Албанците дискриминирани ја напуштаат Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
04kosovo.600.jpg


Првиот ваков текст излезе во Албанската Арена под наслов - зошто Албанците ја напуштаат Македонија

следеше Дневник (... Бројот на македонските граѓани што бараат азил во Белгија вртоглаво е зголемен ...) и ред други медиуми изминатава недела...

за на крај Белгискиот министер за имиграција да најави посета на Македонија и предлог за укинување на визната либерализација за земјава...

Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки...:vozbud:


Господине Биљали, кои се причините? Зошто особено кај албанската популација е поприсутна таа традиција на работа во некоја од европските земји? Зошто граѓаните максимално ја користат визната либерализација за да си заминат од Македонија?

„Добро, самиот чин на заминување на граѓаните, не е нешто ново и невообичаено. По примерот на сите источно европски држави, Бугарија, Романија и други, граѓаните масовно заминуваат со повеќе цели. Кај нас е нешто посебно, мислам дека огромен број на граѓани заминуваат таму за да си ги видат нивните роднини во кои услови живееле, немале никаква претпоставка за тоа како тие реално живееле, во какви услови, како изгледа тоа, повеќе е во прашање радозналост.

-Еден по мал процент на луѓе кои се надеваат дека нешто може да се најде на црно и така натаму и мислам дека сега ова тука што наликува на егзил е резултат на една веројатно, манипулација со судбината, со социјалната состојба на луѓето, одредени категории, туристички агенции, луѓе поврзани со нив, значи профитираат од несреќата на луѓето, така ги измамуваат.

Дали причините ги гледате во општата лоша политичка и економска состојба? Бавната интеграција кон ЕУ и НАТО и дали Албанците се дотолку дискриминирани како што слушнавме, па поради тоа сакаат да ја напуштат земјава?

-Тука имаме две работи. Првата работа што Македонија практично стана држава на неизвесност. Веќе подолго време луѓето се соочуваат со реална неизвесност на нивната иднина и судбина. Така што, огромен процент на луѓе бараат спас во западните држави.

иако за ваквиот тренд се збореше и прогнозираше никој не очекуваше ваква нагла миграција на нашите сограгани Албанци. што ли ке правиме сами ако сите ни отидат?
 
Еве јас, имав на ум да заминам, ама не одам, за инает на авторот на темата, а ќе се женам и ќе напраат 5 деца. Четворица ќе ги пуштам да одат на запад, да крадат, криминал итн, да соберат пари, да се вратат, да вложат тука, парите, и да вработат Македонци, за на крај да ги држат за нос и да ги тегнат кај шо сакаат и како сакаат.

ОК?
 
СРЌЕН ПАТ ЗАМИНЕТЕ ШО ПОБРЗО СО СРЕЌА СО БАРАЊЕТО ЗА АЗИЛ
ПОСАКУВАМ СИТЕ БАРАЊА ДА БИДАТ ОДОБРЕНИ:music5:
 
„Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки...“

Ова белгискиот министер ја замајува сопствената јавност или ги деморализира азилантите?
 
„Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки...“

Дискриминација 1991. Дискриминација 2001, Дискриминација 2010, Дискриминација....

Имаат ли друг збор овие во речникот? Дали еднаш ќе се свртиме на економската страна на проблемот?
 
Еве јас, имав на ум да заминам, ама не одам, за инает на авторот на темата, а ќе се женам и ќе напраат 5 деца. Четворица ќе ги пуштам да одат на запад, да крадат, криминал итн, да соберат пари, да се вратат, да вложат тука, парите, и да вработат Македонци, за на крај да ги држат за нос и да ги тегнат кај шо сакаат и како сакаат.

ОК?

Ај не лажи, него признај си дека ова од Бруксел ни го пишуеш.
Ти глеам по АјПи адресата. белгијска е.
 
Дискриминација 1991. Дискриминација 2001, Дискриминација 2010, Дискриминација....

Имаат ли друг збор овие во речникот? Дали еднаш ќе се свртиме на економската страна на проблемот?

Ова со дискриминацијава најлесно се продава. Ако тие мислеа дека влегувањето во ЕУ е само виртуелно и на „папир“, треба да знаат дека овде кај нас влегувањето во ЕУ се подразбира ваквото, физичко и реално влегување. А на белгијнциве ако не им чини, тие можат слободно да излезат од ЕУ и да дојдат пак кај нас.
 
Јас барам азил во Јамајка бидејќи во последно време почнав и јас да се чуствувам како малцинство.
 
Дискриминација 1991. Дискриминација 2001, Дискриминација 2010, Дискриминација....

Имаат ли друг збор овие во речникот? Дали еднаш ќе се свртиме на економската страна на проблемот?

Искрено, ќе скокнам до Брисел, имам прв брачед, ме викна, да скокнам, до кај него, да поработам, да видам некако да се афирмирам, некој факултет, школо, али никад за азил.
Азил даваат во Франција, цела населба Баир, од Битола се "пресели" буквално таму. Во населба Баир живеат Роми, и им даваат во Франција азил.
Ах шо ни напрај Рамковниот, да не може чоек азил да земе. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom