Се сруши браната на реката Црни Дрим во Струга - Непотврдено

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Најновите информации што ги добив е дека се сруши браната од реката Црни Дрим. Реката се излеа од коритото

Господ да ни е на помош ако е вистина
 
Најновите информации што ги добив е дека се сруши браната од реката Црни Дрим. Реката се излеа од коритото

Господ да ни е на помош ако е вистина
Како бре од Струга си а уште немаш информации. Е овоа да се десело во Велес досега цел град ќе беше известен :jaj:
 
Како бре од Струга си а уште немаш информации. Е овоа да се десело во Велес досега цел град ќе беше известен :jaj:
2 е сатот хехе, надвор има снег до колена иначе ќе појдев да видам што се дешава.

Слушнав пред 2 сати дека се нишала целата а сега дека се срушила. Снимале од некоја телевизија...ќе видиме утре
 
Колку е стара таа брана?
 
2 е сатот хехе, надвор има снег до колена иначе ќе појдев да видам што се дешава.

Слушнав пред 2 сати дека се нишала целата а сега дека се срушила. Снимале од некоја телевизија...ќе видиме утре

Се нишаше таа уште пред 6 месеци, и не ми е ич чудно

И да не се срушила сега, има време... во наредните неколку денови кога ке се стопи снегот...
 
Е уште ова фали...
Не дај Боже да е вистина.
 
ГНИЛА Е ДРВЕНАТА БРАНА НА ДРИМ
Опасност од поплави во Струга

Голема е опасноста да биде поплавено централното градско подрачје на Струга, зашто браната на реката Црн Дрим е стара, скапана и гнила.
- Скапани се преградите, потпорните столбови и постои опасност поради зголемениот притисок на езерската вода таа да се распадне.Тогаш во коритото на Дрим неконтролирано би влегле големи количини вода која би се разлеала низ градот. За ова ја информирав Владата, претставниците на ЕЛЕМ и на ХЕЦ Глобочица - предупреди градоначалникот Рамиз Мерко.
Според струшкиот градоначалник, единствен спас е изградба на нова брана, за што Општината има издадено одобрение, но засега ништо не е преземено.
Според последните податоци, од оваа брана во Црн Дрим влегуваат по околу 50 кубни метри вода во секунда.

Го најдов на оваа страна http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1112_23022010/028_vesti_k.html .
 
Дрвена брана стара 40 г. ја брани Струга од поплави.Аман бе.:tapp:
 
Тешко селата накај Луково
 
За среќа не (изгледа дезинформација), ама целата комплет е отворена пошто неможе да го издржи притосокот.
Дримот е излеан од коритото, но во градот има дупло корито. Струшко поле е целото поплавено а најверојатно и селата, сега се враќам од таму
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom