Македонија - Грција (ватерполо) 7 : 6

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Директен пренос на сител 3:wink:

се надевам на победа, не се нешто посебно грците, али менталитетот на "нашите" знаеме каков е
 
Мечов се игра во вторник.
Како што слушам монтирале и посебна трибина поради големиот интерес!

Македонските ватерполисти најавуваат победа над Грција



Нашите најдобри ватерполисти се во екот на сезоната од Светската лига. Селекцијата на Грција која ни го нанесе петтиот пораз по ред во групата „Е“ одличен противник за лечење на раните, за брз реванш и прво славје во оваа конкуренција.
Воскреснатото македонско ватерполо досега веројатно имаше и потешки предизвици, сепак политичкиот елемент кој го обвива претстојното соочување придонесе во него да се гледа повеќе од натпревар.
Селекторот и репрезентативците за среќа се на сосема друга бранова должина. Ова за нив е само уште еден дуел.
„И досега настапите во Светската лига беа еден вид подготовки за Евро-квалификациите во мај. Сепак, доаѓа Грција и ние ќе се потрудиме да дадеме се од себе, да го одиграме досега најдобриот меч и да ја оствариме првата победа во натпреварувањето“, изјави Стеван Нонковиќ селекторот на македонската ватерполо репрезентација.
Големите очекувања би можеле да бидат дополнителен товар за ватерполистите кои и досега беа прозивани за својата „Македонштина“. Затоа пак триумф би разрешил голем дел од тие дилеми еднаш засекогаш.
„Имаме голема желба да играме пред полни трибини и во фер атмосфера да ја победиме Грција. Нема да биде лесно, но знаеме дека македонскиот народ би дал се утревечер да триумфираме и се надевам тоа ќе ни биде дополнителен мотив“, вели Далибор Перчиниќ.
Вашиот придонес со фер навивање ќе можете да го дадете утревечер од 19 часот во Олимпискиот базен.
 
300денари карта, гратиси не давале, али се очекува полни трибини и огромен број на обезбедување, да не ги удавиме грчиштата :pos2:
 
300денари карта, гратиси не давале, али се очекува полни трибини и огромен број на обезбедување, да не ги удавиме грчиштата :pos2:
:pos:Нека голтнат малку вода, ништо не му е.
 
Македонија против Грција во Светската ватерполо лига


Се зголемува ватерполо еуфоријата во нашиот главен град. Гостува репрезентацијата на Грција со која ќе го одиграме петтиот натпревар во рамките на Светската лига.

По четирите порази ова е одлична можност да ја забележиме првата победа пред се поради значително засилениот состав но и поради задоволувањето на апетитите на домашната публиката.

Првиот меч во Атина го загубивме со 8:6 во релативно рамноправен меч но оптимизмот кој владее во нашата репрезентација ни дава за право да се надеваме на победа над нашиот јужен сосед.

Натпреварот ќе се одигра во Олимпискиот базен во Скопје со почеток од 19 часот затоа што овој базен ги задоволува безбедносните стандардите за разлика од оној во Карпош бидејќи од страна на ФИНА овој натпревар е прогласен за меч со висок ризик.
 
Koлку собира публика базенот, и дали ќе ја има на ТВ?:salut:
 
Боби[Мкд];3400130 напиша:
Koлку собира публика базенот, и дали ќе ја има на ТВ?:salut:

Сител 3 пренос, на првиот пост од оваа страна ти пишува. Разбрав нешто дека ќе имало и монтажна трибина на базенот, не знам точно колку собира.
 
Shit не фаќам сител 3, ќе треба на зулу да се гледа.:toe:
 
Боби[Мкд];3400130 напиша:
Koлку собира публика базенот, и дали ќе ја има на ТВ?:salut:

1800души :wink:...барем како што прочитав во весник, а и се спрема монтажна трибина, изглеа со се таа ќе собира 1800
 
од 19 часот е преносот на Сител 3? :smir:
 
Од 19ч..а можи и пред 19ч да биди, да се осети атмосферата, али битно ќе има пренос на Сител3 :wink:
Фала брат :smir: Идеме вечерва на победа а не е лошо и некој грк да удавиме у базенот :vozbud: Ќе има пеколна атмосфера осеќам:oeoeoe:
 
Националтролистички офтопик: Закон, имаме еден не„иќ“. Рачуница или така нешто. Закон. Сигурно има повеќе Македонци во грчкиот тим.
 
:pos2::pos2::pos2:
Да ти позлатат рацете Далиборе:pos2::pos2:

Само да продолжиме вака понатаму и наши се гејциве:vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom