
Не знам колку сте запознаени со евентот „Велофест“, затоа на кратко да кажам прво за што се работи. Според името може да се види дека се работи за фестивал за велосипеди кој ќе се одржува низ повеќе градови во република Македонија. Во програмата се вклучува:
-Градска велосипедска тура
-Повик за најстар велосипед во Македонија
-Конкурс за најубавиот градски велосипед во Македонија
-Повик за Македонска велосипедска фотографија
-Конкурс за Македонски велосипедски филм
-Инсталации на велосипедска уметност и дизајни
-Велосипедски филмови
-Градскиот велосипедизам во странство - Фото изложба
-Историја на Македонскиот градски велосипедизам - фото изложба
-Промоција на локални велосипедски клубови
-Музика за возење на велосипед
Тоа би било на кратко околу фестивалот и програмата, за повеќе можете да видите на www.velofest.mk
Темата ја поставувам тука токму поради болдираниот дел, односно Повикот за Македонска велосипедска фотографија. Се повикуваат сите фотографи аматери или професионални да пратат своја фотографија или фотографии (бројот на фотографии за праќање е неограничен) на тема „Градски велосипедизам“. Правилата се следните:
- фотографирани во Македонија. - без или со минимална обработка.
- снимени после 1999.
Фотографиите треба да се пратат во дигитална форма - JPEG, EXIF 2.1 формат и да се со минимум 2Mp резолуција, а најмногу 10Mb големина.
Сите фотографии ќе бидат изложени во виртуелната галерија на фестивалот, додека избор од најдобрите ќе бидат изложени за време на фестивалот во сите градови каде тој ќе гостува.
И секако учеството на повикот е безплатен.
Повеќе информации конкретно за „Повик за Македонска велосипедска фотографија“ и формулар за пријавување може да најдете на http://www.velofest.mk/foto.php
Доколку модераторите мислат дека темата е не соодветна или дека местото не и е овде се извинувам и нека го сторат тоа што сметаат они дека е правилно.