Гледам некои коментари за високи модерни згради во Скопје. Да во ред но тие локации обично не се на главниот плоштад. Еве за пример таква локација е карши Холидеј ин тоа е голем простор што чека во иднина да стане урбанизиран простор се надевам со високи згради.
----
Инаку за сегашниот проект сметам дека до сега ништо не се градеше во Скопје или истите проекти беа од минимални размери и со тоа Скопје со овие градби ќе добие дух, препознатлив дел и со градбите кои биле и пред земјотресот.
Ионака денес имаме би рекол комунистички објекти како МНТ и ГТЦ што се во сред град па очигледно никој нема забелешка за истите грди решенија.
Според тоа поддршка за проектот со минимални несогласувања од моја страна во делот за црквата но сепак не би коментирал за тоа.
Од високи, до модерни има голема разлика. Значи, не целата современа архитектура се ослонува на градење облакодери. Може се најприметливи за око кај народот, но далеку од тоа дека ја дефинираат современата архитектура.
Башка, имам кажано, Скопје не е подрачје за високи згради и облакодери. Опасно е, историјата го докажала тоа - не бил само еден земјотрес на ова тло.
И, високите згради менуваат микроклима на просторот. Во Скопје, во последните 20 години ионака е драстично изменета микроклимата, опасно е да се присилува тоа уште повеќе.
----
Реков, нема да коментирам и да разубедувам за тоа дали на некого му се допаѓа проектот или не - секој има вкус, овде сме да го искажеме. Но морам, затоа што навистина го сметам како навреда, лично кон мојата професија, да се осврнам на „комунистичките“ МНТ и ГТЦ.
МНТ е единствен објект во Скопје кој го претставува еден од најавантгардните стилови во архитектурата на 20 век - експресионизмот. Изучуван и земан како пример е, не само од македонските, туку и од сите европски архитекти. Неговата форма, која мнозината милувате да ја наречете „истурен бетон“ (навредувачки, само заради периодот во кој е граден) комплетно ги изразува принципите на стилот кој го претставува. Единствено жално за тој објект е неквалитетната изработка, и тоа што проектот не е довршен.
(И експресионизмот е стил, исто како барокот. Ако ви се допаѓа да го има едното, зошто плукате по другото?)
ГТЦ... сум пишувал и во други теми за него. Самиот чин на негово осмислување, а понатаму и развивање на проектот како креација, крие длабока симболика и на мајсторски модерен начин, во него е пресликан концептот на старата чаршија - растерот на улици и модулите на дуќани. Воедно, не се заборавило продлабочено да се анализирает неговата ефикасност, функционалност и технички карактеристики. Повторно, дело кое било за пример во периодот кога е градено. Тој објект, самиот по себе „и симиња капа“ на
автентичната македонска архитектура која се наоѓа во чаршијата, и оддава почит, паралелно неа, и на времето во кое е граден. Никогаш повеќе, во Скопје нема да биде изграден објект, повеќе осмислен и подлабоко анализиран.
Заклучок: „грдите решенија“ ни ги ценат сите европски архитекти. И кога ги посетуваат, ги гледаат со почит. Но, ете, тој пусти комунизам шо ни напраи, толку да сме затворени од што го мразиме, па ни уметноста да не можеме да ја испочитуваме.