Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
тоа што не успеа со терор и окупации Бугарија пробува да го наметне се договор.
Заеднички прослави на најсветите Македонски празници, бугарски војски да маршираат по македонската земја, да парадираат за секоја баналност, Македонија да ги подржува владините и невладините канзурови и каракачанови организации..За возврат Македонија и само Македонија да не смее да реагира, писне или спротистави на Бугарите. бидејки секоја реакција ке се смета за чин на говор на омраза...
Договор налик Грчкиот, секое непочитување може да повлече блокирање на патот кон евроатланските институции овојпат од страна на Бугарија
Интересно е што договорот се чува во тајност од страна на нашата влада.
Непристоен предлог од Софија
Проблематични се најмалку шест члена од договорот за добрососедство предложен од Бугарија до кој ексклузивно дојде „Дневник“
Бугарија се поставува во позиција на „поголем брат“ во договорот за пријателство и добрососедство што официјална Софија и' го понудила на Република Македонија. Познавачи на односите помеѓу двете земји вака ја коментираат англиската верзија на предложениот документ до која ексклузивно дојде „Дневник“. Немаме информација дали постојат и верзии и на „официјалните јазици“ на двете држави на кои треба да се потпише договорот. Нацрт-документот ја истакнува важноста на Заедничката декларација потпишана во 1999 година како база за понатамошен развој на добрососедските односи заради продлабочување и збогатување на законската рамка за заедничката соработка на полето на културата.
- Во предложениот договор има премногу спорни точки за да може да се зборува за градење односи на добри соседи, а згора на тоа се потврдува и тезата за „еден народ во две држави“ - вели експерт, кој инсистираше на анонимност, зашто текстот на предложениот договор се чува во тајност.
Позицијата на супремација во однос на Македонија се гледа уште во преамбулата на документот, каде што на две места се истакнува дека билатералните односи ќе се градат врз основа на фактот што Бугарија е членка на ЕУ и на НАТО, а Македонија е земја со стратегиска цел за членство во тие организации.
Договорот содржи 21 член, од кои најмалку шест од експерти се означуваат како проблематични или асиметрични. На пример, членот 6 вели дека „договорните страни меѓусебно ќе соработуваат и ќе се поддржуваат во меѓународни организации каде што тие се членки“. Членовите 10, 12 и 13 задираат најдлабоко во меѓусебните односи, онака како што е тоа замислено во Софија. Ако Бугарија упорно одбегнува да имаме заеднички интереси во меѓународни организации во кои една од двете земји не е членка (ЕУ, НАТО...), сепак на полето на културата гледа многу „заедничко“. „Засегнатите страни ќе треба да ја прошират соработката на полето на културата, нивната заедничка култура и културно наследство... заснована на релевантни билатерални договори и програми“, предвидува членот 10. Додека во член 12 се бара „заштита на заедничкото културно и историско наследство“ и „организирање заеднички прослави на историски настани што ги споделуваат двете земји“. А, во членот 13 се предвидува „Република Македонија (врз основа на меѓународни конвенции) да поддржува акции на владините претставници на Република Бугарија и на бугарски невладини организации и здруженија во обновата и одржувањето на бугарските воени споменици и гробишта на територијата на Република Македонија“. Овие членови не се проследени со реципрочни обврски за Бугарија да поддржува македонски владини и невладини организации во обновата и одржување гробови на македонски дејци во Бугарија, како и непречено чествување празници и годишнини.
Следствено на Декларацијата и во предложениот договор Софија истакнува дека двете страни треба да преземат ефикасни мерки за превенција и недозволување употреба на говор на омраза или непримерна пропаганда, која ќе биде закана за добрососедските односи. Но, членот 17 веќе појаснува кои се „страните“ што треба да се воздржуваат:
„...Република Македонија треба стриктно да ги почитува принципите на добрососедски односи и оттука да ги повтори обврските дека нема ништо во нејзиниот Устав што би можело да се толкува како основа за мешање во внатрешните прашања на Бугарија со намера заштита на статусот и правата на лицата што не се граѓани на Република Македонија.“
Предложениот договор на македонската страна и' бил врачен во декември 2008 година и тоа лично од премиерот на Бугарија Сергеј Станишев. Речиси две години овој документ Скопје го чуваше во тајност, додека не го обелоденија бугарските медиуми. На прашањето кога ние ќе одговориме на предложениот договор, во македонското МНР велат:
- Нацрт-текстот на предлогот се анализира и се разгледува, но не би одредувале рокови за нашиот одговор, бидејќи важно ни е тој да биде издржан и квалитетен.
Од бугарското МНР уште минатата недела за „Дневник“ соопштија дека нацрт-договорот го сметаат за основа за преговори со македонската страна