случи зараза, решивме да ги заклучиме. Сега тие не можат да се користат, но затоа патниците физиолошките потреби ги вршат каде што ќе стигнат. Не можат луѓето да трпат. А и кој е тој што ќе ги спречи", вели еден вработен на граничниот премин Ќафасан.
Кога ѓубрето речиси го покрило преминот, биле повикани комуналните служби од Струга, но тие дошле доброволно само еднаш.
Проблем имаат и вработените од царинските и од полициските служби. Тие имаат тоалети, но што вреди кога често снемува вода. Индустриската вода ја земале од една каптажа, но често имало рестрикции. Вработените немаат ниту парно греење, и во вечерните часови мрзнат.
Патниците што поминуваа, и вчера имаа можност да видат како вработени во некои служби приборот за јадење го мијат со вода собрана во шишиња. (Д.Ч.)

Куче скитник искаса цариник

79AAE4D13D0A594889D27B68C977698E.JPG
Кучиња скитници нападнале и изгризале цариник на граничниот премин Табановце. Инцидентот се случил пред неколку дена во ноќната смена додека цариникот си ја извршувал работата. Кучето го нападнало и го каснало за нога. Вработените кажуваат дека ова не е прв случај кучиња да напаѓаат некој од вработените на преминот. Минатата година бил искасан еден вработен во Царинската служба.
Откако се намали хигиената се зголеми присуството на кучиња на преминот. Не смееме да ги отстраниме, а тие се сериозна закана по нашата безбедност. Не знаеме дали се болни и агресивни и кога можат да нападнат. Кога се во група тоаш се најопасни, се жалат вработените.
Тие велат дека присуството на кучињата посебно е опасно за патниците кои пеш ја поминуваат границата. Тоа се често жени и деца кои не можат да се одбранат ако ги нападне глутница кучиња.
Луѓето немаат ништо во раце освен пасош и кога ќе налетаат на нив, се враќаат да ги бранат вработените или пак влегуваат во некоја кола за да ги поминат. Тие лаат и скокаат и на коли, а од нив особено се плашат странците, кажува нашиот соговорник.
Цариниците се жалат дека присуството на кучињата скитници им пречи во работењето, бидејќи кога ќе донесат нивно куче трагач тие му го оттргнуваат вниманието.
С.Н.

Табановце го чистат деца за 100 денари

FD411DB39EFDC24EBE09966ECB93AABD.jpg
Вработените и деца за 100 денари го чистеле граничниот премин Табановце, по пишувањето на "Вест" дека најфреквентниот државен премин се души во смет и нечистотија. За да се подобри хигиената, надлежните наложиле двете хигиеничарки што работат во зградата на полицијата и царината да ги изметат коловозните ленти, а вработените да го собираат расфрленото ѓубре околу кантите и тревните површини. Бидејќи повеќето од нив се спротивставиле да бидат чистачи, биле повикани неколку деца што продаваат дреболии на терминалот за 100 денари да го собираат ѓубрето.
"Срамота е да нe тераат да го собираме ѓубрето што го фрлаат патниците. Ќе ги пречекуваме со метли до контејнер, а потоа ќе им правиме царинска контрола. Нека си најде начин државата да си го реши проблемот или нека вработат едно лице кое ќе се грижи за хигиената на преминот, а не да се правдаат дека нема пари", велат револтирано вработените.
На граничниот премин контејнерите се повторно полни и има расфрлано ѓубре насекаде. Единственото веце кое беше многу валкано и претставуваше извор на зараза, сега е затворено со катанец. Од него се шири неподнослива реа и истекува некаква жолта течност. Додека екипата на "Вест" вчера беше на терен, еден патник во зорт наместо внатре, нуждата ја изврши зад објектот пред очите на останатите патници и вработените.
Иста е состојбата и на терминалот каде работат царинските, шпедитерските и ветеринарните служби, без тоалет и вода за пиење и покрај тоа што од Ветеринарната управа ветија дека тоа ќе се реши за 20 дена, кога ќе биде готова новата зграда. Граничниот премин Табановце не се чисти од почетокот на септември кога истекол договорот со фирмата што била задолжена за одржување.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=7AB3691920D2134797F45AD375D5B3BD
 
Албанскиот амбасадор Чејку во Брест

И ова е Македонија. Наместо, институциите и државните власти, странските дипломати ги посетуваат селата и ги слушаат маките на граѓаните.

По прилогот на А1 Телевизија, за трагичниот настан во кој 13-годишната Валмира Бајрами почина во рацете не нејзиниот татко кој поради неприодниот пат се обидел пешки да стигне до најблиската амбуланта и да и го спаси животот, денеска семејството го посети албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чејку.

„Дојдов за да ја поделам тагата на ова семејство, дојдов да им дадам сочувство и да апелирам да не се разочаруваат и да имаат надеж, дека нивната иднина е во ова село“, изјави Арбен Чејку, амбасадор на Албанија во Македонија.

13-годишната Валмире Бајрами беше последната жртва на негрижата на државата.

„Патот е лош. Од каде да појдам? Ја зедов на раце. Каде да ја однесам пешки? Пет, шест часа со дете од 14 години не се патува. Одејќи кон реката таа почина, па се вратив дома“, вели Хајредин Бајрами, татко на Валмире.

„Беше болна, не можевме да ја однесеме на лекар. На пат кон докторот таа почина, почина на пат“, рече мајката на Валмире Бајрами.`

До Брест може да се стигне само со џип или со коњ.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=130106

Брест има 500 жители , просечно македонско село , патот не само што не е асфалтиран туку е каллив и непрооден со доаѓање на есен се до пролет жителите се изолирани.

Во нормални земји села со 500 жители се супер живеалишта.
 
Албанскиот амбасадор Чејку во Брест
Брест има 500 жители , просечно македонско село , патот не само што не е асфалтиран туку е каллив и непрооден со доаѓање на есен се до пролет жителите се изолирани.

Во нормални земји села со 500 жители се супер живеалишта.

Да, но периодов во кој тој оди во посета ми е многу сомнителен. Брест им е познат на сите, а и идејата за Голема Албанија исто така. Значи, полицијата треба да провери што договарал Чејку во Брест :smir:

п.с. а и на Велија ми е чудно што дури сега му текнало на Брест :smir:
 
pa ako e divogradba, treba vednas da se srusi.. nebitno dali e dzamija ili nesto drugo..sto ako e dzamija, treba li da se zatvorat oci zasto moze vednas EU da reagira deka povtorno albancite se gragjani od "vtor red"??
 
pa ako e divogradba, treba vednas da se srusi.. nebitno dali e dzamija ili nesto drugo..sto ako e dzamija, treba li da se zatvorat oci zasto moze vednas EU da reagira deka povtorno albancite se gragjani od "vtor red"??

е баш ме интересира кој е тој шо ке отиде да ја сруши... ке напраат мучка... или ке издадат документи за легално земјчлиште со одобрување за градба или ке се замижи ко ништо да не било...
 
е баш ме интересира кој е тој шо ке отиде да ја сруши... ке напраат мучка... или ке издадат документи за легално земјчлиште со одобрување за градба или ке се замижи ко ништо да не било...
Учиме од најдобрите (види тука) :icon_lol:
 
pa ako e divogradba, treba vednas da se srusi.. nebitno dali e dzamija ili nesto drugo..sto ako e dzamija, treba li da se zatvorat oci zasto moze vednas EU da reagira deka povtorno albancite se gragjani od "vtor red"??
ke se zamizi 100%, ova e samo uste smislena provokacija da se isprovocira reakcija na instituciite,prmnogu "slucajni" incidenti da ne recam provokacii imame vo posledno vreme za nekoj da kaze deka se izolirani slucai na luge isfrleni od sistemot i opsestvoto, huligani i slicni sranja, vo celiot slucaj ne e problem sto e dzamija, ima dzamii kolku sakas vo Makedonija tuku sve e maslo na odredeni strukturi da se dojde do destabilizacija na zemjata.Ne e bitno dali se gradi dzamija i drugo bitno e da ne se pocituva zakonot, ovie provokacii ke prodolzat uste dolgo bez razlika sto instituciite ke begaaat od incidenti, prasanjeto e do koga ? dali ima kraj, jas mislam nema, zasto ako se zastane nema da bide postignata celta, situacijava e pokomplicirana od sto izgleda.
 
Да, но периодов во кој тој оди во посета ми е многу сомнителен. Брест им е познат на сите, а и идејата за Голема Албанија исто така. Значи, полицијата треба да провери што договарал Чејку во Брест :smir:

п.с. а и на Велија ми е чудно што дури сега му текнало на Брест :smir:

Ете , јас не помислив на тоа , но повторно , асфалт добро би дошло на тоа место , ако не за селаните , тогаш за војската и полицијата , која нема да падне на миниран пат , а сега во калта лесно е за минирање , за овие или оние главно патот нека се направи.

--- надополнето ---

ke se zamizi 100%, ova e samo uste smislena provokacija da se isprovocira reakcija na instituciite,prmnogu "slucajni" incidenti da ne recam provokacii imame vo posledno vreme za nekoj da kaze deka se izolirani slucai na luge isfrleni od sistemot i opsestvoto, huligani i slicni sranja, vo celiot slucaj ne e problem sto e dzamija, ima dzamii kolku sakas vo Makedonija tuku sve e maslo na odredeni strukturi da se dojde do destabilizacija na zemjata.Ne e bitno dali se gradi dzamija i drugo bitno e da ne se pocituva zakonot, ovie provokacii ke prodolzat uste dolgo bez razlika sto instituciite ke begaaat od incidenti, prasanjeto e do koga ? dali ima kraj, jas mislam nema, zasto ako se zastane nema da bide postignata celta, situacijava e pokomplicirana od sto izgleda.

Градоначалникот вели дека испочитани се сите процедури за изградба на џамијата , исто така Муфтиството вели дека ги поседуваат дозволите , муслиманите велат дека имаат потреба од џамија , а вие зборувате за дивоградба и дестабилизација.

Значи одма ви иде умот кај дестабилизацијата , кога некој за верски потреби ќе изгради џамија , зарем и тоа ќе им го забраните. Дај олабавете малце со тој менталитет да ги ограничувате луѓето во нивните верски и национални права.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom