МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
cestitki za naporot,iako mislam deka ke dadat po edna sezona od ovie serii i reality-ja i od esen pak ke pocnat da kukaat kako nemaat finansii
 
На спортски план и нема да се така лоши оваа година.Ги изгубија преносите од ЛШ,се обидуваат колку-толку да исполнат со фудбал од француското првенство,кое патем речено е на многу повисоко ниво од претходните сезони.Тука се и преносите од дерби натпреварите од португалското првенство,а и куп натпреварите од Италија и англискиот карлинг куп.Сепак шлагот е за некој месец,кога ќе го гледаме СП на Мтв.
Не е најсовршено,ама е на доста задоволително ниво.
За другите програмски содржини,не се согласувам со тоа што ќе ги емитуваат реалните шоуа спомнати погоре,а на кој не им е местото на еден јавен медиум,каков што е и МТВ.За дел од серијалите имам читано позитивни мислења и рецензии,па дел веројатно и ќе ги следам.
 
Mу текна.Арно се свестија дека неможе да емитуваат цело време документарци од 63-та.Ако се покажат уште малце ќе ги заслужат парите за радиодифузна такса.
 
и сега колку ќе ни ја зголемаат таксата?
 
Сепак шлагот е за некој месец,кога ќе го гледаме СП на Мтв.

ОМФГ, НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
ЗоЖто?!

Во земјава има неколку телевизии кои можат подобро да го изреализираат сето тоа. Алсат-М веќе успешно го направи тоа. И беше за класа подобра од МТВ.
Плус тоа ми текнува колку хејт имаше кон радијата кои правеа паралелни преноси на првенството.


И кога веќе се фрлиле на амерички риалити шоуа, сакам да го вратат Џери Спрингер!
 
Аии види ти оваа работа.. да видиш да не веруваш... МТВ одсекогаш ми била најтапа телевизија!!! не е вложено еден денар у нив бе... жива мизерија.. секоја национална телевизија од соседниве земји им е број еден по програма а нашава е број еден од позади... студијата како шо кажа некој погоре од лоши полоши... тоа вестите.. ДНЕВНИК.. катастрофа... и фалат многу филмови.. понови да речам ајде. а не ми даваат филмови од 80тите некаде и она преводон кога ке го видам некад со најчуден фонт на цел свет башка у позадината на фонтот има некоја бледа сива боја :nesvest:.. Искрено се надевам дека ке бидат подобри... Времето ке покаже...
 
Конечно време е Македонска телевизија да почне да прикажува нешто интересно.Гледам од пред некој ден МРТ каналот е сменето логото и сега е МТВ3 дали ке почната да прикажуваат програма како порано што беше канал 3 кој прикажуваше добра програма барем во тој период или повторно ке биде собраниски канал?
 
тоа со дебелите луѓе ќе го пратам обавезно! :)
 
добра е бар се потрудиле колку толку да го збогатат напатениот репертоар па ќе видиме како ќе им оди...
 
Имаа една презентација пред неколку дена (на онаа утринската емисија што им е) оние двајцата што се задолжени на МТВ повторно да им го вратат сјајот. Кажаа дека реалните шоуа и сериите ги купувале директно од производителот, а не преку посредник во Македонија бидејќи така било поефтино. :)

Иначе тоа што пријатно ме изненади е дека ќе лансирале HD канал, бидејќи сите овие реални шоуа и серии ги купиле и во таква резолуција. Сакале да бидат спремни за Светското првенство во фудбал да го емитуваат во HD (ај да го видеме и тоа чудо).

Развиле и софтвер кој ќе помогне да се подобри графичкиот приказ на телевизијата. Се на се ако ги исполнат ветувањата МТВ полека ќе почне да заличува на телевизија. :toe:
 
уште навика да ни се врати одвреме навреме да проверуваме шо има на МТВ ...
ја имам заборавено каде се наоѓа на телевизоров :toe:
 
нека вложат малце и во техника, не кајрон коа ми иде со тие едни букви бели аааа ми се гади.

И сликата нека ја подобрат не бледи бои.
 
Иначе тоа што пријатно ме изненади е дека ќе лансирале HD канал, бидејќи сите овие реални шоуа и серии ги купиле и во таква резолуција. Сакале да бидат спремни за Светското првенство во фудбал да го емитуваат во HD (ај да го видеме и тоа чудо).

Развиле и софтвер кој ќе помогне да се подобри графичкиот приказ на телевизијата. Се на се ако ги исполнат ветувањата МТВ полека ќе почне да заличува на телевизија. :toe:


Од кај ти е оваа информација дека ќе пуштеле со HD резолуција.Ако е така тоа ќе биде супер,конечно во Македонија да гледаме со висока резолуција.А за МТВ се надевам во иднина ќе бидат подобри бидејќи време беше и тие да се средат не за џабе да плаќаме претплата а ич да не ја гледаме МТВ.
 
Имаа една презентација пред неколку дена (на онаа утринската емисија што им е) оние двајцата што се задолжени на МТВ повторно да им го вратат сјајот. Кажаа дека реалните шоуа и сериите ги купувале директно од производителот, а не преку посредник во Македонија бидејќи така било поефтино. :)

Иначе тоа што пријатно ме изненади е дека ќе лансирале HD канал, бидејќи сите овие реални шоуа и серии ги купиле и во таква резолуција. Сакале да бидат спремни за Светското првенство во фудбал да го емитуваат во HD (ај да го видеме и тоа чудо).

Развиле и софтвер кој ќе помогне да се подобри графичкиот приказ на телевизијата. Се на се ако ги исполнат ветувањата МТВ полека ќе почне да заличува на телевизија. :toe:
Еее тоа да го направат му симнувам капа.Конечно и ние македонците да видеме што е убава слика а не да гледам на МТВ некој бледи бои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom