Расцепен патот Битола-Ресен

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Свлечиште однесе две коловозни ленти кај Ѓавато. Свлечиште долго седумдесет метри и широко шеесет метри е причина поради која е оштетен и опасен за сообраќај, магистралниот пат Битола-Ресен, на еден километар после планинскиот превој Ѓавато.


Денеска, поради свлечиштето кое се уште е активно, две коловозни ленти пропаднаа до еден метар длабочина и се појави огромна пукнатина, крајно опасна за учесниците на сообраќајот на третата лента по која се движат возилата.
Поради тоа, министерот Јанакиевски го донесе својот тим на местото на настанот за да се утврдат штетите.
„Ова е класична појава на свлечиште што се случува после интензивни врнежи, топење на снег, заситување на подлогата со прекумерна влага“, рече денеска Д-р Милорад Јовановски, професор на Градежниот факултет од Скопје.
Заради фреквентноста на магистралниот пат и нарушената безбедност, ќе се преземат повеќе зафати.
„Од денес започнува реконструкција на стариот пат меѓу Битола и Ресен, за да има алтернативен коловоз за тешките товарни возила, пред се. „Македонија пат“ во текот на утрешниот ден ќе започне мала санација, значи, времена санација на овој патен правец, а паралелно, Агенцијата за патишта ќе започне проект за поголеми зафати каде што треба да се направат, заради трајна санација на ова свлечиште“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
Трајна санација, со потпорни ѕидови и други оперативни зафати, се планира во летниот период од јуни до септември, во време на најголема сообраќајна фреквенција поради туристичката сезона во Преспа и Охрид.

Извор
 
Да тибам то цела година слушам овај народо крај на свето во 2012, и од толку значи кобење ко шо гледам и ќе дојди цел свет земјотреси,војни,поплави па уште еден метеор фали, па сега и пато почна да пропаѓа..

Изгледа нема да му се оствари на ѓуптино желбата...............Го прашале накој ѓуптин:
-Што ќе направиш ако дојди крај на свето?
Ѓ: - Пакувам куферите,бегам Германија

Ама ништо падна пато, и кај го спонав пато, на сета мака еве една легенда:

 
Се ближи како не, патишта се расцепуваат, езера се изливаат...катаклизма бе...
......шмизли и скулптури се поставуваат....катастрофа бе...:helou:
 
......шмизли и скулптури се поставуваат....катастрофа бе...:helou:

А пази каква коинциденција, во 2012 треба да има парламентарни избори...катаклизма од невидени размери...
 
Абе која 2012, за се се криви вмро-вците на чело со Грујо. Заради нив ни се рушат патиштата
 
Ова не е од друго,од крадење ќе да е! Ако требало асфалт да легни 20cm,легнало десет,другите десет вџеб! Лаааап! :smir:
 
Ова не е од друго,од крадење ќе да е! Ако требало асфалт да легни 20cm,легнало десет,другите десет вџеб! Лаааап! :smir:


неписмен.......до асфалтот е а,прашај некој постручен ке ти каже ама дали ке сванеш:tapp:
 
А пази каква коинциденција, во 2012 треба да има парламентарни избори...катаклизма од невидени размери...
Мислиш дека Бране ќе дојде на власт во 2012-та?? неее, не верујем. Море ништо чудно, сваша се предвидува во 2012.:raz:
 
Кој беше бе на власт ко се градел тој патот?


кога ќе лизга земјиштето не прашува ни колку е дебел асфалтот нити кој бил на власт
едноставно не зависи ни од едното ни од другото ;)

неписмен.......до асфалтот е а,прашај некој постручен ке ти каже ама дали ке сванеш:tapp:

џабе ќе објаснуваш, пак нема да сфатат или не сакаат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom