Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Абе ќе прочита некој шо не знае па ќе поверува ... Елкан вложувал ... испадна дури и стадион правел :tv:

да не забегвиме многу , мислам дека постарите фанови би требало да знаат како функционирал и како сеуште функционира Јувентус кога е во прашање економијата ...

Вложување е она што Абрамович го прави , значи пари лично негов од џеп даде за од Челзи да направи класа екипа ... А Елкан и остала компанија директори бележат повеќе профит од Јувентус него ли што вложуваат во него ... значи парите што Јувентус ги има за трансфери се лично од клубот (профитот) , не се ни од Елкан ни од татка му ни од дедо му ... е сега удрите една математика колку бележи Јувентус профит и колкав дел од профитот се вложува во клубот и се ќе ви биде јасно ...

згора на се кога се знае кој ги распоредува и тие лимитирани финансиски средства за трансфери и кој доведува играчи , резултатот ни е и повеќе од јасен т.е. го гледаме сезонава
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.753
Поени од реакции
3.793
Јувентус е акционерско друштво. Елкан е доминантен сопственик, а не газда што го купил клубот.
Јуве работи како компанија и се финансира од сопствени извори. Не чека пари да му фрлат некои шеици, арапи, јапанци, руси, американци итн. Затоа и клубот ке продолжи да опстојува и нема иднината да му биде доведена во прашање ако некогаш му текне на газдата да го продава клубот нешто слично како што е случајот со Дела Вале или Хикс и Жилет.

Значи, како што кажав Јувентус работи како фирма и нормално е тие акционери да очекуваат некаков профит од таа фирма. Не постои бизнисмен на светов, што залудно би ги фрлал парите во фирма, која што подоцна од приливот што го остварила нема да се прошири и воедно да му донесе профит на газдата.

Елкан се што треба да направи е да ги донесе вистинските луге во управата и да ги остави тие да го работат најголемиот дел од работата.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Абе ќе прочита некој шо не знае па ќе поверува ... Елкан вложувал ... испадна дури и стадион правел
А кој го прави стадионот?50% од парите ги дава SportFive во замена за откупување на правата за именување за наредните 12 години50% ги дава Јувентус.

Точно е дека Јуве секогаш функционирал од сопствени средства,но сепак треба капитал и средства од нешто да се почни а тие средства сигурно не се најдени некаде закопани, некој ги вложил.

А Елкан кога требало вложил во клубот. Кога испадна Јуве во Сериа Б, Јуве имаше беше во минус 180 милиони евра во минус (минусот ќе беше многу поголем ако не се продадеа значителен дел од играчите). Тие 180 милиони кој ги даде? Тоа не ги сметаш за вложување во клубот?
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
А кој го прави стадионот?50% од парите ги дава SportFive во замена за откупување на правата за именување за наредните 12 години50% ги дава Јувентус.

Точно е дека Јуве секогаш функционирал од сопствени средства,но сепак треба капитал и средства од нешто да се почни а тие средства сигурно не се најдени некаде закопани, некој ги вложил.

А Елкан кога требало вложил во клубот. Кога испадна Јуве во Сериа Б, Јуве имаше беше во минус 180 милиони евра во минус (минусот ќе беше многу поголем ако не се продадеа значителен дел од играчите). Тие 180 милиони кој ги даде? Тоа не ги сметаш за вложување во клубот?
Па клубот од сопствени средства ги дава тие 50% значи не Елкан ...

Шо се однесува до мене подобро Јувентус да игра на на кумунале уште 20 години отколку да го гледам на нов стадион потикнат од луѓе кои го уништија Јувентус , а воедно и не вложија ни евро во стадионот ... стадионот им е едно огромно алиби за кога ќе се најдат во тесно како во моментов ...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Па клубот од сопствени средства ги дава тие 50% значи не Елкан ...
А кој му ги даде на клубот тие средства?За клубот да направи свои средства, мора некој прво да вложи во него, за клубот да створи нешто мора да почни од нешто. Елкан во 2006 вложи СВОИ 180 милиони евра да го покрие дефицитот од 180 милиони евра произведен како резултат на паѓањето на Јуве во Сериа Б.Тоа е големо вложување, а 180 милиони евра не се воопшто наивна сума.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
А кој му ги даде на клубот тие средства?За клубот да направи свои средства, мора некој прво да вложи во него, за клубот да створи нешто мора да почни од нешто. Елкан во 2006 вложи СВОИ 180 милиони евра да го покрие дефицитот од 180 милиони евра произведен како резултат на паѓањето на Јуве во Сериа Б.Тоа е големо вложување, а 180 милиони евра не се воопшто наивна сума.
Не планирам да објаснувам по 1000ти пат пошо ќе отвориме нова дискусија до сабајле , али за брзо ќе се дознае зошто Елкан го “покри“ дефицитот од 180 милиони евра ... впрочем и за него тоа беше неочекувано :tv:
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Да веруваш дека Елкан ќе го продаде клубот ти е исто како да веруваш во Дедо Мраз. Не си правете бајрам на мозокот и не се карајте за џабе. Факт е дека со сите тие компании што му се на грб, Елкан нема време да доаѓа на стадион секое коло од едноставна причина што патува често. Проблемот се наоѓа кај луѓето што се вработени и имаат директно влијание врз настаните што се случуваат во клубот (читај: луѓето што се платени од Елкан). Така да не знам зошто мислите дека Елкан директно влијае за моменталнава ситуација во Јуве.
Единствено нешто што може да направи е да ги промени тие луѓе и да стави нови - поквалитетни. Впрочем и навиваме за да се случи тоа на лето...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953

абе брат сите навиваме за тоа но сепак ке кажам дека и да се десат промени во играчки кадар нема одма да влоди со успех ке треба уште една сезона да се уиграат играчите но мислам дека треба да се земат вистинските играчи и не играчи како џеко пјанич и ред други кој некој од нашиве простори прв пат ги слушаме
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ајде ајде ќе дојдат и нашите времиња ... Догодина сто посто освојуваме титула, ќе ја симнеме Рома која годинава ќе ја земе титулата ...
п.с. Како може да ги даваат Интер - ЦСКА, а да не ги даваат Барса-Арсенал на канал5 ??? Па тие две екипи (барса и арсенал) го играат најубавиот и најатрактивниот фудбал на денешницава ... Нејќам да глеам катанаџо и педерска игра од Шинтер ...
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ајде ајде ќе дојдат и нашите времиња ... Догодина сто посто освојуваме титула, ќе ја симнеме Рома која годинава ќе ја земе титулата ...
п.с. Како може да ги даваат Интер - ЦСКА, а да не ги даваат Барса-Арсенал на канал5 ??? Па тие две екипи (барса и арсенал) го играат најубавиот и најатрактивниот фудбал на денешницава ... Нејќам да глеам катанаџо и педерска игра од Шинтер ...
епа уште еднаш, по којзнае кој пат оваа сезона од кога пренесуваат лига на шампиони, покажуваат дека не знаат да изберат која утакмица треба да се дава и за која има поголем интерес. сите утакмици на интер ќе ги гледаме па ако не:tapp: и во вторник сигурно ќе ја даваат затоа што ќе играат од 18.30...и главно оправдување им е тоа што таму играл наш фудбалер...големо чудо...ех што сакам уопште да не го стават во игра, па да се чукнат малце во тоа црпките:jaj:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Роберто Бетега бил присутен на вчерашниот натпревар Лион - Олимпик Марсеј, а на неговата листа за следење според Тутоспорт бил тренерот на Бордо, Лоран Блан, а некои медиуми пишуваат дека на листата на засилувања на Бетега се наоѓа и Чамак. Покрај тоа се најавува дека до 15 Април ќе се знае точно кој ќе биде новиот тренер на Јувентус, поради тоа што тимот треба да се подготви тимот за трансфер маркетот. ЛИНК

Пронајден е разговорот меѓу Морати,Факети и Бергамо (поранешен шеф на комисијата за одредување на судиите). Разговорот се случил на 5 Јануари 2005 година. Бергамо (и неговиот адвокат) на судењето тврдеше дека таков разговор не се случил, но разговорот е пронајден од одбраната и се очекува да биде приложен на Судот во Неапол. ЛИНК
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212

Баш да видиме што ќе се случи, но доколку навистина постојат тие разговори мора да го јаде и шинтер, а каде што има дим таму има и оган, негираа дека немало али оп испадна дека имало разговори, ај да видиме сега што ќе направи судијата, или можда ќе рече монтажа се :pos2::pos2::pos2:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Баш да видиме што ќе се случи, но доколку навистина постојат тие разговори мора да го јаде и шинтер, а каде што има дим таму има и оган, негираа дека немало али оп испадна дека имало разговори, ај да видиме сега што ќе направи судијата, или можда ќе рече монтажа се
Веројатно ова ќе биде од полза на одбраната, бидејќи пред тоа се тврдеше од Бергамо и неговиот адвокат дека воопшто не постоеле тие разговори, а потоа се докажува дека такви разговори сепак постоеле. Дури се споменува дека имало и вечера на која присуствувале тројцата(Морати, Факети и Бергамо).Простор за сомневање има поради фактот дека Бергамо и неговиот адвокат ако немаат нешто за криење, сигурно не би лажеле на Судница дека разговори не постоеле, а од друга страна се приложуваат „случајно изгубените“ разговори.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Веројатно ова ќе биде од полза на одбраната, бидејќи пред тоа се тврдеше од Бергамо и неговиот адвокат дека воопшто не постоеле тие разговори, а потоа се докажува дека такви разговори сепак постоеле. Дури се споменува дека имало и вечера на која присуствувале тројцата(Морати, Факети и Бергамо).Простор за сомневање има поради фактот дека Бергамо и неговиот адвокат ако немаат нешто за криење, сигурно не би лажеле на Судница дека разговори не постоеле, а од друга страна се приложуваат „случајно изгубените“ разговори.
Сега за сега се останува само "шпекулациja" но доколку навистина постојат овие разговори незнам на кој начин ќе се вади судијата :toe:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.753
Поени од реакции
3.793
Веројатно ова ќе биде од полза на одбраната, бидејќи пред тоа се тврдеше од Бергамо и неговиот адвокат дека воопшто не постоеле тие разговори, а потоа се докажува дека такви разговори сепак постоеле. Дури се споменува дека имало и вечера на која присуствувале тројцата(Морати, Факети и Бергамо).Простор за сомневање има поради фактот дека Бергамо и неговиот адвокат ако немаат нешто за криење, сигурно не би лажеле на Судница дека разговори не постоеле, а од друга страна се приложуваат „случајно изгубените“ разговори.

Постојат докази дека и Интер работел нечесно не само на еден туку на неколку домени од фудбалот. Ако воопшто постои суд кој што не гледа субјективно на работите односно владее правото дека законот е еднаков за сите тогаш и некои луѓе од Интер треба да седнат во таа судница и да бидат малце подетално прочешлани

Иначе еве конкретно, за кои разговори се работи :wink:

edit: ТутоЈуве пишува дека Џејмс Родригез е играч на Јувентус. Јувентус се согласил да плати 6 милиони евра. Идната сезона најверојатно ке игра како позајмен играч на Бари.
Иначе Родригез има 18 години и игра како лево крило.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom