E-bankinng, искуства?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
Дали имал некој искуство со E-banking, мислам на плаќање сметки преку интернет, во некоја од нашиве банки.

Јас денес се приклучив на И бенкинг од Стопанска банка, па по некој месец ќе споделам искуства. Стварно не ми се чека ред со пензионерите на шалтер :S


Вие користите?
 
НЛБ ТУТУНСКА - Извонредно работи, брзо ефикасно, лесно..
 
tutunska ne go koristam deka za ebanoto cede baraat skoro 1000ce, stopanska si e profi valda do sea i znaesh!!!
 
Koe CD na Tutunska? Mene niti CD nity nisto.. samo token mi dadoa...
 
НЛБ ТУТУНСКА - Извонредно работи, брзо ефикасно, лесно..

и јас користам од тутунска... токен и цд со инсталација, па цедето не работеше, ми дадоа линк од нивниот сајт, си го симнав софтверот и сега си е топ... брзо работи, прецизно е, а и имаат техничка поддшка 24 часа мислам... поправете ме ако грешам... се на се добро е...
 
Живеам во Канада подолго време, и ниту еднаш не сум отишол во банка да платам сметки. Интернетов функционира многу добро по тоа прашање. Интересни се некои наши што се редат (и тука) со сметките и кешот во раце секоја втора сабота, кои мислат дека „не е безбедно“ да се плаќа онлајн. Не им текнува дека тоа девојче што ќе ги услужи ја користи истата јавна мрежа, и се изложени на истиот ризик.

Пошто во МК овие услуги се релативно нови, битно е да се информирате за условите за користење на онлајн плаќањето. Што ако некој ја злоупотреби вашата сметка, дали е банката (и вие) покриена? Треба да составите колку што може повеќе прашања „што ако“, и да се уверите дека не сте изложени на ризик.
Јас имав мастер од комерцијална на времето, и некој (од Италија) на двапати ме репна по сто евра (гледал порно копиљот, да му се исуши таквото). Комерцијална бараше да пополнам изјава и веднаш ми ги врати парите.
 
Јас во Германија прв пат кога пробав преку интернет да плаќам, се направив како што треба, цело време ги покажува парите како пратени, а на другата страна никогаш не стигнаа... 3 месеца се мотав од една у друга банка, од мојата викаат дека од нивна страна се е средено и парите се пратени, од другата (од на сестра ми) викаат немаат никакви пари пратени ни ништо, и од тогаш веќе не сум се осмелил да пратам пари преку интернет туку само преку банкомат...
 
во Германија може да му дадеш пари на банкоматот? :tapp:

Не можеш да му дадеш ама има посебен автомат од кој може да префрлиш пари на било која сметка :back:
 
во Германија може да му дадеш пари на банкоматот? :tapp:
Зборев за префрлање пари преку автоматот (од моето конто). Али у секој случај и да, можеш да ствараш пари во автомат и одма ти се легнати на контото... Барем мојата банка ја има оваа услуга, другите ретко, у принцип само на шалтер можеш да ставиш пари (со тоа што ќе чекаш неколку дена додека да ти легнат на сметката, а вака преку автомат одма ти се веќе на сметка што е многу закон... Ни чекање ни ништо) :) На почетокот имав страв дали точно ќе ми ги преброи парите (пошто може да ставиш да речеме 500 евра и после откако ќе ги преброи ако ти каже дека си ставил 50, нема како да ги земеш назад и нема како да докажеш дека автоматот напраил грешка, али у секој случај нема ризик и не се случуваат вакви проблеми ;) )
 
во Германија може да му дадеш пари на банкоматот? :tapp:

Можеби требаше денес да го сликам автоматот на кој му дадов пари :)
Во Германија банките работат само по 3 часа на ден, во одредени денови од 09:00 до 12:00 или во другите денови од 14:00 до 17:00, што правиме ако си на работа?
Едноставно одиш во поголема филијала, ја ставаш картичката во банкоматот и веќе се знае дека парите што ќе ги ставиш во автоматот одат на твоја сметка, ги ставаш парите во автоматот, тој ги проверува дали се лажни или не се па те прашува дали сакаш да внесеш уште или да потврдиш на внесениот износ.
Еве најдов слика на интернет како изгледа тоа:

kassenautomat.jpg


Преку својата сметка од дома можеш да платиш што сакаш и во секое време да си ја провериш состојбата на контото преку еден уред кој кај Sparkasse се вика TAN генератор а изгледа вака:

leser_opener.jpg

Во Македонија ќе почекаме уште многу додека да ги видиме и употребиме тие работи?
 
Можеби требаше денес да го сликам автоматот на кој му дадов пари :)
Во Германија банките работат само по 3 часа на ден, во одредени денови од 09:00 до 12:00 или во другите денови од 14:00 до 17:00, што правиме ако си на работа?
Едноставно одиш во поголема филијала, ја ставаш картичката во банкоматот и веќе се знае дека парите што ќе ги ставиш во автоматот одат на твоја сметка, ги ставаш парите во автоматот, тој ги проверува дали се лажни или не се па те прашува дали сакаш да внесеш уште или да потврдиш на внесениот износ.
Еве најдов слика на интернет како изгледа тоа:

kassenautomat.jpg


Преку својата сметка од дома можеш да платиш што сакаш и во секое време да си ја провериш состојбата на контото преку еден уред кој кај Sparkasse се вика TAN генератор а изгледа вака:

leser_opener.jpg

Во Македонија ќе почекаме уште многу додека да ги видиме и употребиме тие работи?

Некои банкомати во МК го имаат слотот за депозит на пари, ама не го нудат како услуга. Инаку, уште во 98 кога отидов во УСА прват, можеше да си направиш депозит преку банкомат.

Во однос на уредот, кај нас банките исто така ги нудат, но не се така софистицирани како тој на сликат и ги викаат токени. Слилен како тој на сликата имам од NATWEST од Англија, ама функцијата им е иста - куцаш пин и генерира лозинка за потпис.
 
доста фино. кај нас за едно 200 години може ќе имаат среќата да ѓи користат внуците :smir:
 
се согласувам... македонија можда касни со развој и економија, ама по техниката и тие прашања ги следиме во чекор сите збиднувања... во бугарија и србија не знаеа што се банкомати кога кај нас ги имаше... истото и со ова, не верувам дека МК е далеку од ова прашање... може да биде и за2 или за помалку години... од тоа зависи само дали на некоја банка ќе и се допадне да го воведе или не... типувам на тутунска или комерцијална банка... можно е и стопанска банка.. тие 3 банки се водечки кај нас и они први воведуваат технологија и техника...

еве јас (мислам дека претходно се изјаснив, ме мрзи да читам) користам и-бенкинг на тутунска со токен- електронски потпис... они први го воведоа тоа... задоволен сум од начинот на функционирањето, а плус користењето на е-банкингот е поевтио одколку на шалтер да идеш и тоа со цени од по 30 денари рњзлика за секој платен-реализиран вирман. значи на шалтер е поскапо, не рачунајки и времето изгубено чекајки во ред-колона, како и бензинот да отидеш до МАТИЧНАТА експозитура да подигаш извештаи и изводи... вака се имам на нет... се што ми треба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom