back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
После веста и темата што е во канта, дојде време за посериозна дискусија.
Од неодамна, Microsoft ја објавија официјалната верзија од нивната антивирусна апликација - Microsoft Security Essentials.
Концептот на користење е едноставен: бесплатна е за секој кој има Genuine копија од XP/Vista/7. Се инсталира доста брзо, има многу мал footprint и заваќа драстично помалку ресурси од стандардните антивирусни алатки.
Како главни атрибути кои би требало да го пробијат овој производ на сајбер просторот се секако - начинот на лисенцирање, тивката позадинска работа, одличната инкорпорација со Windows и постојаните надградби.
Да се земе овој софтвер како сериозен систем за потпора на сигурноста, не е препорачано барем засега. Главен проблем е што нема додатен Firewall или други напредни безбедности механизми. Сепак, за класичните домашни корисници или малите канцеларии овој продукт е доста ветувачки.
За ваше задоволство, Microsoft Security Essentials, review1, review2.
Од моја страна, го проверувам софтверот во моментов на две машини, една со Vista а друга со XP Home. Препорачувам силно користење на Windows Firewall и работа со корисник со ограничени пермисии со што веројатноста за „заразување“ на компјутерот се доведува до минимум.